21 Март – Ден на екологијата
На 27.02.2017 (понеделник) учениците од петтите одделенија при ООУ “Дане Крапчев” – Скопје , во холот на училиштето спроведоа акција за продажба на здрава храна. Се продаваа јаболки , портокали , киви , лимони. Од спроведената акција беа собрани парични средства , кои се предадени на еко – тимот , а истите ќе бидат искористени за обнова на училишните светилки со штедливи.
Нашето училиште по втор пат го доби статусот – Зелено знаме за заложбите од областа на екологијата. Денес ги добивме резултатите од апликацијата и ги споделуваме со вас. Воедно се заблагодаруваме на сите родители, вработени, помагатели и ученици кои го дадоа својот придонес за потврдување на статусот.
Со почит еко тимот при
OОУ Дане Крапчев
На ден 20.12.2016, нашето училиште ”Дане Крапчев” учествуваше на натпреварот УЧЕНИЧКА КВИЗОТЕКА. Овој натпревар се одржа во Детскиот културен центар ”Карпош”. Во овој натпревар учествуваа деца од 8 и од 9-то одделение. Нашето училиште го претставија Александар Недев, Тамара Велковска и Марија Спасовска. Овој натпревар се содржеше од прашања од содржините: географија на Македонија, бонтон, историја и пикадо. Исто така имаше и музички настапи, Миа Јакимовска се претстави со песната ”Две Лири” од Каролина Гочева и Бојан Доневски кој свиреше на хармоника. Нашето училиште го освои второто место на натпреварот.
Предметен наставник
Бранко Атанасоски
На 22.12. 2016 год со почеток во во 18ч. III-4 одделение приреди новогодишна претстава за родителите. Во рамките на вонаставните активности кои ги реализираме во нашето училиште, нашето одделение широко ги отвори вратите за сите родители и другите членови на нивните семејства. Задоволсвото на наставникот е најголемо кога ќе види среќни лица на своите ученици и задоволни родители. Денес како наставник тоа задоволство имав прилика да го почувствувам. Моите третооделенци со нивниот вложен труд ни приредија топла новогодишна атмосфера во која уживавме сите. Со успешни рецитации, драматизации, песни и ритмички точки беа главни sвезди на новогодишната приредба. Нивниот успех во изминатово полугодие беше крунисан со оваа новогодишна празнична претстава. За миг ги сплотиј
а сите присутни, и возрасните и учениците и не пренесоа во прекрасен новогодишен сон. Благодарност до учениците за нивниот покажан резултат и благодарност до родителите за покажаниот интерес и внимание.
Оддделенски наставник
Грујовска Јованка
-Цели:
-Да се потикне јавната свест на локалното население за справување со отпад на соодветен начин
-Опис на настанот /активността:
Драги соседи и минувачи на на нашето училиште Еко тимот при ООУ “ Дане Крапчев “ Ви ги честита претстојните празници и ви посакува се најдобро во Новата 2017-та год..
Искрено Ве замолуваме да внимавате каде фрлате отпадоци .
Сведоци сме дека нашиот училишен двор е се почесто е исполнет со најразличен отпад кој не потекнува од училиштето.Токму затоа ние младите екологисти денеска ги посетивме првите соседи, им ја честитавме Новата Година и им пренесовме порака дека сакаме чист училишен двор.
Училишниот двор е место за уживање и рекреација на учениците и сите Вас, а не депонија.
Овозможете ни го тоа сосовесно однесување и фрлање отпад на соодветно место.
Сите заедно за чиста животна средина!!!
На 29.12.2016 г.со почеток во 17 часот, активот од I одделение ја реализира активноста „Новогодишна мултиетничка трпеза“. Истата е планирана во акциониот план на „Тимот за соработка со родители“ со цел учество на родителите во животот и работата на училиштето. Исто така активноста е испланирана во рамките на проектот „Меѓуетничка интеграција во образованието“ а со цел учество на родителите од сите националности застапени во нашето училиште со подготовка на традиционални јадења и запознавање со истите.
Секој одделенски наставник во соработка со родителите од својата паралелка ја истакна целта и организираше подготовки на активностите за мултиетничката трпеза со традиционални јадења. Сите ученици и нивните родители активно се вклучија и учествуваа во истата. На мултиетничката трпеза можеше да се види традиционална храна од секоја етничка заедница: селско месо, сутлијаш, разновидни пити и погачи, кифли, макала, ајвар, баклави, алва, божиќни колачиња, природни цедени сокови и друго. Мултиетничката трпеза овозможи подобрена соработка помеѓу родителите, учениците и наставниците како и поголемо запознавање на различните јадења, развивање чувство на почит на разликите, разбирање и вреднување на традиционалните вредности на секоја култура.
Активноста помина со големо учество и во многу пријатна и весела атмосвера на големо задоволство на сите. Затоа искажуваме голема благодарност до сите ученици и родители од I одделение за учествoто и успешната реализација на оваа активност.
Одделенски наставници: Билјана Трајановска, Даниела Салтирова, Жаклина Атанасовска, Светлана Пешовска
-Цел:
-развивање на свест за здрава животна средина и важноста на засадување на дрвја за животната средина
-развивање позитивен другарски однос
На ден 30.11.2016г. учениците од нашето училиште „Дане Крапчев“ се вклучија во традиционалната акција по повод Ден на дрвото.
Сите ученици од училиштето заедно со своите наставници се вклучија во акцијата за засадување на дрвца во училишниот двор. Во дворот беа засадени околу 150 млади фиданки од листопадни и зимзелени дрвца кои ќе ја разубават и озеленат нашата околната.
Освен засадувањето на дрвцата учениците вредно ги уредуваа и сезонските цвеќиња засадени во дворот, а спроведоа и акција за расчистување на сметот во училишниот двор.
На 16-102016г. По повод Меѓународниот ден на храната, во нашето училиште се оджа предавање за здрава храна, кое го реазлизраа ЕКО тимот и тимот за соработка на родители. Во присуство на родителите ,наставниците и учениците се одржа едукативно предавање на тема Јаболко-кралица на овошјето , со цел подигање на свеста за здрава храна ,,Кампањата за здрава храна,, има задача да ги потикне учениците да ги заменат нездравите ужинки, со храна која е здрава и богата со витамини.
На ден 30-09-2016-петок во нашето училиште се спроведе еко акција за собирање на стара хартија, е-отпад и пластични шишиња.
И оваа година ја подржуваме акцијата за справување со отпадот – Ајде Македонија! Во кампањата за справување со отпад учествуваа ученици од сите одделенија. Отпадот беше донесен во нашето училиште , собиран во текот на двете смени на посебно означени места и истиот правилно се одложи.
Еко тимот