ДЕН за КРЕАТИВНОСТ,СОРАБОТКА и ДОНАЦИЈА

Младите екологисти денес беа дел од текстилна работилница преку која се запознаа со последиците од текстилните отпад.

На гости ни беа претставници од компанијата “Тексмак” кои преку предавање не запознаа со последиците врз животната средина од текстилен отпад.

Заеднички на работилницата стариот текстил го реупотребивме и креиравме од старо ново.

Од оваа соработка произлезе и донација на контејнер за текстилен отпад кој наскоро ќе биде поставен во нашето училиште.

Во прилог фотографии од работилницата.

Одговорни за активноста: Бојана М.Личева и Душанка Китановска – наставници по биологија.

ПРОЕКТ – Еколошки отпечаток на младите во Гази Баба

На 30.10.2024 , учениците од VI до XI одд,учествуваа на работилница во рамките на проектот кој се реализира во соработка со Институт за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени (ИПЕК) , Општина Гази Баба и нашето училиште OOУ “Дане Крапчев”.

На работилницата учениците се запознаа со поимот еколошки отпечаток.

Еколошки отпечаток е мерило за степенот на човековата побарувачка и искористување на екосистемите на планетата Земја. Тоа е стандардизирана мерка за експлоатацијата на  природниот капитал наспроти еколошкиот капацитет на планетата за регенерација. Така што го претставува неопходното количество на биопродуктивно земјиште и море што е нужно за да се задоволат потребите на човештвото за секојдневната потрошувачка на ресурси и асимилација на произведениот отпад.

Учениците имаа прилика да одговорат на прашалник кој ќе им даде слика за тоа каков еколошки отпечаток прават како индивидуи, а добија и едукативни материјали со совети кои доколку ги применат во секојдневието ќе допринесат за одржувањето на еколошкиот капацитет на нашата планета.

Немаме резервна планета, секој од нас има одговорност за животната средина !

Благодарност до едукаторите кои ја реазлизраа ова интересна работилница

Реализирал-Еко тимот на училиштето.

Одговорни наставници: Бојана Личева, Душанка Китановска и Билјана Јовчева.

16 Октомври – СВЕТСКИ ДЕН на ХРАНАТА

Нашите вторачиња денес со активности во чест на 16 Октомври – СВЕТСКИОТ ДЕН на ХРАНАТА.

16 Октомври е датум на основање на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации уште во далечната 1945 г. Овој ден го слават и многу други организации кои се занимаваат со глад и безбедност на храната.

Денес нашите вторачиња овој ден го одбележаа со творење на тема „Овошје и зеленчук “.

Потоа се засладија со вкусно и здраво овошје.

Нивната желба беше едноставна и јасна:

Возрасните да обезбедат квалитетна и здрава храна за сите деца во светот!

Активност подготвена од активот наставници на второ одделение.

22 СЕПТЕМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ

ИДНИНАТА е во превозните средства на две тркала –

СВЕТОТ одамна го прифати тој тренд…

И ние сме ЗА !!!

АЈДЕ да го следиме светскиот тренд !!!

Бидете ЗДРАВИ и СРЕЌНИ !!!

ВОЗЕТЕ ВЕЛОСИПЕДИ

22 АПРИЛ – ,, ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА”

Денес, младите еколози и уметници од нашето училиште обединети во чест на 22 АПРИЛ – ,, ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА”.

Преку изложба насловена: “ОД ОТПАД до УМЕТНОСТ” нашите еколози и уметници се обединија и изработија уметнички дела од отпад, кои беа поставени во училишниот хол.

Преку оваа активност сакаме да потсетиме за потребата од грижа за Планетата и да ја потикнеме јавната свест за селектирање и рециклирање на отпад.

Не заборавајте: Немаме резервна планета !

Земјата ние ја позајмуваме од следните генерации и ја должиме на нашите

поколенија!

Одговорни наставници:

Бојана М.Личева и Марија Н.Наневска.

22 МАРТ – СВЕТСКИ ДЕН НА ВОДАТА

По повод Светскиот ден на водата учениците од 8 одд. изработија хамери и еко пораки за заштеда на водата.

Со нивните изработки потсетија дека:

  • водата е скапоцена;
  • таа е извор на живот;
  • без неа не би можеле да функционираме и да живееме.

Одговорен наставник: Душанка Китановска.

21 Март – ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА

По повод 21 Март – ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА учениците од нашето училиште заедно со ученици од општинските основни училишта учествуваа во акција за засадување нови садници во с. Раштак.

Со оваа активност на дело ја покажавме нашата грижа кон животната средина, како еден од важните предуслови за квалитетен живот

По засадувањето дрвца, со ученици од различни етнички заедници од нашата општина учествувавме во традиционален марш под мотото:

“ПЕШАЧИМЕ ЗА МИР, СОЖИВОТ И ТОЛЕРАНЦИЈА”. Одговорен наставник за активноста: Ивица Петрушевски

16 ОКТОМВРИ “МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ХРАНАТА

ПО ПОВОД 16 ОКТОМВРИ “МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ХРАНАТА” нашето училиште, во соработка со здружението “ЕКГ” и под покровителство на Општина Гази Баба беше дел од манифестација на тема “Здрава исхрана”. .

Учениците проследија едукативно предавање од стручни лица за здрава храна и учествуваа во работилница за приготвување на здрави рецепти. Заедно, учениците и наставниците изработија постери и цртежи на оваа тема.

Наставниците од нашето училиште Бојана М. Личева, Душанка Китановска и Марија Н. Наневска беа вклучени како коавтори на “Мини готвач со вкусни и здрави рецепти ” кој произлезе од оваа соработка. Истиот е достапен во нашата училишна библиотека.

НАШЕТО МОТО СЕКОГАШ Е ,, ДА СЕ ХРАНИМЕ ЗДРАВО ЗА ТЕЛОТО ДА НИ БИДЕ ЗДРАВО”. . .

🫘Во прилог фотографии преку кои ви пренесуваме дел од атмосферата.

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА Е-ОТПАД -14 Октомври

ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА Е-ОТПАД -14 Октомври , ученици од 5. одделение присуствуваа на предавање организирано од еколошката организација ,,Екоѕвон,, во соработка со општина Гази Баба. ♻️Целта е развивање свест за рециклирање на електронски и електричен отпад и заштита на животната средина.

22 Септември – ,,Меѓународeн ден без автомобили “

Tрадиционално и оваа година ЕКО ТИМОТ на ООУ,,Дане Крапчев ” го одбележи 22 Септември – ,,Меѓународниот ден без автомобили “.

Учениците од одделенска настава, од II до V одделение со своите наставнички изработија цртежи и постери чија цел е да ја потикнат свеста за разумно користење на автомобилите, како и користење на алтернативни превозни средства.

Изработките од учениците се изложени на заедничко пано кое го составија учениците од IX-1 одд. и го поставија на видно место во училиштето со цел да се промовира помала употреба на превозни сретства кои користат фосилни горива.

Учениците во дневен престој заедно со својата наставничка Ј. Грујовска исто така спроведоа низа активности во соработка со ЕКО тимот: учениците од 1-во одд. боеа велосипедисти , а учениците од 3-то одд пишуваа пароли за важноста на користење на велосипедот.

Паролите беа поделени на граѓани надвор од училишниот двор. Задоволството на граѓаните и учениците од спроведената активност беше големо.

Наставичката С.Алексиќ, пак , со својата група подели флаери на локалното население околу школскиот двор.

Иако мали, овие активности се од големо значење за подигнување на свеста кај граѓаните за заштита на природата! Во продолжение фотографии во прилог.