Еко акција по повод денот на Општина „Гази Баба“
По повод денот на Општината 3 Ноември и 45 години од формирањето на Општина Гази Баба, ученици од нашето училиште Дане Крапчев ,заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба и ЈКП Гази Баба засадија 45 борчиња во паркот Ченто.
Учениците со големо задоволство се вклучија во еко акцијата за садење на садниците. Преку изработени еко пораки и еколошки песни тие потсетија на важноста од одржување и негување на животната средина.
Mобилност на наставници во Литванија во рамките на Еразмус+ проектот BARCODE – ‘Best Achievable Results in Coding’
„Баркод“ е проект Еразмус плус во кој учествуваат пет партнерски училишта и кој ќе се спроведува под раководство на Гимназијата Кретингос Р. Видмантаи од Литванија. Покрај основното училиште Дане Крапчев во Скопје, во проектите се вклучени Information Technology High School, Belgrade од Србија, Agrupamento de Escolas de Portela e Moscavide во Португалија и средното училиште TOKI во Турција.
Учесниците во првата од петте транснационални мобилности во проектот беа обучени за кодирање, едноставно програмирање, структура на податоци и алгоритам, за да може техниките за кодирање да се интегрираат во наставата. Тие ќе можат да користат кодирање како наставна алатка во области како што се математика, странски јазик, природни и општествени науки и уметничко образование. Со примена на овие методи и техники, учениците ќе го зголемат квалитетот на образованието и ќе им овозможат да ја подобрат својата образовна средина.
Цели на проектот:
– Зголемување на степенот на примена на иновативни наставни методи;
– Разбивање на предрасудите за примена на иновативни наставни методи;
– Подигнување на свеста за важноста на методите за кодирање како една од алатките што се користат за учење на учениците за вештините на 21 век.
Од нашето училиште учесници на оваа мобилност беа Анета Митевска- координатор на проектот, Марина Пејковска, наставник по информатика, Билјана Стојановска и Бојана Мешковска Личева.
Активностите на проектот:
18.10.2021
На првиот ден од мобилноста на проектот Еразмус + КА 229 , партнерите од петте држави учесници во БАРКОДЕ програмата за кодирање/програмирање имаа кратка заедничка средба за меѓусебно запознавање во училиштето домаќин Vydmantai Gymnasium во Паланга.
Потоа се реализираа три работилници во Pranciškonų gymnasium:
- Часови за кодирање со сите наставници и реализација на две програми користејќи www.Code.org од ИТ-наставникот Ваидас М.


- Користејќи методи за кодирање, наставниците поделени во парови по случаен избор имаа натпревар во изработка на кавијар. Работилницата беше реализирана во лабораторијата по биологија под организација на наст.Лина Ј.
- Во мини училишниот музеј по географија, наставниците се запознаа со различните видови карпи, различните истражувања и проекти кои се реазлизираат тековно, како и за историјата на првото училиште од тој регион од наст. по географија Вилиус А.
Денот заврши со прошетка и запознавање со историјата на Кретинга од харизматичниот водич Антанас Ј.

Вториот ден од мобилноста започна многу мотивирачки со информацијата дека проектот БАРКОДЕ се сертифицира за време на EU Code Week.
– ИТ-наставникот од Португалија Пауло Торкато со учениците од 8 одд.одржа часови за кодирање и роботика
– Останатите наставници присуствуваа на интегриран час по математика и информатика во 6 одд. кај наст.Раса и наст.Ваидас. Наставниците зедоа непосредно учество со учениците во активностите и барањата согласно поставените задачи за кодирање. Секој ги научи основите на кодирањето користејќи молив и лист хартија.


Проектните активности # БАРКОД опфатија и работилница за кодирање со наставниците. Заедно со наставникот по ИТ Пауло Торкато од Португалија кодиравме во SCRATCH


- Следеа игровни забавни активности за запознавање со партнерите
- Домаќините организираа посета на Музејот за килибар во Паланга каде беше реализирана работилница за препознавање на различни видови килибар од различни историски епохи, а потоа и прошетка во околниот парк.
Со активностите за кодирање се вклучивме во EU Code Week со цел да споделиме искуство, да се мотивираме едни со други и да научиме нови вештини на забавен и привлечен начин. За учество на EU Code Week добивме и сертификати
20.10.2021
Третиот ден од мобилноста на проектот беше исполнет со значајни активности.
Во Kretingos Jurgio Pabrėžos gymnasium учесниците партнери се запознаа со образовниот систем во Литванија, проследија презентација за спомената гимназија, нивните програми, постигнувања, мисија и визија.
– Беше реализирано предавање од ИТ-наставникот Аидас за различните аспекти во ИТ едукацијата во Литванија, како и структурата и содржината на ИТ националните тестови. Тој го сподели неговото искуство од реазлизираните проекти со неговите ученици средношколци и опремата во кабинетот. Сите BARCODE парнери добивме можност да кодираме паметни лед светилки согласно различни програми. Тоа беше прекрасно искуство за сите.

Се одржа прием кај градоначалникот од Кретинга Антанас Калниус. Се разговараше на значајни теми од информатичкото образование, дигиталната писменост, учењето на далечина и професионалниот развој на наставниците од Литванија и земјите партнери од проектот.
– Последната активност беше од забавен карактер, изработка на бонбони на традиционален начин и посета на Кретинга Музејот.
21.10.2021
Овој ден беше посветен на запознавање со историскиот развој на Клаипеда преку посета на Klaipeda Castle Museum, каде што се разгледа поставката исполнета со интерактивни содржини:
– Посета на Националниот парк Curonian Spit ,познат како едно од најубавите природни богатства во Литванија
– Состанок за дискусија и договор за активностите и работилниците кои се предвидиени за реализација од проектот во иднина
22.10.2021
Последниот ден од проектот беше посветен на спроведување на работилница за евалуација и изработка на постери на впечатоци од страна на сите учесници. Постерите беа презентирани од учесниците и сите партнери ги искажаа своите впечатоци од оваа средба, споделија што научија ново и ја истакннаа важноста на искуството од изминатиот период.
Во вечерните часови домаќините органираа пригодна средба на која гостувашње традиционален музички бенд “Žemčiuga”,а свое обраќање имаше и одговорниот на општината Simas Končius .
Вечерта заврши со традиционални танци и дргустирање на традиционална литванска храна.

15 Октомври – Меѓународен ден на пешаците
15 Октомври е ден на пешаците,ден кога сакаме да потсетиме дека пешачењето е здрава навика ! За таа цел нашиот еко тим изработи флаери со кои ќе допринесеме да се потикне свеста за придобивките од пешачењето.
Физичката неактивност (недоволна физичка активност) е еден од водечките ризик фактори за незаразните заболувања и смрт во целиот свет. Недоволната физичка активност кај поедниците го зголемува ризикот од појава на рак, срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес за 20-30% и го скратува животниот век за 3-5 години. Покрај тоа, физичката неактивност го оптеретува општеството преку скриените и растечки трошоци за медицинска нега и губење на продуктивноста.
Клучни факти
· Недоволната физичка активност е еден од водечките ризик фактори за зголемена смртност во светот.
· Недоволната физичка активност е клучен ризик фактор за незаразните болести, како што се кардиоваскуларните заболувања, карциномот и дијабетесот.
· Физичката активност има значителни здравствени придобивки и придонесува за спречување на незаразните болести.
· На глобално ниво, 1 од 4 возрасни не е доволно активен.
· Повеќе од 80% од светската адолесцентна популација не е доволно физички активна.
· Политиките за решавање на недоволна физичка активност се оперативни во 56% од земјите-членки на СЗО.
· Земјите-членки на СЗО се согласија да ја намалат недоволната физичка активност за 10% до 2025 година.


ЧЕСТИТ 11 ОКТОМВРИ – ДЕН НА АНТИФАШИСТИЧКОТО ВОСТАНИЕ И НОВ
Поминаа 80 години од овој настан со кој во 1941 година беше означен почетокот на антифашистичкото востание и народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на Македонската држава. 11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.
Одбележување на Европскиот ден на јазиците
Јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент. Нашите ученици ги, мотивираме, поттикнуваме и насочуваме кон учење на што повеќе странски јазици затоа што јазикот е генетски код на секоја нација, јадрото на неговата култура, историја и, воопшто, човечката цивилизација. Нашите ученици од секциите Мултимедија, англиски и француски јазик покажаа огромна креативност,твореа пораки и творби за јазиците, пишуваа поговорки на различни јазици и опишуваа знаменитости од различни земји во Европа.
Погледнете и уживајте во нивната креативност!
22 СЕПТЕМВРИ- МЕЃУНАРОДЕН ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ
По повод 22.09 Меѓународниот ден без автомобили учениците од Еко тимот и Еколошката секција изработија постери и еко пораки,преку кои испраќаат јасна порака дека овој ден е од големо значање за заштита на животната средина преку употреба на велосипеди и други алтернативни превозни средства кои не и штетат на животната средина и кои не ја загадуваат околината .Погледнете дел од нивните изработки
Ученички секции во „Дане Крапчев“
Секциите се долготрајни воннаставни активности коишто се реализираат еднаш неделно (со 1 или 2 часа), во текот на едно цело полугодие или на цела учебна година.
Општите цели на секциите се:
– Да се одговори на потребите и интересите на учениците за разни активности,
– Дa сe поттикнува и негува детската љубопитност и сознајните способности,
– Да се развива интерес, фантазија и детската креативност,
– Да се прошируваат и продабочуваат знаењата по одредена област,
– Да развива логичко и критичко мислење и изнаоѓање решенија на проблемите,
– Да се развива чувство на припадност и задоволство во извршувањето на активностите.
Секции за одделенска настава:



Секции за предметна настава







Светски ден за заштита на озонската обвивка
16 Септември е Светскиот ден за заштита на озонската обвивка со цел да се привлече вниманието за важност на зачувувањето на озонот.
Да се потсетиме за значењето на озонот и како можеме сите ние да ја заштитиме озонската обвивка.
„БИДИ ФЕР, ПРАВИЛНО ФРЛАЈ СМЕТ“
Нашето училиште ООУ Дане Крапчев активно е вклучено во ПРОЕКТОТ „БИДИ ФЕР, ПРАВИЛНО ФРЛАЈ СМЕТ“ на Здружението на економски новинари, Општина Гази Баба и ЈКП Гази Баба 2007.
Денес 13.09.2021 учениците од 5 до 8 одделение имаа онлине работилница организирана од Здружението на економски новинари на која учениците се потсетија за важноста на јавната хигиена и влијанието врз нивното здравје ,дојдоа до заклучок какви се нивните навики во однос на фрлањето на сметот и како да ги сменат сопствените навики за правилно фрлање и селекција на смет.
Целите на проектот е да се влијае на зголемување на свеста кај учениците за јавната хигиена и нејзино одржување во средината каде што учат, играат и живеат.
Целта е создавање на навики кај децата уште од најмлада возраст, за јавна хигиена и правилно фрлање и селектирање на сметот во својата околина, со цел таа да биде чиста и здрава за живеење.
Да потсетиме дека наградниот конкурс организиран од Здружението на економски новинари сеуште е во тек и трае се до 30.09.2021.




































