Одбележување на 16 Октомври -Меѓународен ден на храната
Меѓународниот ден на храната 16.10.2019 год. и оваа година беше одбележан во нашето училиште. Традиционално се одржа предавање и куса дебатна сесија на тема “Здрава храна” кое го реализираа учениците од 7 одделение под менторство на наставникот по биологија. Оваа година Еко тимот и Тимот за соработка со родители одлучи предавањето и кратката презентација да биде наменета за родителите. По тој повод беа повикани родители од сите паралелки во нашето училиште. На наше големо задоволство одзивот на родители беше голем. Преку интерактивна презентација насловена како “Здрава храна –Здрави деца” учениците од 7 одделение ги запознаа родителите со неопходните материи за здраво тело, во која храна тие се наоѓаат, која храна треба да ја избегнуваме во текот на нашата исхрана, а која да ја преферираме. Потоа учениците преку кратки пораки им дадоа совети на родителите кои сите ние треба да ги практикуваме.На крајот на презентацијата сите заедно погледнаа кратко видео кое не потикна нас наставниците и учениците да бидеме хумани и во периодот од 16 до 22 Октомври да организираме добротворна собирна акција на храна која ќе биде донирана на социјално загрозени семејства.
Ученици кои беа вклучени во активноста се:
Ангела Анѓелкоска, Нина Ристиќ, Јована Деаноска, Матеј и Андреј Крстевски, Кристина Тасева, Дона Тасева , Матеј Спасовски и Теодора Цветковска
Нашата кампања за здрава исхрана има цел да придонесе за подигање на свеста за здравата храна и важноста на правилната исхрана во перидот на раст и развој кај децата.
Благодариме за одвоеното време и присуството на родителите
Еко тимот и Тимот за соработка со родители