МУЛТИЕТНИЧКА ТРПЕЗА

Во рамките на Проектот за „ Меѓуетничка интеграција во образованието“  на 20.12.2016  во 10.30 h.  се одржа новогодишна Мултиетничка трпеза  во организација на активот на  трето одделение. Мултиетничката трпеза е планирана активност од програмата на тимот за Соработка со родители. Секој одделенски наставник  во соработка со родителите од својата  паралелка организира  активности за подготовка на традиционални јадења. Сите  ученици и нивните родители се вклучија во  истата. На мултиетничката трпеза можеше да се види традиционална храна од секоја етничка заедница: сарми, гравче, баклави, мантии, пити, божиќни колачиња…  Мултиетничката трпеза  им овозможи на учениците развивање чувство на почит , разбирање и вреднување на традиционалните вредности на секоја култура.

Благодарност до сите ученици и родители од III одделение  за  учествoто  и  успешната  реализација на оваа активност.

Одделенски наставник: Лидија Велковска

 

СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИ

 

Во почетокот на месец  декември  во активот на III одделение се одржа час по македонски јазик кој го реализираше родител.  Часот беше планирана активност од програмата на тимот за Соработка со родители а го одржа родителката Маја Кaраџоска – професор по македонски јазик.

Во текот на часот се читаа литературни творби, учениците дискутираа, одговараа на прашања и откриваа  елементи на литературна творба.  Родителката им ја пренесе важноста на читањето на учениците и им ја пренесе пораката

“Дете кое чита ќе порасне во човек кој мисли со својата глава”.

Одделенски наставник: Лидија Велковска

 

V одд. ПОСЕТА НА КИНО – Филм “ Ваијана – Потрага по митскиот остров”

 

На 19.12.2016 (понделник) учениците од петтто одделение при ООУ “Дане Крапчев” – Скопје , беа  во посета на  киното “ Cineplexx “ , со цел да се запознаат со киното  како дел од медиумската култура и да го доживеат амбиентот во него и да ја воочат разликата во проследување филм во домашни услови и кино сала. Учениците  го проследија авантуристичкиот анимиран филм “ВАИЈАНА – Потрага по митскиот остров”.

 

            

 

СОДРЖИНА: Главниот лик е Моана, ентузијаст за пловење по морето, и единствената ќерка на шефот на голем број  луѓе со способност за одлична навигација. Кога на нејзиното семејство и треба нејзината помош, таа тргнува на епско патување. Моана ги користи најзините навигациски вештини за да отплови на митскиот остров. На авантурата  и се придружува нејзиниот херој, легендарниот полубог Мауи.

Одделенски наставник: Даниела Торковска

 

Новогодишна работилница во III – 4 одд.

На 14.12.2016  во 17 h. во рамките  на активностите планирани програмата за работа  на  тимот Соработка со родители и планираните активности на работата на одделенскиот наставника се одржа новогодишна работилница во III – 4 одделение. На работилницата зедоа учество сите ученици од одделението и 13 родители. Во топла и пријатна атмосвера со креативни идеи на родителите и учениците беа украсени училницата на III – 4 одделение и  ходникот  пред училницата .

Истата рабтилница во рамките на проектот МИО допринесе да се украси и холот на  училиштето со честитка напишана на ромски јазик  BAHTALO NEVO BERSH!!!

Благодарност до сите ученици и родители од III – 4 одд. за успешно  учество во новогодишната работилницa.

Одделенски наставник     Јованка Грујовска

Училишно – родителска соработка

На 12.12.2016г. понеделник  со почеток во 17 часот, во соработка со родителите се одржа новогодишна работилница. Во неа учествуваа 11 ученици и 11 родители. Беше украсена целата училница со прекрасни новогодишни декорации и заеднички изработки. Беше голема чест и задоволство да се соработува во весела и пријатна атмосфера. Почитувани родители од мое име и од името на нашите ученици Ви благодариме за Вашето учество и Вашиот придонес во животот и работата на училиштето.
 
                                               Одд. наставник – Светлана Пешовска

НОВОГОДИШНА РАБОТИЛНИЦА СО РОДИТЕЛИ ВО I -3 одд.

На 09.12.2016 год. со почеток во 17.00 часот во училницата на I-3 одд. беше реализирана новогодишна работилница.

Работилницата беше планирана и организирана од одделенскиот наставник Жаклина Атанасовска, учениците и нивните родители, со цел – изработка на новогодишни украси и украсување на училницата.

На работилницата присуствуваа 11 родители и 10 ученици. Во текот на истата во пријатна атмосфера и ведро расположение, во траење од два часа беа изработени поголем број декоративни украси кои беа поставени во училницата.

На општо задоволство, училницата е прекрасно украсена и учениците ќе имаат можност да престојуваат во прекрасен новогодишен амбиент.

 

Одделенски наставник на I -3 одд.

Жаклина Атанасовска

Почитувани родители!

Во текот на оваа седмица, одделенските наставници ќе организираат работилници за новогодишно украсување на училниците. Ве повикуваме активно да се вклучите и воедно да придонесете за пријатниот амбиент во училиштето.

Во периодот од 26.12.-30.12.2016 г. повторно се планираат активности во рамките на Проектот – Меѓуетничка интеграција и тимот за Родителска соработка. Активноста е под наслов  МУЛТИЕТНИЧКА ПРЕДНОВОГОДИШНА ТРПЕЗА . Предновогодишната трпеза ќе ја подготват родителите и наставниците со тоа што ќе приготват традиционални национални  јадења.  Учениците и родителите гости ќе имаат можност да ги вкусат јадењата и да се запознаат со начинот на нивното приготвување.  Поблиски информации за овој настан ќе добиете од одделенските наставници.

Ве повикуваме масовно да се вклучите и да поминете пријатни мигови со Вашите деца и наставниците!

Спортски натпревари

Изминатата седмица нашите фудбалери, кошаркари и одбојкарки имаа настапи во  лигите: фудбал – машки, кошарка – машки и одбојка женски.  Настапите на нашите спортисти беа делумно успешни.  Фудбалерите се закитија со убедлива победа – Дане Крапчев : Кирил и Методиј  (6 : 1 ).   Кошаркарите одиграа шок натпревар и за жал  изгубија за еден поен од домаќинската екипа на ООУ Крсте Мисирков ( 43: 42 )  Нашите  одбојкарки  го изгубија натпреварот против екипата на Крсте Мисирков  (2:0) во сетови.

Сите не можеме да бидеме членови на спортските екипи, но сите можеме да помогнеме за постигнувањето подобри спортски резултати како навивачи. На нашите спортисти сигурно многу ќе им значи нашата поддршка од трибините. Затоа ве повикуваме да ги следите сите натпревари и да им давате несебична поддршка во нивните заложби за постигнување подобри резултати.  Може и да се покрене иницијатива за формирање навивачка група која ќе го актуелизира и промовира следењето на спортските натпревари на нашите екипи.

Обука – Математика +

Во рамките  на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ чија главна цел  е подобрување на наставата и постигнувањата на математичката и јазичната писменост кај децата од одделенска настава,  Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“- Македонија на ден 03.12.2016 реализирашае обука „МАТЕМАТИКА +“ во ООУ „П.П. Његош“  – Идризово .
На обуката присуствуваа и 6 наставника од нашето училиште: Жаклина Атанасовска, Данче Костовска  Јакимовска, Јованка Грујовска, Елизабета Георгиевска, Тања Метикош и Наташа Јосимовска . На обуката беа претставени техники за работа од темите кои се обработуваат на часовите по математика во одделенска настава. Обуката  ја реализираа обучувачите: Александра Павловска и Лулзим Мехмеди.