РЕАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА Диференцирана настава во инклузивна училница

Во вонредни услови, на температура далеку под нулата, без парно греење наставниците , стручните соработници и директорт на училиштето учествуваа на обука „Диференцирана настава во инклузивна училница“

Училиште/Објект: ООУ „ Дане Крапчев “

Место:  Скопје

Обучувачи: Тања Метикош, Билјана Стојановска

Датум: 17 и 18.01.2017

Учесници: Одделенски и предметни наставници, стручни соработници, директор

Дневен ред:

17.01.2017 (понеделник)
09.00 – 10.00

 

Единица 1.2 Димензии на различноста.Интерподеленост.
10.00 – 11.00

 

Единица 2.1 Клучни елементи на диференцирање. Пирамида на планирање
11.00 – 11.30 Пауза
11.30 – 12.30

 

Единица 2.2 Организација на училницата. Атмосфера во училницата
13.00 – 14.30 Единица 1.1 Измени и прилагодувања на наставни планови, настава на повеќе нивоа
14.30 – 16.00

 

Единица 1.2 Колаборативно учење
18.01.2017 (вторник)
09.00 – 10.00

 

Единица 2.1 Различни видови на оценување Врсничко оценување и самооценување во училницата
10.00 – 11.00

 

Единица 2.2 Повратни информации
11.00 – 11.30 Пауза
11.30 – 12.30

 

Единица 1.1 Проблематично однесување Метод на група за поддршка без обвинување
13.00 – 14.30 Единица 1.2 Градење класна заедница
14.30 – 15.30

 

Лекција 2.1 Соработка со семејствата
15.30 – 16.00

 

Евалуација на модулот

„Различна нација, различна вера, сплотени за раце во иста атмосфера“

-Цели:

-претставување преку поетско читање, песни на различни јазици;

-да осознае дека преку песната може да се искажат чувства кои секој може да ги разбере без разлика на јазикот на кој е напишана;

-развивање љубов кон пишаниот збор и песната;

-развивање позитивен другарски однос;

-развивање и поттикнување на позитивни емоции

На ден 23.12.2016г. во рамките на проектот ,,Меѓуетничка интеграција во образованието,, под мотото „Различна нација, различна вера, сплотени за раце во иста атмосфера“,  ученици од нашето училиште  пред своите соученици  се претставија  преку поетско читање и рецитирање песни на различни јазици. Истите творби имаа можност преку истражување на интернет да ги слушнат  во нивната музичка верзија исто така на различни јазици.

Учесници беа учениците од предметна настава од VIII и IX одделение.

Одговорни наставници: Катица Стојчевска, Елена Малинова, Роза Jаневска

Предновогодишни активности во нашето училиште


УЧЕНИЧКА КВИЗОТЕКА

На ден 20.12.2016, нашето училиште ”Дане Крапчев” учествуваше на натпреварот УЧЕНИЧКА КВИЗОТЕКА. Овој натпревар се одржа во Детскиот културен центар ”Карпош”. Во овој натпревар учествуваа деца од 8 и од 9-то одделение. Нашето училиште го претставија Александар Недев, Тамара Велковска и Марија Спасовска. Овој натпревар се содржеше од прашања од содржините: географија на Македонија, бонтон, историја и пикадо. Исто така имаше и музички настапи, Миа Јакимовска се претстави со песната ”Две Лири” од Каролина Гочева и Бојан Доневски кој свиреше на хармоника. Нашето училиште го освои второто место на натпреварот.

Предметен наставник

Бранко Атанасоски

Новогодишна приредба III-4 одд.

На 22.12. 2016 год со почеток во во 18ч. III-4 одделение приреди новогодишна претстава за родителите. Во рамките на вонаставните активности кои ги реализираме во нашето училиште, нашето одделение широко ги отвори вратите за сите родители и другите членови на нивните семејства. Задоволсвото на наставникот е најголемо кога ќе види среќни лица на своите ученици и задоволни родители. Денес како наставник тоа задоволство имав прилика да го почувствувам. Моите третооделенци со нивниот вложен труд ни приредија топла новогодишна атмосфера во која уживавме сите. Со успешни рецитации, драматизации, песни и ритмички точки беа главни sвезди на новогодишната приредба. Нивниот успех во изминатово полугодие беше крунисан со оваа новогодишна празнична претстава. За миг ги сплотиј

а сите присутни, и возрасните и учениците и не пренесоа во прекрасен новогодишен сон. Благодарност до учениците за нивниот покажан резултат и благодарност до родителите за покажаниот интерес и внимание.

Оддделенски наставник

Грујовска Јованка

Новогодишна театарска претстава

ЕКО патрола во нашето соседство

-Цели:

-Да се потикне јавната свест на локалното население за справување со отпад на соодветен начин

-Опис на настанот /активността:

Драги соседи и минувачи на на нашето училиште Еко тимот при ООУ  “ Дане Крапчев “ Ви ги честита претстојните празници и ви посакува се најдобро во Новата 2017-та год..

Искрено Ве замолуваме да внимавате каде фрлате отпадоци .

Сведоци сме дека нашиот училишен двор е се почесто е исполнет со најразличен отпад кој не потекнува од училиштето.Токму затоа ние младите екологисти денеска ги посетивме првите соседи, им ја честитавме Новата Година и им пренесовме порака дека сакаме чист училишен двор.

Училишниот двор е место за уживање и рекреација на учениците и сите Вас, а не депонија.

Овозможете ни го тоа сосовесно однесување и фрлање отпад на соодветно место.

Сите заедно за чиста животна средина!!!

 

Новогодишна мултиетничка трпеза

На 29.12.2016 г.со почеток во 17 часот, активот од I одделение ја реализира активноста „Новогодишна мултиетничка трпеза“. Истата е планирана во акциониот план на „Тимот за соработка со родители“ со цел учество на родителите во животот и работата на училиштето. Исто така активноста е испланирана во рамките на проектот  „Меѓуетничка интеграција во образованието“ а со цел учество на родителите од сите националности застапени во нашето училиште со подготовка на традиционални јадења и запознавање со истите.

Секој одделенски наставник  во соработка со родителите од својата  паралелка ја истакна целта и организираше подготовки на активностите за мултиетничката трпеза со традиционални јадења. Сите  ученици и нивните родители активно се вклучија и учествуваа во  истата. На мултиетничката трпеза можеше да се види традиционална храна од секоја етничка заедница: селско месо, сутлијаш, разновидни пити и погачи, кифли, макала, ајвар, баклави, алва, божиќни колачиња, природни цедени сокови и друго. Мултиетничката трпеза  овозможи подобрена соработка помеѓу родителите, учениците и наставниците како и поголемо запознавање на различните јадења, развивање чувство на почит на разликите, разбирање и вреднување на традиционалните вредности на секоја култура.

Активноста помина со големо учество и во многу пријатна и весела атмосвера на големо задоволство на сите. Затоа искажуваме голема благодарност до сите ученици и родители од I одделение  за  учествoто  и  успешната  реализација на оваа активност.

 

Одделенски наставници: Билјана Трајановска,  Даниела Салтирова, Жаклина Атанасовска,  Светлана Пешовска

 

Новогодишна забава со мултиетничка трпеза во IV одд.