ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА

На 25.02.2017 год.  се одржа Општинскиот натпревар по МАТЕМАТИКА во организација на Сојузот на математичари на Македонија. На натпреварот нашето училиште зеде учество со 19 ученика од IV до IX одд.   Ги постигнавме следните резултати: освоени 2 први награди, 1 втора награда, 4 трети награди  и 3 ученика се пофалени.

Честитки за учениците и нивните ментори. Продолжуваме понатаму за поголеми успеси!!!

           ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА ООУ“ДАНЕ КРАПЧЕВ“ СКОПЈЕ
ред.број Име и презиме одд. ментор ОСВОЕНА НАГРАДА училиште
1 Павел Наневски VI Билјана Стојановска I награда ООУ“Дане Крапчев“
2 Алексеј Стојановиќ IV Виолета Стоилевска I награда ООУ“Дане Крапчев“
3 Јане Ѓорѓиевски VI Александра Стојчевска II награда ООУ“Дане Крапчев“
4 Дамјан Ѓорѓиевски IX Лиле Сарваноска III награда ООУ“Дане Крапчев“
5 Матеј Трајчевски VIII Лиле Сарваноска III награда ООУ“Дане Крапчев“
6 Тамара Вељковиќ IV Виолета Стоилевска III награда ООУ“Дане Крапчев“
7 Никола Христовски IV Тања Метикош III награда ООУ“Дане Крапчев“
8 Елеонора Маркоска VIII Лиле Сарваноска пофалница ООУ“Дане Крапчев“
9 Методија Тасевски VI Александра Стојчевска пофалница ООУ“Дане Крапчев“
10 Тијана Антовска VI Александра Стојчевска пофалница ООУ“Дане Крапчев“

Општински натпревар по физика – учебна 2016/17 година

На 18.02.2017 год. нашето училиште беше домаќин  на  Општинскиот натпревар по физика во организација на ДФРМ. На натпреварот учествуваа  14 ученика  од  нашето училиште од VIII и IX одд.   Нашите претставници постигнаа завидни резултати: 1 прво место,  6 втори места, 5 трети места и 1 ученик е пофален. Честитки за учениците и нивниот ментор наставничката Јулија Јанкуловска. Горди сме на нив и им посакуваме уште повеќе успеси.

   

  Постигнати резултати на учесниците од нашето училиште

VIII одд IX одд
Ученик Поени Ментор Ученик Поени Ментор
 Матеј Трајчевски 78     III место Јулија Јанкуловска Дамјан Ѓорѓиевски 86    II место Јулија Јанкуловска
Елеонора Марковска 95       I место Јулија Јанкуловска Александар Недев 82    II место Јулија Јанкуловска
Влатко Ристески 79     III место Јулија Јанкуловска Ема Јачева / Јулија Јанкуловска
Иван Лозаноски / Јулија Јанкуловска Максим Младеновски 81    II место Јулија Јанкуловска
Лука Алексоски 85     II место Јулија Јанкуловска Марија Спасовска 58    пофален Јулија Јанкуловска
Петар Стефановски 85     II место Јулија Јанкуловска Ева Коцевска 77    III место Јулија Јанкуловска
Јован Јанковски 80     II место Јулија Јанкуловска Софија Јовановиќ 82    II место Јулија Јанкуловска
Владимир Грујовски 75     III место Јулија Јанкуловска Тамара Велковска 70    III место Јулија Јанкуловска

 Комплетен извештај од натпреварот

Izveshtaj od opshtinski natprevar FIZIKA 2017 

   

Резултати од училишните натпревари 2017

Резултатите можете да ги превземете од следните линкови.

Напомена: Останатите резултати ќе бидат дополнително објавени

Rezultati makedonski -2017 VIII i IX

Rezultati Prirodni nauki – IV odd

Rezultati Prirodni nauki V 2017

Rezultati Matematika IV, V, VI, VII, VIII i IX 2017

Rezultati makedonski 2017 za IV i V

Rezultati makedonski 2017 VI i VII

Rezultati Hemija VIII i IX 2017

Rezultati Biologija  VII odd  2017

Rezultati Biologija 2017 VIII i IX

Rezultati Angliski jazik IV,V,VI,VII,VIII i IX 2017

Rezultati – Geografija 2017 VI, VII, VIII I IX odd.

Втор пат „Зелено знаме“

Нашето училиште по втор пат го доби статусот –  Зелено знаме за заложбите од областа на екологијата. Денес ги добивме резултатите од апликацијата и ги споделуваме со вас. Воедно се заблагодаруваме на сите родители, вработени, помагатели и ученици кои го дадоа својот придонес за потврдување на статусот.

Со почит еко тимот при

OОУ Дане Крапчев

ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА ООУ “ДАНЕ КРАПЧЕВ” – СКОПЈЕ

На 03.02.2017 година со почеток во 12 часот во просториите на ООУ Дане Крапчев , беше обележан патрониот празник на училиштето , односно 39 години од постоењето на училиштето. Беше организирана пригодна програма , во која учествуваа ученици од училиштето. Со ритмички точки се претставија учениците од I – V одд. Тие настапија со следната програма :

I – ритмичка точка на песната Чадот во градот – под раководство на наставничката Даниела Салтирова

II – ритмичка точка  на песната Во светот на приказните– под раководство на наставничката Лидија Ѓоргиева

III– ритмичка точка Зумба – под раководство на наставничката Лидија Велковска

IV – ритмичкa точка Танго , Валцер , Ча – ча –ча – под раководство на наставничката Елизабета Георгиевска

V – ритмичка точка Пасо добле – под раководство на наставничките Даниела Торковска и Елизабета Ордева

Училишниот хор под раководство на наставничката Роза Јаневска , настапи со две композиции , изведба на химната на училиштето и композицијата Пеперуга – од Ј.С.Бах.  Нашата колешка по музичко образование , во живо се претстави со песната Ој, Јано Јано “ , со која изведба предивика овации кај публиката.  Матрицата за песната ја изготви Ванчо Јовчев ( наставник по музичко  во нашето училиште).

Пријатната атмосферата беше надополнета и од страна на училишниот оркестар под раководтсво на наставникот Ванчо Јовчев , а тие изведоа исто така две композиции : Песните на Ана – од Хенри Манцини – за соло  обоа , виола и оркестар , и Море сокол пие која во живо ја испеа нашата поранешна ученичка Дина Јашари. А за сето тоа така да звучи помогнаа и Сара Трајановска и Ана Димовска исто така поранешни ученички во нашето училиште.

Овој патронат започна малку понеобично од сите други , кога на сцената беше изведена и монодрамата  за Дане Крапчев , напишана од страна на наставничката Јагода Филиповска , а во изведба на Лука Карагунов и Катерина Илиевска.

Изразите на лицата на посетителите , вработените , учениците ,  градоначалникот на општината и претставниците од различни институции и фирми со кои училиштето соработува , говореа за успешноста на приредбата и времето поминато во добра атмосфера. А за сето тоа да изгледа така се погрижи координаторот на тимот за културно забавен живот , во нашето училиште Даниела Торковска.

 

Координатор на тимот

за културно забавен живот

Даниела Торковска