На 14.11.2023 година, се реализираше воннаставна активност-посета на Планетариум при МКЦ, предвидена со активностите од Проектот „Градиме нови мостови“. На оваа посета учествувавме ние учениците од VI-4 одделение заедно со нашата наставничка Бојана М.Личева и нашиот координатор Роза Јаневска, нашите другарчиња од VI-4 и IV-1 одделение од училиштето ООУ „25 Мај“ со нивните наставнички Теута Хаскај и Сузана Курбардовиќ и другарчињата од IV-а, б и в одделение од ООУ „Наум Наумовски-Борче“ со нивните наставнички Дијана Николовска, Анета Пешевска и Соња Николова и координаторот Даниела Караташова-социолог. На оваа активност како дел од Проектот МИО, поддржан од ОБСЕ, МОН, општина Гази Баба и нашето училиште присуствуваа и претставници од ОБСЕ. Посетата имаше за цел да се обезбеди дополнителен простор за учениците вклучени во заедничките наставни часови да се поттикнат на граѓанскиот ангажман и да се промовира меѓуетничката соработка.
Уште еден успешен заеднички час со нашите другарчиња од ООУ „25 Мај“ и нашите наставнички Бојана М.Личева и Анида Амиди. Овој час беше многу интересен, интерактивен, практичен, а најважното е тоа што имавме и посетители-гости, г-ѓа Емилија Симоновска Јаначковска и г-дин Франческо Бигагли претставници од ОБСЕ/OSCE – Mission to Skopje. Наставната содржина „Пренесување на храна и гасови“ беше многу интересна и поттикнувачка, бидејќи имавме за задача практично да го претставиме респираторниот систем, патот на воздухот низ органите за дишење и да ги именуваме органите. Потоа следеше презентација на изработките, толкување на поимот респирација и претставување на разликата меѓу вдишување и издишување. Споделуваме дел од атмосферата.
Со нашите другарчиња од ООУ „25 Мај“ изградиме уште еден заеднички мост на знаења по предметот Природни науки. Нашите наставнички Бојана и Анида денес не научија за видовите заби и нивната функција. Имавме многу интересни активности кои заедно ги реализиравме. Еве и вие да видите што правевме на овој час! П.С. Се гледаме наскоро! Овој пат со гости на часот. Следете не за да дознаете!
Со нашите сооученици од ООУ “25 Мај” изградивме уште еден мост на знаења по предметот природни науки. . Нашите наставнички Бојана М.Личева и Анида Амиди на интересен начин ни ја пренесоа содржината за органите од дигестивниот систем. Со задоволство ја споделуваме атмосферата од овој час.
Во рамките на проектот на француското Министерство за Европа и надворешни работи за
заживување на наставата по француски јазик во образовните системи на земјите од Западен Балкан, беше оформена мрежата на училишта “Го сакам францускиот“, во која е вклучено и нашето училиште благодарение на квалитетот на наставата по француски јазик кој се предава.
Денес, имаше средба со претставници од сите училишта од мрежата, директорот, професорот по француски јазик , како и по еден ученик, на коктел во Резиденцијата на Франција.
На средбата се разменија мислења, се сподели планот на активности за оваа учебна година, во позитивна атмосфера успешно да продолжи проектот.
Од нашето училиште присуствуваа директорката м-р Адријана Младеновска, наставничката Анета Митевска и ученикот од 9-1 Дејанчо Стојановски.
На 22.09.2023 година одржавме уште еден заеднички час со нашето партнер училиште ООУ „25 Мај”. Овој пат ние бевме домаќини. Редовниот наставен час го одржавме во кабинетот по Природни науки и Биологија, а учесници беа учениците од 6-4 одделение заедно со нивната наставничка Бојана М.Личева и учениците од 6-2 одделение со нивната наставничка Анида Адеми. Учениците со голем интерес го проследија предавањето на двете наставнички, а потоа поделени во групи истражуваа за физичките промени на материите. Секоја група имаше за задача да промени физичко својство на дадена супстанца. Тие успешно и на многу креативен начин успеаа да ги променат физичките својства на хартијата, пластелинот, алуминиумската фолија и жица. Убави импресии и впечатоци, заедничка дружба, заедничко поучување, креации на вештите рачиња на сите дечиња. П.С. Со нетрпение ги
очекуваме следните наши заеднички активности и дружење. Се гледаме наскоро!
Повеќе од 100 учесници од Северна Македонија и од регионот на Балканот, вклучувајќи креатори на политики, директори на училишта, наставници, граѓански организации, експерти и други релевантни чинители, се сретнаа во Охрид од 22-23 јуни на конференцијата за отпочнување на проектот „Квалитетно образование за сите – Северна Македонија“, имплементиран од Советот на Европа, а финансиран од Германија, со цел промовирање на демократијата и човековите права преку образованието. Конференцијата служеше како платформа за споделување искуства каде учесниците можеа да се вклучат во значајни дискусии за промоција на демократските вредности и човековите права во рамките на образованието.
Министерот за образование, г-дин Јетон Шаќири, изрази сесрдна поддршка за активностите на проектот. Препознавајќи ја важноста на образованието во промовирањето на демократските вредности и човековите права, тој ја истакна посветеноста на Владата за унапредување на образовните практики кои го негуваат активното граѓанство и граѓанскиот ангажман.
Еден од главните моменти на конференцијата беа презентации за залагањата на Советот на Европа во областа на образованието за демократско граѓанство и образование за човекови права. Водечкиот проект на Советот, Референтната рамка за компетенции за демократска култура (РФЦДЦ), беше претставен како алатка за опремување на младите луѓе со потребните вештини за одбрана и унапредување на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Тој, исто така, се фокусира на овозможување активно учество во демократските средини и поттикнување мирен соживот во мултикултурните општества.
Во текот на конференцијата, учесниците имаа можност да споделат и дискутираат за националните и регионалните искуства, иновациите и научените лекции од имплементацијата на референтната рамка во останати региони. Овие вредни размени имаа за цел да дадат увид во успешните практики и да одговорат на предизвиците со кои се соочуваат едукаторите во регионот.
Се очекува влијанието на конференцијата да се прошири надвор од самиот настан. Со поврзување на креаторите на политиките, едукаторите и засегнатите страни од Балканскиот регион, се поттикна мрежа за соработка за тековен развој и промоција на демократските образовни практики. Преку овие колективни напори, Северна Македонија и нејзините соседни земји имаат за цел да создадат средина за поддршка која ги поддржува демократските вредности, свеста за човековите права и активен граѓански ангажман кај помладата генерација.
Конференцијата „Едукација за демократска култура – од политика до пракса“ означи значајна пресвртница во стремежот кон квалитетно образование и унапредување на демократските принципи во Северна Македонија. Со посветеноста на учесниците, оваа иницијатива се стреми да обликува една посветла и поинклузивна иднина за регионот.
На конференцијата, претставници од нашето училиште беа дефектологот Катерина Банџо и предметен наставник Роза Јаневска.
Денес нашите ученици од 8 и 9 одд. имаа чест да бидат дел од одбележувањето на – ,,Светскиот ден на пчелата” Настанот се одржа на Земјоделскиот институт во соработка со Општина Гази Баба, ФАО и амбасадата на Р. Словенија. Учениците проследија едукативно предавање за важноста на пчелите за животот на нашата планета и се запознаа со начинот на одгледување пчели и производство на мед. Крајот на настанот го одбележа креативна работилница на која учениците сликаа на сандаци за одгледување пчели кои ќе бидат населени со пчелни семејства во округот на институтот. Исто така засадивме и медоносни растенија кои ќе допринесат за целиот процес и уживавме во заеднички меден појадок. Да не дозволиме да сопре зуењето на и останатите опрашувачи на !
На 19 мај, петок, на часот по француски јазик со деветто одделение имавме гости. Дојдоа четири студентки со нивните лекторки, од катедрата по француски јазик при Филолошки факултет. Студентките ги запознаа учениците со знаменитостите на Париз, а исто така подготвиле квиз и крстозбор со кои нашите ученици се забавуваа. Прекрасна соработка и интересно искуство како за учениците така и за студентите.
Соработката ќе продолжи и понатаму со нови активности кои со нетрпение ги очекуваме.