Патронат 2021 – „Дане Крапчев чекор напред кон иднината“

Денес го прославуваме 43 патронен празник на нашето училиште и одбележуваме 77 години од смртта на Дане Крапчев

На следниот линк е настанот кој се пренесуваше во живо од нашето училиште како и неколку фотографии од активностите

линк од настанот

Градоначалникот на општина Гази Баба, господинот Борис Георгиевски, се обрати по повод патронатот

Исто така подготвивме и видео со пригодна програма по повод патронатот

Работилница „Контрола на импулсивноста во услови на изолираност поради КОВИД 19“

Анксиозност, депресија, страв, агресивно однесување, тешкотии во самоорганизирање и саморегулација на емоциите кај децата и учениците во услови на пандемија, беа темите за кои се дискутираше на двете работилници, за наставници и родители, кои се реализираа денес, 21.05.2021 г., во рамки на проектот ,, И јас имам глас,, со прим. д-р Мери Бошкоска. Целта на работилницата беше да им се помогне на наставниците и родителите полесно да ги согледаат причините за одредени однесувања кај учениците и им беа дадени насоки како, на кој начин и кои стратегии да ги применат со цел навремено да им помогнат. Обуката, покрај наставниците и стручните соработници од нашето училиште, ја следеа и наставници, стручни соработници и родители на нашето партнер училиште во овој проект ,,ООУ Кирил и Методиј,, – Стајковци

Климатски промени

15-ти мај е Светски ден на климатските промени кога вниманието на пошироката јавност е насочено кон големите климатски промени кои се резултат на човековата активност. 

Глобалното затоплување и екстремните промени во климата, претставуваат најголема глобална закана по здравјето во 21-виот век. По  тој повод  нашите учениците од 7 одделение истражуваа и изработуваа презентации за климатските промени (климатските промени  и глобалното затоплување).Во продолжение ќе погледнеме дел од нивните изработки.

 И да не заборавиме:

 Одговорноста почнува од секој еден од нас!!!  

Како можеме  позитивно да влијаеме :

– со редуцирано возење со автомобил и користење на  велосипедот

-да вршиме селекција  на отпадот и негово  рециклирање

– да купуваме  енергетски ефикасни производи 

– да развиваме навики за заштеда на електрична и топлинска енергија 

-да ги чуваме  и одржуваме зелените површини                                                                                             

ЕКО Тимот

Климатски промени – како да се справиме со нив

Резултати од Регионалниот натпревар по природни науки и биологија 2020/2021 год.

На ден 12 и 14 Мај 2021 год.  се одржаа Регионалните натпреварите по природни науки и биологија .

Нашите ученици ги постигнаа  следниве резултати:

Природни науки 4 одд.
Калина КараџоскаIII НАГРАДА 
Ментор : Даниела Торковска
Дамјан ВлинтовскиIII НАГРАДА 
Ментор: Виолета Симоновска
Марко КрстевскиIII НАГРАДА 
Ментор:Елизабета Ордева
Ведран Вељковиќ  II НАГРАДА  Учество на државниот натпревар
Емил Адемоскипофалница 
Ментор :: Наташа Јосимовска Георгиевска
Природни науки 5 одд.
Тара Спасиќ II НАГРАДАУчество на државниот натпревар
Матеј Китановски II НАГРАДАУчество на државниот натпревар
Александар Маџовски  III НАГРАДА 
Христијан Гочевски Иваноски  пофалница 
Ментор : Душанка Китановска
Природни науки 6 одд.
Катарина Пислевиќпофалница   
Јована Србиновскаучество   
Андреј Јордановскиучество   
Ментор: Бојана М.Личева
Биологија 7 одд.
Михаела ДимчоваIII НАГРАДА 
Петар РистовскиIII НАГРАДА 
Ања ЈовановскаIII НАГРАДА 
Јована Ивановска  Пофалница 
Горазд СтојановскиПофалница 
Ментор: Бојана М.Личева
Биологија 8 одд.
Алексеј Стојановиќ  II НАГРАДАУчество на државниот натпревар
Теона ДимишковскаУчество 
Ментор: Душанка Китановска
Биологија 9 одд.
Ангела АнѓелкоскаIII НАГРАДА 
Анастасија ТодевскаПофалница 
Христина ЈовановскаПофалница 
Ментор: Душанка Китановска

Официјалните резултати се достапни на страницата  https://biologija.yolasite.com/

Честитки до  сите ученици и им посaкуваме успех на тие кои продолжуваат на Државниот  натпревар !!! J

ЈКП „Гази Баба“ се грижи за нашиот двор

Во текот на вчерашниот и денешниот ден ЈКП „Гази Баба“ ги искоси тревниците во предниот и задниот двор на училиштето и изврши кастрење на сувите гранки. Исто така комплетно беше отстрането едно исушено дрво.

Ви благодариме ЈКП „Гази Баба“ !

Литература на француски јазик во нашата библиотека

Убаво е чувството кога ќе добиете нешто ново, а уште повеќе кога ќе добиете подарок од некој кој постојано ве поддржува во сите активности. Така Францускиот Институт од Скопје, постојано ги поддржува сите наши активности по повод Франкофонијата и промоцијата на францускиот јазик.

Во оваа прилика би сакале да искажеме голема благодарност за донацијата на литература на француски јазик до Францускиот Институт – Скопје и до Амбасадата на Франција.

Библиотеката во ООУ„Дане Крапчев“ е збогатена со книги на француски јазик, соодветни на нивото на знаење и возраста на учениците. Во дел од книгите вклучено е и ЦД што ќе им помогне на учениците за полесно да го совладаат изговорот и читањето, а исто така има и вежби за разбирање по секое поглавје од книгата.

Денес во библиотеката дојдоа учениците од седмо одделение кои се членови на Франкофонскиот клуб за да ги разгледаат новите книги. Заедно со наставничката Анета реализираа работилница во која работеа на текст од книгата “Top secret”. Учениците се уверија дека книгите се пишувани на лесен француски и комплетно разбирливи за нивно ниво. По работилницата си заминаа задоволни и изразија желба повторно да се организира работилница на која ќе читаат незадолжителна француска литература преку што ќе ги збогатат своите знаења.

Рамазан Бајрам

Рамазан – Фитр бајрам, е еден од петте столба на исламот, останатите се верата, молитвите, поколението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот портите на џенетот (рајот) се отвараат, а портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови – милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии – духовна, морална, солидарна и здравствена.
Честит Рамазан-Бајрам на сите луѓе кои го празнуваат.

Подготвил- тимот Креативци

Избор на првенец на генерација

Драги деветооделенци

Се наближува крајот на учебната година а со тоа и крајот на вашето образование во нашето училиште. Дојде време да ја почнеме процедурата за избор на првенец на генерација. Пријавувањето трае до 28 мај 2021, а документите по електронски пат да се достават на меил l_sarvanoska@yahoo.com. Среќно!

Во продолжение е Правилникот за пофалби и награди

Општински натпревар по хемија во 2020/2021 год

Општинскиот  натпревар по хемија се одржа  на 07-05-2021г. На овој натпревар учествуваа ученици од осмо и деветто одделение  и ги постигнаа следните резултати:

VIII одд.

Алексеј Стојановиќ VIII-3 – II награда

IX одд

Јана Благојевиќ IX-1- III награда

Христина Јовановска IX-2 – III награда

Јана Кметовска IX-3 – Пофалница

                                                                  Ментор на учениците Елена Томевска

Ѓурѓовден

Празникот на Св. Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден, се празнува секоја година на 6 мај. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнуваат не само христијаните туку и друго население во Македонија што значи дека се празнува природата и животот.

На Ѓурѓовден се изведуваат многу обичаи сврзани со овој празник. Почнуваат на 5 мај кога се берат врбови гранчиња со кои се закитуваат куќите. Според верувањето гранчињата ги штитат куќите од разни опасности, а нивите и родот од несреќа.

 На Гурѓовден наутро децата со црвено јајце се поминуваат по лицето со зборовите: “Црвено, бело, дебело“, што значи децата да бидат здрави и црвени како јајцето.

Изтаботиле тимот „Креативци“