НАСТАВА ВО ПРИРОДА V одд.

Во период од 09.04.2017  до  13.04.2017 учениците од петтите одделенија од нашето ООУ ” Дане Крапчев – Скопје ,  беа на петдневна настава во природа во Западна Македонија.

Воспитно образовите цели на наставата во природа беа :

– Изучување и истражување на објекти и појави во природата како и односите во општествениот живот ,                                                           учениците непосредно (нагледно) да се запознаат со културните споменици и знаменитости,                                                                             – учениците непосредно (нагледно) да се запознаат со релјефот,                                                                                                                                                    учениците непосредно (нагледно) да се запознаат со видовите населби , археолошки ископини ,                                                – учениците непосредно (нагледно) да се запознаат со нашето подалечно и поблиско минато,                                                                                  учениците да се запознаат со животинскиот и растителниот свет во и околу Охридското Езеро ,                                                                        – запознавање со културата и начинот на живеење на луѓето во одделни краеви ,                                                                                                                  развивање на другарство и социјализација на учениците.

Кон патот за Охрид , попатно ги посетивме :

1 ДЕН– 09.04.2017

  • Манастирот Св. Јован Бигорски ,
  • Вештачкото езеро Глобочица
  • Хидроцентралата Шпиље,
  • Посета на Вевчани.
  • Посета на Вевчански извори,
  • куќата на Михајло Пупин,
  • црквата Св. Никола

Во попладневните часови се сместивме во хотелот Конгресен центар во Охрид.

2 ДЕН  – 10.04.2017

Следуваа низа  посети на културни знаменитости во градот Охрид:

  • Посета на Охрид и прошетка низ Охридската чаршија,
  • Горна порта,
  • Антички театар,
  • Плаошник ,
  • Самоилова тврдина,
  • црква Св. Јован Богослов – Канео,
  • црква Св. Софија,
  • куќата на Робевци
  • Билјанини извори

Активности во попладневните часови, во хотелот: цртање на манастир и негова околина, литературно творење, истражување на животински и растителен свет покрај вода и пишување извештај од истото. А во вечерните часови имавме забава со аниматор.

3 ДЕН – 11.04.2017

По појадокот се упативме кон Струга. Во Струга  ги посетивме следните локации:

  • Посета на градот Струга,
  • Посета на Природонаучен музеј Др. Никола Незлобински,
  • куќата на браќата Миладиновци,
  • чаршијата и течението на реката Црн Дрим.

Активности во попладневните часови, покрај брегот на езерото: работа во групи – пишување извештај од посетата на градот Струга , литературно творење , цртање на езерото , разгледување на релјефот во околината.

4 ДЕН  – 12.04.2017

По појадокот се упативме кон Заливот на коските ( музејот на вода) , а потоа кон Св. Наум.

  • Посета на Заливот на коските,
  • манастирот Св. Наум Охридски,
  • црквата Св. Петка,
  • изворот на реката Црн Дрим ,
  • Мостот на желбите ,
  • Кратка посета на с. Трпејца.

Учениците имаа и незаборавно доживување со возење со кајче со цел да ги видат изворите на Црн Дрим кај Св. Наум.

5 ДЕН  – 13.04.2017

Последниот ден од незаборавната настава во природа  се упативме кон :

  • Античкиот град Хераклеа ,
  • Посета на градот Битола ,
  • Широк сокак.

Сите среќни , задоволни со голем број на впечатоци и доживувања пристигнавме во Скопје во попладневните часови.

 

Предавање на тема “Инклузивно образование”

На 11.04.2017 на Советот на родители се одржа предавање на тема “Инклузивно образование”, подготвено од стручните соработници во училиштето. Презентацијата ја имаше следната содржина:

-Концептуална рамка за човекови права која се темели на образование за сите (Право на квалитетно образование, право на пристап до образование, Право на почитување во рамките на средината за учење , Конвенција за правата на лицата со инвалидност, член 24.

– Дефинирање на инклузивното образование во поширока и потесна смисла

-Бариери во инклузивното образование (психосоцијални, физички и комуникациски и институционални)

-Дефинирање на инклузивниот тим во училиштето

-Бенефити од инклузивното образование

-Целта на инклузивното образование

Велигден во нашата училница!

Учениците на II-1 одд. денес,среда 12.04.2017 цртаа, боеја, креираа, декорираа, пееја се информираа и рецитираа – во чест на големиот ден  – Велигден! Искрени желби за среќни празнични денови за сите наши големи и мали другарчиња и вработени во нашето училиште од нас-учениците на II-1 одд. и нашата наставничка  Данче Костовска-Јаким

НАСТАП НА ПЛОШТАД ВО АВТОКОМАНДА – АПРИЛИЈАДА 2017

Ученици од V и II одделение од нашето училиште , под раководство на нивните наставнички Даниела Торковска и Лидија Ѓоргиева , во петокот на 31.03.2017 учествуваа на Априлијадата која традиционално ја организира општина Гази Баба. Тие настапуваа во забавниот дел на манифестацијата , која се одржа на плоштадот во Автокоманда , каде учениците од V и II одделение настапија со ритмички точки “Пасо добле” и “Во светот на приказните”. На Априлијада 2017, учество земаа ученици од основните училишта и деца од детските градинки од општина Гази Баба.

Одделенски наставник

Даниела Торковска

Регионален натпревар по француски јазик

Задоволство ми е да Ве известам дека на 01.04.2017 (сабота) се одржа Регионалниот натпревар по француски јазик во ООУ „Димитар Миладинов“. Од нашето училиште учествуваа три ученика од IX – 4 одд. Тамара Велковска, Софија Јовановиќ и Марија Спасовска.
 Тамара Велковска освои II место
Софија Јовановиќ освои IV место
Марија Спасовска доби пофалница.
НА 22.04.2017 ОДИМЕ НА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР!
Ментор: Јасмина Ѓоргиева