Голем одмор на МТВ 1

На 27.02.2018 учениците од нашето училиште ООУ,,Дане Крапчев,, учествуваа во емисијата ,,Голем одмор,, на МТВ 1. Гостувањето беше по повод 40 години образовно-воспитна дејност на нашето ООУ,,Дане Крапчев,,- Скопје.

Учениците го престставија училиштето во најдобро светло. Направија една ретроспектива на училиштето од 1978 година па се до денес , а сето тоа беше документирано и со фотографии. Ги истакнаа освоените награди и проектите кои се реализираат во нашето училиште , кои сите не прават особено горди и ни даваат сила да чекориме кон понатамошни успеси.

Програмата беше збогатена и со учество на :

  • Првачињата – кои настапија со ритмичката точка од патрониот празник на песната ,,Првачиња колачиња,,
  • Учениците од IV одделение – со ритмичката точка од патрониот празник на песната “Better when I’m Dancing“
  • Триото Атанасиј Соколов (електрична гитара) , Иван Лозаноски (електрична гитара)   и Миа Мустафа (вокал) ученици во IX одделение, кои настапија со изведба на неколку музички композиции од познати автори. Музичко трио кое многу ветува, и за кое многу ќе се слуша во иднина.

Учениците пак од V одделение , работеа во креативните катчиња и создаваа свои дела. Едната група Никола Христовски, Андреј Бојкоски и Теона Димишковска беа конструктори кои создаваа предмети според дадени шеми. Додека пак другата група Јована Ѓорѓиевска, Нина Јовановска и Ева Митевска  беа креативци кои создаваа торбички , перничиња , ташнички изработени од најразлични материјали.

Ликовното катче со своите интересни изработки го збогатија Делфина Саравинова и Анастасија Јовановиќ.

Капитените на екипите Леонид Велковски и Мирна Мемиќ преку одговарање на прашања од квизот им донесоа победи на своите тимови.

Насмевките на лицата на учениците и целиот тим кој ја прифати одговорноста да се справи и со овој предизвик говореа за успешноста на овој настан.

This slideshow requires JavaScript.