Во посета на НАРОДНАТА БАНКА и МУЗЕЈОТ НА ПАРИ

Денес учениците и наставниците од IV одд. во посета на НАРОДНАТА БАНКА и МУЗЕЈОТ НА ПАРИ за да ги откриеме сите тајни поврзани со парите.

🔹️Патувањето продолжи во СПОМЕН КУЌАТА НА МАЈКА ТЕРЕЗА- најголемата светска хуманитарка на 20 век.

🔸️Во НАРОДНАТА БАНКА проследивме финансиска едукација за деца.

Добивме одговори на прашањата:

– што се парите и која е нивната улога;

– добивме повеќе информации за нашата национална валута;

-сега точно знаеме каде се печатат македонските пари;

– знаеме и како да препознаеме вистински и лажни банкноти;

🔸️ Во МУЗЕЈОТ НА ПАРИ ја видовме збирката од ретки и стари пари од македонското поднебје;

🔹️Во Спомен куќата на Мајка Тереза преку фотографии, документи и експонати го проследивме нејзиниот животен пaт.

🔸️Учењето надвор од училишните клупи секогаш е најинтересно и останува најдолго во сеќавањата!

ДАВИД АРНАУДОВ -прво место и наша гордост на шаховски турнир!

🏆На ден 23.11.2023 год. се одигра Турнир во Шах за учениците од VIII и IX одделение од општина Гази Баба.

✨️Нашиот ученик Давид Арнаудов од IX одд. освои ПРВО МЕСТО.

🏅Честитки за Давид, многу успеси и во иднина !

Пласман на учесниците:

1. 🏆Арнаудов Давид – ООУ”Дане Крапчев”

2. Петровски Никола – ООУ”Наум Наумовски Борче”

3. Велковски Матеј – ООУ”Крсте Мисирков”

Посета на Францускиот Институт

Денес, ученици од 6 одделение го посетија Францускиот Институт во Скопје.

Се запознаа со содржините што ги нуди Институтот, се дружеа со Фриж, маскотата на претстојните олимписки игри во Париз 2024, слушаа француска музика, гледаа видеа со знаменитостите на Париз, разгледуваа книги, фотографии, едукативни игри.

Највозбудлива беше можноста учениците да се качат на Ајфеловата кула со помош на виртуелна реалност и од таму да го набљудуваат Париз.

Задоволни ја завршија посетата во очекување на следна франкофонска активност.

Kвиз–проверка на знаењата за респираторен систем

На 17.11.2023 година се одржа уште еден заеднички час со учениците од ООУ „25 Мај“ и нивната наставничка. Ние бевме домаќини и со радост ги дочекавме нашите другарчиња. Часот беше многу интересен бидејќи правевме квиз–проверка на знаењата за респираторен систем. Имавме капитени во нашите екипи, кутија на знаења-преку техниката аквариум, табела со поени, жири комисија.
Преку овој едукативен квиз ги проверивме стекнатите знаења. Имаше и победници, екипа 3 која точно одговори на сите прашања на двата јазика, а останатите две екипи имаа изедначен резултат. Имаше одлична атмосфера и позитивен натпреварувачи дух помеѓу екипите. Соработувавме меѓусебно за да постигнеме успех и ги почитувавме правилата на играта. Погледнете!

Учењето надвор од училишните клупи секогаш е најзабавно и вечно се памети!

🍂 Денес учениците и наставниците од IV одд. направија ПРОШЕТКА НИЗ МИНАТОТО во МУЗЕЈОТ на ГРАД СКОПЈЕ во чест на 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес.

🔸️Следно остваривме СРЕДБА СО Бобан Стефковски ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА.

🍂 Изучувањето на темата ,,Општина” по предметот Историја и општество

ни овозможи:

– да имаме средба со градоначалникот;

– да го изненадиме со спортски подарок;

-да му поставиме интересни прашања;

-да му дадеме интересни предлози;

-на моменти да го насмееме;

-и да го воодушевиме со нашето знаење;

20 НОЕМВРИ – ГО СЛАВИМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДЕТЕТО! ЈА СЛАВИМЕ ИДНИНАТА!

Денес учениците од Ученичкиот парламент спроведоа активност

🙅‍♀️,,ОД ДЕТЕ ЗА ДЕТЕ”🙅

🎈Со оваа активност подарувавме, преку пораки потсетувавме за правата на децата, ставивме насмевки на лицата на нашите првачиња и создадовме среќни моменти за нив.

🎈За ,, Денот на детето” ученикот правобранител и неговите заменици изработија пано за детските права.

🎈На големиот одмор во училишниот хол ја промовираа улогата на Ученикот правобранител во заштитата на детските права , повикаа на нивно почитување и им посочија на учениците како да реагираат во ситуации на прекршување на детските права.

🙋‍♀️💁ДРАГИ НАШИ ДЕЦА-ДЕНЕС И СЕКОГАШ БИДЕТЕ СРЕЌНИ

ДУРИ И БЕЗ ПРИЧИНА!

ВИЕ СТЕ ИДНИНАТА НА СВЕТОТ!

И ОВАА УЧЕБНА ГОДИНА ПРОДОЛЖУВАМЕ СО УСПЕСИ НА НАТПРЕВАРИТЕ!

🥈🥈Нашите ученички,

Калина Караџоска од VII – 1 одд., ментор Елена Малинова

и Тара Спасиќ од VIII- 2 одд., ментор Катица Стојчевска,

освоија II место на регионалниот натпревар по предметот Македонски јазик и литература што се одржа на 18.11.2023г. на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” во Скопје.

✨️Честитки Калина и Тара, уште поголем успех ви посакуваме на државниот натпревар.

16 Ноември – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА

Денес го одбележавме ,,МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА”.

💁‍♀️ Денес низ нашето училиште ширевме љубов и насмевки , повикувавме на почит, разбирање, прифаќање, сослушување, трпение, поддршка , другарство, хуманост и ненасилство.

💁 Упативме порака дека толеранцијата не е израз на слабост и отсуство на карактер – ТОЛЕРАНЦИЈАТА Е ВОЛЈА И СПРЕМНОСТ ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ И ПРИФАТИМЕ РАЗЛИЧНИТЕ ОД НАС!

🙆‍♀️ Учениците од осмо одделение заедно со нивната наставничка Магдалена Павлеска во рамките на предметот Граѓанско образование , изработија пано за толеранцијата и пораки во облик на срце кои на големиот одмор ги изложија во училишниот хол и им ги поделија на своите соученици.

🙍 Пораки за толеранција учениците делеа и на жителите на нашата населба, а воедно и ги прашаа што за нив претставува толеранцијата и дали практикуваат толеранција.

🙎‍♂️ На овој ден кога се потсетуваме зошто е потребно да ги прифатиме и почитуваме различностите, повикуваме на секојдневно практикување на ТОЛЕРАНЦИЈА!

Посета на Планетариум при МКЦ

На 14.11.2023 година, се реализираше воннаставна активност-посета на Планетариум при МКЦ, предвидена со активностите од Проектот „Градиме нови мостови“. На оваа посета учествувавме ние учениците од VI-4 одделение заедно со нашата наставничка Бојана М.Личева и нашиот координатор Роза Јаневска, нашите другарчиња од VI-4 и IV-1 одделение од училиштето ООУ „25 Мај“ со нивните наставнички Теута Хаскај и Сузана Курбардовиќ и другарчињата од IV-а, б и в одделение од ООУ „Наум Наумовски-Борче“ со нивните наставнички Дијана Николовска, Анета Пешевска и Соња Николова и координаторот Даниела Караташова-социолог. На оваа активност како дел од Проектот МИО, поддржан од ОБСЕ, МОН, општина Гази Баба и нашето училиште присуствуваа и претставници од ОБСЕ. Посетата имаше за цел да се обезбеди дополнителен простор за учениците вклучени во заедничките наставни часови да се поттикнат на граѓанскиот ангажман и да се промовира меѓуетничката соработка.

Заеднички час со нашите другарчиња од ООУ „25 Мај“ на 10.11.2023


Уште еден успешен заеднички час со нашите другарчиња од ООУ „25 Мај“ и нашите наставнички Бојана М.Личева и Анида Амиди. Овој час беше многу интересен, интерактивен, практичен, а најважното е тоа што имавме и посетители-гости, г-ѓа Емилија Симоновска Јаначковска и г-дин Франческо Бигагли претставници од ОБСЕ/OSCE – Mission to Skopje. Наставната содржина „Пренесување на храна и гасови“ беше многу интересна и поттикнувачка, бидејќи имавме за задача практично да го претставиме респираторниот систем, патот на воздухот низ органите за дишење и да ги именуваме органите. Потоа следеше презентација на изработките, толкување на поимот респирација и претставување на разликата меѓу вдишување и издишување. Споделуваме дел од атмосферата.