На 26.04.2024 г. активот на трето одделение оствари соработка со родителот Вања Јовановски, вработен во Министерството за внатрешни работи кој пред учениците ја презентираше својата професија.
Преку презентација со наслов ,,Мојот кариерен развој” родителот ги информира учениците за своето образование, професионалните обврски, напредокот во кариерата и предизвиците со кои се соочува.
На оваа средба љубопитните учениците добија одговори на многу нивни прашања и научија дека за секоја професија треба да се образуваат, да ја сакаат и да се усовршуваат.
Работилницата се одржа на 06.05.2022 година во Еко градината на нашето училиште. Голема благодарност до учениците од двете училишта, до родителите кои помогнаа во реализација на активностите и благодарност до колегите од ООУ „25 Мај“ кои се вклучени во овој проект.
Беше задоволство за учениците и позитивно искуство при реализација на активност 1„Весели емотикони“ во рамки на проектот „Мултикултурализмот во образованието“ во соработка со нашето партнер училиште ООУ „25 Мај“.
Работилницата се одржа на 06.05.2022 година во Еко градината на нашето училиште. Голема благодарност до учениците од двете училишта, до родителите кои помогнаа во реализација на активностите и благодарност до колегите од ООУ „25 Мај“ кои се вклучени во овој проект.
Почитувани родители, доколку се уште имате потреба од потврда за редовен ученик, истата може да ја добиете и следната седмица од понеделник 16.03.2020 год., од 08 до 12 часот, кога е планиран ротационен распоред на вработените. Барањето може да го превземете Т У К А.Истото, пополнето прикачете го во електронска порака (mail) и пратете го на службениот mail – oudanekrapcev@yahoo.com. Потврдата ќе Ви ја испратиме скенирана електронски со цел да се намали физичкиот контакт. Доколку имате потреба од потврда во оригинал истата ќе може да ја подигнете на шалтерот кај дежурни ученици каде што има и формулари за барање за издавање потврди. За дополнителни информации и измени во протоколот навремено ќе бидете информирани. Со почит!
На 25.12.2019 год. со почеток во 17ч и 30 мин. во нашето училиште се одржа „Новогодишен хепенинг“. Учествуваа наставниците, стручните соработници директорот на училиштето, ученици и родители. Имаше многу убави изработени новогодишни украси, солени пецива, колачи и други изработки кои беа наменети за продажба. За време на хепенингот се чувствуваше прекрасно предновогодишно расположение. Собраните пари секое одделение ќе ги намени за потребите во наставата. Ви благодариме за учеството!
На ден 26.10.2019 нашето училиште ООУ ֦ Дане Крапчев ֞ активно се вклучи во акцијата „Денови на колективно садење дрвја во Македонија“ која е граѓанска иницијатива и се одбележува на ниво на цела држава. Во акцијата освен учениците и наставниците се вклучија и родителите.
Целта е преку засадување дрвја да се ублажат негативните последици од делувањето на човекот и да се поттикне одговорноста што сите ние ја имаме кон животната околина и квалитетот на воздухот. За таа цел засадивме 40 хризантеми и 200 љубичици кои ги обезбеди нашето училиште и 15 садници со Туи Смарагд кои ни ги донираше Пакомак од ЈП Паркови и зеленило од Скопје.
На наше огромно задоволсто во текот на самата акција нé посети и градоначалникот на нашата општина, Гази Баба, господинот Борис Георгиевски, кој се запозна со текот на акцијата и садниците кои ги засадивме.
Секој личен придонос е од суштинска важност, а целта е сами да се активираме, не да чекаме некој друг да го направи тоа наместо нас.
Продолжуваме со мотото:
– Секое дрво е важно. Да засадиме што повеќе! -Да го направиме нашето место подобро место за живеење! –Сите заедно можеме да направиме повеќе!
Меѓународниот ден на храната 16.10.2019 год. и оваа година беше одбележан во нашето училиште. Традиционално се одржа предавање и куса дебатна сесија на тема “Здрава храна” кое го реализираа учениците од 7 одделение под менторство на наставникот по биологија. Оваа година Еко тимот и Тимот за соработка со родители одлучи предавањето и кратката презентација да биде наменета за родителите. По тој повод беа повикани родители од сите паралелки во нашето училиште. На наше големо задоволство одзивот на родители беше голем. Преку интерактивна презентација насловена како “Здрава храна –Здрави деца” учениците од 7 одделение ги запознаа родителите со неопходните материи за здраво тело, во која храна тие се наоѓаат, која храна треба да ја избегнуваме во текот на нашата исхрана, а која да ја преферираме. Потоа учениците преку кратки пораки им дадоа совети на родителите кои сите ние треба да ги практикуваме.На крајот на презентацијата сите заедно погледнаа кратко видео кое не потикна нас наставниците и учениците да бидеме хумани и во периодот од 16 до 22 Октомври да организираме добротворна собирна акција на храна која ќе биде донирана на социјално загрозени семејства.
Ученици кои беа вклучени во активноста се:
Ангела Анѓелкоска, Нина Ристиќ, Јована Деаноска, Матеј и Андреј Крстевски, Кристина Тасева, Дона Тасева , Матеј Спасовски и Теодора Цветковска
Нашата кампања за здрава исхрана има цел да придонесе за подигање на свеста за здравата храна и важноста на правилната исхрана во перидот на раст и развој кај децата.
Благодариме за одвоеното време и
присуството на родителите
На 24, 25, 26.12. 2018 год. на големиот одмор и меѓу смените во нашето училиште се одржа продажба на новогодишни украси, честитки и други изработки во соработка со родителите на нашите ученици. Секој актив учествуваше со своите изработки и истите ги купуваа ученици и вработени. Собраните средства ќе се употребат за потребен училишен материјал и прибор за работа со учениците.