Во рамките на проектот “Децата не се раѓаат со предрасуди“ на 25.11.2021г. се одржа онлајн средба помеѓу претставници од Здружението СОЛЕМ и учениците од 6-2одд., 6-4одд. и наставници од ООУ “Дане Крапчев“-Скопје. Учениците се запознаа дека оваа организација заедно со возрасните лица со интелектуална попреченст работи за нивно информирање, охрабрување и оспособување, со цел остварување на нивните човекови права и поголема вклученост во заедницата.
Се запознавме со Ива и Александар кои ни се претставија, ни кажаа каде го завршиле нивното основно и средно образование и со што се заниваат. Ива ни ги презентира активностите на лицата во ова здружение на граѓани.
Од страна на Здружение СОЛЕМ е основано првото социјално претпријатие „Handicrafts4u“ каде што тие и возрасни лица со интелектуална попреченост изработуваат производи за секојдневна употреба кои може да се брендираат и да бидат уникатни согласно барањата на клиентите – организации, компании. Преку оваа работа тие ги развиваат вештини со кои можат активно да придонесуваат во нашето општество.
Ива ги запозна учениците со Конвенцијата за правата и потребите на лицата со посебни потреби.
Во понатамошниот тек на средбата следеа прашања од учениците за “Глада Худик Театар” и соработката со Здружението СОЛЕМ и прашања кои беа поствени кон Ива и Александар за нивните активности, интереси, желби, хоби, но следеа и обратни прашања на кои одговараа и учениците.
На оваа средба секој научи нешто ново, запознавање и ново пријателство кое ќе трае и ќе има понатамошни дружби за споделување на мислења и идеи и постигања.