Нашето училиште блесна во сите бои на пролетта! Од најмалите до најголемите, сите се обединивме со една цел – поубава и почиста околина.
Учениците од второ одделение со многу љубов цртаа, боеја и пишуваа еко-пораки, потсетувајќи нè колку е важно да ја чуваме природата.
Креативната енергија ја продолжија учениците од V-1, кои преку својот плакат „Додај и боја на планетата Земја“ испратија силна порака за одговорност кон планетата.
Вредните раце од предметна настава пак, со четки и бои му дадоа нов сјај на училишниот двор и ги подготвија сите места за пролетно садење.
За крај, нашата Еколошка секција покажа како со рециклирање се создава нов живот, изработувајќи уникатни саксии во кои засадија прекрасни цвеќиња.







