На 29.03.2024 реализиравме заеднички час со учениците од ООУ” 25 Мај” по предметот природни науки. Низ игра научивме што е електрицитет. Научивме како може да се наелектризирани телата и дека наелектризирани тела привлекуваат други тела. Знаењата успешно ги усвоивме благодарение на интересните експерименти кои ги спроведовме со наставничките по природни науки Бојана М.Личева и Анида Амиди.
ЈП,,Лајка” гости во нашето училиште како дел од проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку Волонтерство” под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје.
Зошто имаме толку многу бездомни кучиња низ улиците?
Зошто е важно да бидеме одговорни и никогаш да не го напуштиме сопствениот миленик?
Како да се однесуваме кон бездомните животни на улица?
Зошто да вдомиш, место да купиш куче?
Кои се нашите права, но и одговорности како сопственици на миленици?
Што значи волонтеризам и придонес кон заедницата?
Како секој од нас може да придонесе за намалување на бројот на бездомни кучиња низ улиците?
Веруваме дека за решавање на проблемот со бездомните кучиња важно е да се влијае на најмладите, преку нивна едукација да се зголеми свесноста за ненапуштање и соодветната грижа за истите. На овој начин ќе се придонесе за долгорочно решавање на проблемот со бездомните кучиња во Скопје и во земјава
Овој час по Природни науки, заедно со учениците од „25 Мај“ се реализираше во просториите на нашето учулиште. Учениците на часот се запознаа со физичките величини маса и тежина. Преку практични вежби,поделени во групи, измерија маса и тежина на неколку предмети (јаболко,портокал,прибор за пишување) и воочија дека масата и тежината се различни величини. Учениците работеа тимски и ангажирано, и сите 10 групи успешно ја извршија задачата: избраа соодветни иструменти и правилно ја измерија масата и тежината. Исто така воочија дека масата влијае на тежината на телата, колку е масата поголема толку е и тежината на телото поголема. Увидоа и дека масата е непроменлива, додека тежината зависи од гравитациската сила, односно каде и да сме во Соларниот систем,масата е иста,но тежинта е различна на различни планети. Часот се одвиваше во пријатна работна атмосфера, наставниците ги мотивираа групите да работат и потоа сработеното го проверивме со кус наставен лист на крајот од часот.
На 19.02.2024 година во просториите на ООУ „25 Мај“ се одржа уште еден заедички час по природни науки. ГРАВИТАЦИЈА! Учениците на часот активно учествуваа во дикусиите, со внимание го проследија излагањето на наставниците и одговорно го сработија работниот лист. Учениците ја идентификуваа гравитацијата како привлечна сила и ја поврзаа како величина која е зависна од масата и растојанието на телата. Пријатна работна атмосфера, дружба, споделување, тимска работа.
На 26.01.2024 учениците од 6-4 одд. беа на посета на своите другари и заеднички се реализираше наставната содржина за Земјини движења. Преку визуелната презентација учениците се запознаа со движењата на Земјата. Преку практична вежба, срочена во облик на игра, ги симулиравме Земјините движења ,а потоа преку дискусија учениците ги увидоа последиците овие движења.
Разгледуваме модели на Соларен систем ,изработени од рацете на нашите учениците и дискутиравме за изученото. Потоа следеше и втората активност- учениците се распределија во парови, составени од ученици од двете училишта и одговорија работен лист со
прашања поврзани со земјините движења. Точноста на одговорите ја проверивме заеднички со нашите наставнички по природни науки Бојана и Анида. Резултатите беа одлични !!!
eTwinning проектот Let’s take climate action! ги доби најпрестижните признанија за квалитет
National Quality Label и European Quality Label.
Основач на проектот е наставничката по англиски јазик Катерина Лукарова, а во него учествуваа ученици од нашето училиште како и 16 наставници и 110 ученици од повеќе држави Италија, Португалија, Шпанија, Турција, Романија и Полска.
Во рамките на проектот беа реализирани најразлични активности преку кои учениците го подобруваа Англискиот јазик, своите комуникациски вештини, тимскиот и натпрварувачкиот дух, мултикултурализмот и толеранцијата.
Учеството во проектот е од непроценливо значење за сите, а задоволството од добиените признанија уште поголемо.
Крајот на ова полугодие го заокружуваме со гости. Имено учениците од ООУ “25 Мај” и нашите од 6-4 се дружеа и учеа за ѕвезди и соѕвездија. Во парови учениците ги исцртаа најпознатите соѕвездија со помош на точкести мапи, а потоа ги пронајдоа виртуелно благодарение на апликацијата Stellarium. Дефинитивно оваа година ќе ја паметиме по природни науки, но и по новите пријателства
На крајот од работната недела одржавме заеднички час по природни науки со другарчињата од ООУ,, 25-ти Мај ,,. Овој пат зборувавме за вселената и Млечниот пат. Училницата за кратко ја претворивме во кино и преку едукативни видео материјали патувавме низ вселената. Видовме како изгледа нашата галаксија и се запознавме со теоријата на големата експлозија. Ви пренесуваме дел од атмосферата преку неколку фотографии.
На 17.11.2023 година се одржа уште еден заеднички час со учениците од ООУ „25 Мај“ и нивната наставничка. Ние бевме домаќини и со радост ги дочекавме нашите другарчиња. Часот беше многу интересен бидејќи правевме квиз–проверка на знаењата за респираторен систем. Имавме капитени во нашите екипи, кутија на знаења-преку техниката аквариум, табела со поени, жири комисија. Преку овој едукативен квиз ги проверивме стекнатите знаења. Имаше и победници, екипа 3 која точно одговори на сите прашања на двата јазика, а останатите две екипи имаа изедначен резултат. Имаше одлична атмосфера и позитивен натпреварувачи дух помеѓу екипите. Соработувавме меѓусебно за да постигнеме успех и ги почитувавме правилата на играта. Погледнете!