100 бода за мандолинскиот оркестар

Во период на награди и признанија ете и јас да ги пофалам моите ученици од мандолинскиот оркестар при ООУ „Дане Крапчев“ за постигнатиот успех Прво место на регионалните натпревари и освоени 100 бода. . Горд сум што соработувам со вакви упорни, умни, емотивни, посветени млади уметници…. БРАВО!  🎼🎶

Наставник: Ванчо Јовчев

Активности по повод ден на Планетата Земја

Во нашето училиште оваа недела се одржаа неколку активности преку кои се обидовме да го насочиме вниманието кон важноста за зачувањето на нашата планета.

Учениците од еко тимот поставија пано на кое ги испишаа своите еколошки пораки упатени до сите посетители на нашето училиште.

Исто така и оваа година се одржа едукативно предавње на тема “Климатски промени” кое го одржаа НВО “Go green”  и учениците од гимназијата  ” Раде Јовчевски- Корчагин”.

Чест е да се имаат гости кои шират ваква благородна едукација, а задоволството е уште поголемо кога тие гости своите први чекори во областа на екологијата ги направиле во нашето училиште. Во улога на предaвач го имавме нашиот негогашен ученик Александар Атанасовски и неговите соученички од гимназијата кои се потрудија да ги запознаат нашите ученици со последиците од климатските промени.

НАГРАДИ НА ЛИКОВЕН КОНКУРС

На ликовниот конкурс “Скопје се смее”, по повод 1 Април – Денот на шегата, а во организација на ДКЦ “Карпош”, учествуваа ученици од нашето училиште од V до IX одделение. Со свои изработки на тема “Првоаприлска маска” се претставија десетина ученици. Маската што ја изработија ученичките Јана Стоилевска и Михаела Стојменовиќ освои 2 награда и маската на Сара Јосевска 3 награда. Останатите учесници добија дипломи за учество. На доделувањето на наградите можеше да се види и изложбата од сите пристигнати маски од училиштата во Скопје.

Честитки за сите учесници, а посебно до наградените. Еве неколку фотографии од доделувањето на наградите и од приемот кај Директорката.

УПИС НА ПРВАЧИЊА

Почитувани родители !!!

Основното училиште ,,Дане Крапчев,, од 02.05.2018 до 31.05.2018 година ќе врши упис на ученици во прво одделение. По тој повод на ден 30.04.2018 година од 8:00 до 16:00 часот ги покануваме сите заинтересирани родители чии што деца ќе бидат првачиња да го посетат нашето училиште се со цел за да се запознаат со училиштето, начинот на работа и организираност, наставниците и стручните соработници.

Во прво одделение ќе можат да се запишат оние деца кои до крајот на календарската година ќе наполнат шест години, односно родени до 31 декември 2012 година.

По барање од родител и добиено мислење од училишниот педагог или училишниот психолог во прво одделение ќе можат да се запишат и деца родени до 31 јануари 2013 година.

Покана за упис може да добиете од училишниот педагог или психолог во училиштето или да се јавите на тел.бр. 02525-292

За упис во прво одделение за деветгодишно образование потребни се следниве документи :

  1. Извод од матична книга на родени, може да биде постар од 6 месеци ( оргинал на увид и фотокопија);
  2. Лекарска потврда за задолжителните примени вакцини;

Напомена : потврдата издадена од детско одделение е бесплатна, а од матичен лекар се наплатува 300 ден

  1. Потврда од стоматолог ( издадена од Поликлиника Ченто а не од приватен стоматолог);
  2. Лична карта од двајцата родители на увид.

Ве известуваме дека во училиштето се организира и дневен престој.

Регионален натпревар по Македонски јазик

На 21.04.2018 г. во просториите на приватната гимназија ,,Алгоритам,, Центар – Скопје се одржа регионален натпревар по македонски јазик за VIII  и IX одделение.

Ученичката Катерина Илиевска VIII одд. – ментор Јагода Филиповска  освои ll место и ученикот Матеј Трајчевски IX одд.  – ментор Елена Малинова , освои lll место.

Честитки и им посакуваме уште поголем успех на државниот натпревар што треба да се одржи во Охрид во месец мај 2018г.

Активности по повод 22 Април – Ден на планетата 2

На 20.04.2018 год. учениците од I до V одд. имаа можност да ја проследат ЕКО- едукативната претстава „Хокус- покус, рециклирањето е во фокус“  во соработка со ПАКОМАК.

Со многу магија, смеа и забава учениците  учеа како да ја практикуваат 3Р програмата (РЕЦИКЛИРАЊЕ, РЕУПОТРЕБУВАЊЕ И РЕДУЦИРАЊЕ)

Преку активно учество и анимирање на учениците, по пат на примери во триковите и со важни пораки за зачувување на животната средина еко-магионичарот Кристиан Шопов направи магично шоу кое никого не остави рамнодушен.

Активности по повод 22 Април – Ден на планетата

Нашето училиште се вклучи светската акција насловена како ” Global Action Days ” Наш избор е да ја подржиме Цел 3. Да се обезбеди здрав живот и да се промовира благосостојба за сите од сите возрасти

Опис на активноста -Еколошка парада низ локалната средина за подигнување на свеста против аерозагадувањето во нашиот главен град,Скопје и поделба на едукативни флаери за намалување на аерозагадувањето на локалното население.

За жал Скопје е во врвот по загадување на воздухот и со оваа активност сакаме да предложиме едноставни совети преку кои секој од нас ќе може да даде личен допринос за намалување на загадувањето со мали измени во секојдевната рутина.

Проект на УСАИД ,, Зајакнување на социјалната кохезија “- Спортски игри

Среда, 18.04.2018 година во нашето училиште беа спроведени спортски активности како дел од проектот на УСАИД   ,, Зајакнување на социјалната кохезија “ во Р.Македонија . Целта на проектот е да ја зајакне меѓуетничката интеракција меѓу  децата и да го унапреди меѓукултурното образование.

Во спортските активности кои траеа 120 минути учествуваа 75 ученици од трето одделение од ООУ ,,Дане Крапчев” и ООУ,, 25 Мај ” – од Скопје.

Учениците од двете училишта , а и наставниците заедно со нив добија можност да се дружат –  учениците   заедно да се радуваат на  успесите во игрите, а наставниците да разменат професионални  искуства.

Колкава беше радоста и задоволството кај учениците ќе можете да погледнете од  приложените фотографии .

ТРЕТО МЕСТО НА РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР – Француски Јазик

 

На 14 април 2018 во просториите на ООУ “Димитар Миладинов” се одржа регионалниот натпревар по француски јазик за девето одделение.

Ученикот Владимир Грујовски од 9/4 одделение го освои третото место а на државниот натпревар се пласираа и учениците Мартин Трајчевски од 9/1 и Сара Атанасовска од 9/4.

Им честитаме за овој  успех и им посакуваме многу среќа и успех на државниот натпревар кој ќе се одржи на 28.04.2018 на Филолошкиот факултет во Скопје

Наставник ментор – Анета Митевска

Посета на општина Гази Баба

Учениците од четврто оделение на 03.04.2018 година беа во посета на Општина Гази Баба.

Целта на посетата беше учениците да се запознаат со функцијата градоначалник и други вработени во општината.

Беа топло пречекани од страна на градоначалникот Борис Георгиевски кој ги  запозна со функцијата градоначалник и со други вработени во општината и нивните работни задачи.

Јавно се заблагодаруваме на поканата,срдечниот прием и пречекот.