Да ја заокружиме 2019 година

На крајот на оваа календарска година, би сакале да известиме за сѐ она што е направено за подобрување на условите во нашето училиште.

За модернизирање на наставата, набавени се вкупно 16 интерактивни табли. Така сега од вкупно 24 училници, 20 училници се опремени со интерактивна табла.

  • За промовирање на успесите на учениците во холот и ходниците поставени се витрини каде се изложени добиените пехари, статуетки, дипломи и сертификати
  •  За подобрување на топлинскиот капацитет, стариот и оштетен котел за нафта е заменет со нов 700 kw котел
  • Со цел училиштето да биде енергетски ефикасно, на целата училишна зграда изработена е термоизолациона фасада

Направено е хортикултурно уредување на училишниот двор

За транспарентно и навремено информирање за тековните настани како и за промоција на успесите на учениците, во холот на училиштето поставен е информативен лед дисплеј

За континуирано и поквалитетно одржување на хигиената во училиштето набавена е машина за чистење подови

Сите овие проекти се реализирани по добиена согласност, како и целосна поддршка од градоначалникот на општина Гази Баба – Борис Георгиевски, финансиска подршка од МОН и општина Гази Баба за што сакаме да изразиме голема благодарност.

На крај Ви посакуваме Среќна Нова година, добро здравје, мир, љубов и напредок на сите полиња