Едукација на тема дентална хигиена

Во месец декември училишниот тим на Црвен крст реализираше едукација на тема дентална хигиена наменета за учениците од одделенска настава. Поголемите ги учеа помалите како правилно да се грижат за забите.Потсетувањето за денталната хигиена не е на одмет, особено во пресрет на празниците кога пред нас ќе има многу слатки 😁

ПОСЕТА на ГРАДИНКАТА 25 Мај

УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ, денес во ПОСЕТА на ГРАДИНКАТА 25 Мај. Со задоволство нашите ученици една седмица изработуваа слики со новогодишни мотиви кои денес им ги подаривме на 40 дечиња од најголемите групи во градинката. Среќни ние – пресреќни тие. Си закажавме средба на пролет .Тогаш ние ќе бидеме домаќини а дечињата и нивните воспитувачки ќе бидат гости на нашето училиште.Благодарност до директорката и сите вработени во градинката за топлиот пречек 😊

Недела посветена за борба против ХИВ/СИДА

Од 1 до 7 декември се одбележува неделата посветена за борба против ХИВ/СИДА. За таа цел тимот на Црвен крст од нашето училиште изработи пано, на кое истакна едукативни материјали за превенција од ова вирусно заболување, начниот на пренесување и ризиците. Ученикот Горазд Стојановски изработи и реферат на оваа тема, кој е достапен на ученичкиот блог. https://druzinatanadanekrapcev.blogspot.com/…/blog-post…

Во реализација на оваа активност учествуваа Теона Марковиќ,

Адриана Стоилевска,

Горазд Стојановски,

Ања Јовановски,

Теодора Стојановска,

Бисера Стојменовиќ, и

Ева Серафимовска

Наградени творби на книжевната манифестација „Есен во Гази Баба“

На ден, 2.12.2022 г., во ООУ ,,Григор Прличев” во населба Железара, се одржа книжевната манифестација ,,Есен во Гази Баба”. На манифестација учествуваа и нашите ученици: Евгенија Зафирова од 9-1, Ангел Крстевски и Тамара Додевска од 8-2, под менторство на наставничките по македонски јазик, Елена Малинова и Марија Шереметкоска. Учениците беа меѓу најдобро наградените есеисти од вкупно 129 есеи. Тие имаа можност да се запознаат и да разговараат со еден од најдобрите македонски писатели за деца, Горјан Петревски.