УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ создаде СЛАТКА ПРИКАЗНА во ФАБРИКАТА ,,ВИНЧИНИ”!

Денес бевме гости на срдечни домаќини. Низ игри се едуциравме, се забавувавме и се наградувавме. Имавме исклучителна можност да влеземе во ,,Срцето на Винчини” и да видиме како се создаваат Винчини производите.

Новогодишните пакетчиња беа неизбежен подарок за секој од нас!

Голема благодарност до срдечниот тим на ,, Винчини” кои не воодушеви со гостопримството, условите за работа, едукативните работилници и подароците.

Благодарност до нашите наставнички Магдалена Павлеска и Данче Костовска- Јакимовска кои ни ги организираат овие интересни патувања.

Благодарност до нашата директорка Адријана Младеновска која секоја наша идеја ја поддржува и ни овозможува да ја реализираме онака како што сме ја замислиле.

Нашиот Ученички парламент и во 2024 година ќе продолжи да патува и да создава несекојдневни спомени!!!

Прво место за нашите кошаркари од V одделение

ДЕНЕС ГОРДИ СМЕ НА ПРВОТО МЕСТО на НИВО на ОПШТИНА ГАЗИ БАБА, ОСВОЕНО од НАШИТЕ КОШАРКАРИ од V одделение, предводени од наставникот по физичко и здравствено образование ТОМИ СПАСОВСКИ.

На ден 21.12.2023 г. во ООУ ,,Кирил и Методиј”- Стајковци, се организираа натпревари во кошарка за учениците од 5-то одделение под мотото: ,,Кошарката моја игра” каде учество земаа ученици од сите основни училишта од Општината.

Целта на оваа активност е промоција на кошарката како спорт и вклучување на учениците од најмала возраст во спортските натпревари.

Во прилог првопласираните три екипи:

1 место ООУ ,,Дане Крапчев”

2 место ООУ ,,Вера Јоциќ”

3 место ООУ ,,Крсте Мисирков”

Учиме за вселената и Млечниот пат

На крајот од работната недела одржавме заеднички час по природни науки со другарчињата од ООУ,, 25-ти Мај ,,. Овој пат зборувавме за вселената и Млечниот пат. Училницата за кратко ја претворивме во кино и преку едукативни видео материјали патувавме низ вселената. Видовме како изгледа нашата галаксија и се запознавме со теоријата на големата експлозија. Ви пренесуваме дел од атмосферата преку неколку фотографии.