ЗНАЕЊЕТО РАСТЕ КОГА ГО СПОДЕЛУВАМЕ,А ЗЕЛЕНИТЕ НАВИКИ ГИ ГРАДИМЕ ЗАЕДНО !

Наставници од нашето училиште, заедно со наставниците од ООУ „Григор Прличев“ и ООУ „Крум Тошев“, учествуваа на акредитирана обука на тема „Интеграција на еколошки теми во наставата и развивање зелени навики и одговорно однесување кај учениците“.

Обуката, организирана од Министерството за образование и наука (МОН), а реализирана од Academy CES, ја водеше обучувачот Александар Алексовски.

Преку размена на искуства, идеи и практични примери, наставниците имаа можност да размислуваат како еколошките теми да станат дел од секојдневната настава, а грижата за животната средина – навика што се гради уште од најмала возраст.

Затоа што зелените навики не се учат само од книги – тие се создаваат со личен пример и секојдневни постапки!

STEM инспирација во акција

На 28 октомври, во STEM едукативниот центар во Diamond Mall, Академијата за роботика и иновации успешно ја спроведе менторската обука за наставничките од ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје, кои ќе го водат нашиот тим на овогодинешниот натпревар FIRST LEGO League!

Тема на сезоната 2025/2026: UNEARTHED – Влијанието на модерната технологија врз археологијата и како минатото нè води кон иднината!

Оваа година, нашите ученици ќе ги применат своите СТЕМ вештини, креативноста и тимската соработка за да го истражат минатото и создадат решенија за подобра иднина.

Менторки на тимот:
Марина Пејковска • Лиле Сарваноска • Билјана Стојановска • Данче К. Јакимовска.

Со нетрпение ги очекуваме предизвиците на оваа сезона и со гордост ги следиме чекорите на идните STEM лидери!

Практично учење преку игра за подобрување на вештините за сајбер безбедност

И во саботата, рано наутро бевме подготвени за нови предизвици.

Имавме работилница во рамките на проектот SHIELD, со активност:

,, Практично учење преку игра за подобрување на вештините за сајбер безбедност”.

Раскажување приказни и користење на вештачка интелигенција за почетно креирање едукативна игра.

Практично учење преку симулација на игрa за подобрување на вештините за сајбер безбедност.

Инспиративни излагања за користење на игрите во процесот на учење;

Креативна методологија за користење на предностите на вештачката интелигенција;

Раскажување приказни и пристап на учење преку игра за продлабочување на знаењата

на учениците за сајбер безбедност;

Интересните и интерактивни активности предизвикаа задоволство кај сите учесници.

Кај учесниците остана желбата и ентузијазмот оваа работилница да има продолжение…..

Одговорен за активноста Марина Пејковска-наставник по информатика.

СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ ВО МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ

Наставниците по Македонски јазик од нашето училиште: Елена Малинова, Катица Стојчевска и Марија Шереметкоска учествуваа на тридневниот семинар за професионален развој на едукатори од Македонија и Германија на тема : „Справување со антисемитските стереотипи: животот и историјата на Евреите од Балканот “.

Во програмските активности имаа можност да го проследат предавањето на проф. д-р Мишо Докмановиќ – Антисемитизам: значење, историја, факти и примери. Гледаа филмови на Центропа од кои произлегоа презентации за примена на филмот во наставата, проследија презентација за примената на дигиталните алатки во наставата. Учесниците имаа можност да ја погледнат и постојаната поставка во Меморијалниот центар на холокаустот, ново отворената изложба- „Мириса на пандишпан“ , а ги посетија Еврејската заедница и Монополот, местото од каде беа депортирани Евреите од Македонија.

Во синагогата Бет Јаков беше одржана работилница од Мина Пашалиќ за еврејската култура и традиција. Учесниците работеа во групи и изработуваа наставен план за примена на филмот во наставата. Секоја група го презентираше сработеното, се разменија искуства од практичната работа и секако контакти за да можат во иднина да соработуваат и креираат заеднички проекти.