Кошарка – турнир за учениците од петто одделение

ДЕН ЗА КОШАРКА во кој главната улога ја имаа учениците од V одд. кои не израдуваа  со II место на ниво на општина.

Во првиот дел од турнирот се натпреваруваа ученици од V одд. од сите основни училишта од општина Гази Баба под мотото ,,Кошарката – моја игра” во организација на Општински сојуз на училишен спорт на Гази Баба

Во прилог првопласираните екипи:

1.место ОУ ,,Крсте Мисирков”

2.место ООУ ,,Дане Крапчев”

3.место ООУ ,,Наум Н.Борче”.

Честитки за нашите кошаркари и наставникот Филип Петровски!

Очекуваме убави вести и од вториот дел од турнирот кој ќе се одржи на пролет!

ДЕН за КРЕАТИВНОСТ,СОРАБОТКА и ДОНАЦИЈА

Младите екологисти денес беа дел од текстилна работилница преку која се запознаа со последиците од текстилните отпад.

На гости ни беа претставници од компанијата “Тексмак” кои преку предавање не запознаа со последиците врз животната средина од текстилен отпад.

Заеднички на работилницата стариот текстил го реупотребивме и креиравме од старо ново.

Од оваа соработка произлезе и донација на контејнер за текстилен отпад кој наскоро ќе биде поставен во нашето училиште.

Во прилог фотографии од работилницата.

Одговорни за активноста: Бојана М.Личева и Душанка Китановска – наставници по биологија.

Одржан прв полигон – игри од натпреварувачки карактер

Денес за ученици од III одделение од 11 училишта во општината, во организација на Општински сојуз на училишен спорт на Гази Баба се реализираше прв полигон, игри од натпреварувачки карактер.

Настанот се одржа во спортската сала на ООУ,,Вера Јоциќ”.

Честитки за нашите ученици и наставници кои и овој пат се меѓу најдобрите три екипи во општината.

1 место -ООУ,,Вера Јоциќ”.

2 место ,,Крсте Мисирков”.

3 место,,ООУ Дане Крапчев”.

Целта на активноста е подобрување на психомоторните вештини и рано вклучување на учениците во спортските натпревари.

Одговорни за активноста:

Филип Петровски и Јовица Димески- наставници по физичко и здравствено образование.

4 Ноември – Светски ден на дијабетесот

Тимот на Црвен крст во нашето училиште изминатата недела го одбележа Светски ден на дијабетесот .

Учениците изработија едукативно пано,презентација и реферат со корисни информации за оваа заболување,со цел да допринесат за превенција и подигање на свеста кај јавноста за дијабетесот.

Дијабетесот е хронична болест која се јавува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го користи инсулинот што го произведува.

Инсулинот е хормон кој го регулира шеќерот во крвта. Хипергликемија, или покачен шеќер во крвта, е најчест ефект на неконтролиран дијабетес и со текот на времето доведува до сериозно оштетување на голем број системи на телото, особено на нервите и крвните садови.

Постојат три типа на дијабетес: дијабетес тип1, дијабет тип2 и гестациски дијабет.

Во прилог ги споделуваме изработките на нашите ученици: Ева Стојмановска, Марија Трајковска, Калина Павлевска и Мила Николова.

Одговорен наставник за активноста – Бојана М. Личева.

НАГРАДА на ЛИКОВЕН КОНКУРС!

На ликовниот конкурс организиран од страна на НЛБ Банка на тема:

„Штедиме и правиме добри дела“ нашата ученичка Мариела Арсова

од III-1 одделение под менсторство на својата наставничка Даниела Торковска

за својата ликовна творба освои награда од стручното уметничко жири.

Мариела-честитки за успехот!

УЧЕНИЦИ –ДОБИТНИЦИ на СТИПЕНДИИ!

На ден 01.11.2024 на свечена седница општина Гази Баба додели девет месечна стипендија на шест наши талентирани ученици и ученици спортисти.

Добитници на стипендиите се:

1. Тара Спасиќ IX-2  (талентиран ученик);

2. Софија Мијалковска IX-3 (талентиран ученик);

3. Калина Караџоска VIII-1(талентиран ученик);

4. Меритон Зејнели VII-2, спортист;

5.Лука Андов VI-1, спортист;

6. Ана Трајкоска VI-3 (талентиран ученик);

Честитки за сите наши стипендисти!

Им посакуваме уште многу успеси и признанија низ образовниот процес!

Учиме да штедиме

Во соработка со родител, Климентина Маневска вработена во Шпаркасе банка, учениците од I- 2 одд. преку кратка презентација се запознаа со поимот штедење, како се штеди и кои се придобивките од штедењето. Тие стекнаа знаења за штедењето, се забавуваа но и добија подарочиња.

За убавата средба возвратија со креативни цртежи на тема: „Штеди пари, не љубов“.

Одделенски наставник на I-2 Билјана Јовчева.

Трето место на одбојкарскиот турнир за наставници

Денес сме горди на нашите наставници – одбојкари и 3 тото место освоено на одбојкарскиот турнир кои традициинално се одржува за наставници од 11 основните училишта и вработените од општина Гази Баба

Најдобри резултати постигнаа:

1 место ООУ ,,Кирил и Методиј”

2 место ООУ ,,Наум Н. Борче”

3 место ООУ ,,Дане Крапчев”

4 место ООУ ,,Крум Тошев”.

Рецепт за успех на нашиот тим се: сплотеност, соработка, силна волја, позитивна енегија, фер плеј, поддршка од целиот колектив , и насмевка на лице  и кога се победува и кога се губи.

Благодарност за организаторите на настанот-општина Гази Баба и Општинскиот сојуз за училишен спорт на Гази Баба

 Весна Д, Вилдана, Весна С. Вале Томи, Ивица, Јовица, Филип и Орце

Бравооо- сила сте!!!

ПРОЕКТ – Еколошки отпечаток на младите во Гази Баба

На 30.10.2024 , учениците од VI до XI одд,учествуваа на работилница во рамките на проектот кој се реализира во соработка со Институт за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени (ИПЕК) , Општина Гази Баба и нашето училиште OOУ “Дане Крапчев”.

На работилницата учениците се запознаа со поимот еколошки отпечаток.

Еколошки отпечаток е мерило за степенот на човековата побарувачка и искористување на екосистемите на планетата Земја. Тоа е стандардизирана мерка за експлоатацијата на  природниот капитал наспроти еколошкиот капацитет на планетата за регенерација. Така што го претставува неопходното количество на биопродуктивно земјиште и море што е нужно за да се задоволат потребите на човештвото за секојдневната потрошувачка на ресурси и асимилација на произведениот отпад.

Учениците имаа прилика да одговорат на прашалник кој ќе им даде слика за тоа каков еколошки отпечаток прават како индивидуи, а добија и едукативни материјали со совети кои доколку ги применат во секојдневието ќе допринесат за одржувањето на еколошкиот капацитет на нашата планета.

Немаме резервна планета, секој од нас има одговорност за животната средина !

Благодарност до едукаторите кои ја реазлизраа ова интересна работилница

Реализирал-Еко тимот на училиштето.

Одговорни наставници: Бојана Личева, Душанка Китановска и Билјана Јовчева.

СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ ВО МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ

Наставниците по Македонски јазик од нашето училиште: Елена Малинова, Катица Стојчевска и Марија Шереметкоска учествуваа на тридневниот семинар за професионален развој на едукатори од Македонија и Германија на тема : „Справување со антисемитските стереотипи: животот и историјата на Евреите од Балканот “.

Во програмските активности имаа можност да го проследат предавањето на проф. д-р Мишо Докмановиќ – Антисемитизам: значење, историја, факти и примери. Гледаа филмови на Центропа од кои произлегоа презентации за примена на филмот во наставата, проследија презентација за примената на дигиталните алатки во наставата. Учесниците имаа можност да ја погледнат и постојаната поставка во Меморијалниот центар на холокаустот, ново отворената изложба- „Мириса на пандишпан“ , а ги посетија Еврејската заедница и Монополот, местото од каде беа депортирани Евреите од Македонија.

Во синагогата Бет Јаков беше одржана работилница од Мина Пашалиќ за еврејската култура и традиција. Учесниците работеа во групи и изработуваа наставен план за примена на филмот во наставата. Секоја група го презентираше сработеното, се разменија искуства од практичната работа и секако контакти за да можат во иднина да соработуваат и креираат заеднички проекти.