БРАВО ЗА НАШИТЕ МАТЕМАТИЧАРИ!

На денешниот општински натпревар по математика на треиторија на општина Гази Баба одржан на ден 29.02.2020 год. (сабота) во ООУ„Крсте Мисирков“ -Скопје, нашите ученици од сите одделенија покажаа одлични резултати. БРАВО ЗА НАШИТЕ МАТЕМАТИЧАРИ !!! ПРОДОЛЖЕТЕ ДА БИДЕТЕ УСПЕШНИ И НА НАРЕДНИТЕ НАТПРЕВАРИ !!!

  Ученик: Одделение Освоено место МЕНТОР
1 Христијан Гочевски Иваноски 4 одделение 2 место Билјана Трајановска
2 Дамјан Петровиќ 4 одделение 2 место Вилдана Суљовиќ
3 Александар Маџовски 4  одделение 3 место Даниела Салтирова
4 Марија Трајковска 4  одделение Пофалница Светланка Пешовска
5 Давид Арнаудов 5 одделение 1 место Весна Димитровска
6 Лејла Оручу 5одделение Пофалница Лидија Ѓорѓиева
7 Јана Саздовска 6 одделение 1 место Билјана Стојановска
8 Никола Милосковски 6 одделение 1 место Билјана Стојановска
9 Михаела Димчова 6 одделение 2 место Билјана Стојановска
10 Алексеј Стојановиќ 7 одделение 2 место Лиле Сарваноска
11 Тамара Вељковиќ 7 одделение Пофалница Лиле Сарваноска
12 Јана Благојевиќ 8 одделение 3 место Лиле Сарваноска
13 Анастасија Тодевска 8 одделение Пофалница Лиле Сарваноска
14 Павел Наневски 9 одделение Второ место Билјана Стојановска
15 Јане Ѓоргиевски 9 одделение Второ место Билјана Стојановска
16 Тијана Антовска 9 одделение Трето место Билјана Стојановска

Известување

Почитувани родители, ученици, вработени!

На ден 29.02.2020 год. (сабота) според претходно најавеното, во нашето училиште се изврши комплетна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на целата училишна зграда. Сакаме да изразиме благодарност до општина Гази Баба и Алкалоид за донацијата на антибактериски течен сапун, кој ја надополни залихата на хигиенски средства во нашето училиште, а со цел превенција и заштита од корона -вирусот. Истовремено, Ве замолуваме постојано да вршите едукација на учениците за начинот од заштита од било какви заразни заболувања, како и правилно користење на средставата за хигиена во училиштето.

Резултати од општинскиот натпревар по ГЕОГРАФИЈА

На 9 февруари 2020г се одржа општинскиот натпревар за шесто одделение. Од нашето училиште учествуваа учениците:

Теона Марковиќ од 6/4 која освои прва награда

Михаела Димчова 6/2 и Леон Стојановски 6/3 освоија втора награда

Сите тројца се пласира на регионалниот натпревар.

Наставник ментор – Бранко Атанасовски

Им честитаме и им посакуваме многу среќа и успех во понатамошните натпревари.

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД КОРОНА ВИРУС

Вработени во училиштето и ученици кои во последниве две недели престојувале или биле во контакт со лица кои престојувале во кризните подрачја зафатени со коронавирусот да не доаѓаат на наставата. Ова е препораките која денеска ја упати Министерството за образование. Се бара образовните установи во најкус можен рок да обезбедат информации од сите свои вработени, ученици и студенти дали во последните две недели патувале или живеат со некој кој патувал во Ломбардија, Венето, Емилија Ромања и Пиемонт во Италија, како и во Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур и Тајван.

–Лицата кои ќе дадат потврдна информација потребно е да не доаѓаат на работа, односно да не посетуваат настава, додека не добијат соодветни инструкции, односно совети за следни чекори што ќе треба да ги направат зависно од ситуацијата и од планот на надлежните здравствени институции и Владата

National English Essay Challenge 2020-Предизвик за пишување на есеј на Англиски јазик

Мировен Корпус со своите волонтери помогнати од Американското катче и Амбасадата на САД секоја година спроведуваат Предизвик за пишување на есеи на Англиски јазик со цел да се подигне свеста кај учениците дека пишувањето на Англиски јазик е многу важно како и да се мотивираат учениците да создадат интересни есеи.

Право на учество имаат сите ученици од нашата држава од 7 одделение до 4 година. Според тоа учеството е поделено во 3 групи: во прва група влегуваат учениците од 7,8 и 9 одделение, во втора група учениците од 1 и 2 година среддно и во трета група учениците од 3 и 4 година. Секоја група има различна тема за пишување на есејот. Оваа година темата за првата група во која што земаа учество учениците од нашето училиште беше- Imagine your life ten or twenty years from now. What are your dreams, and do they come true? In what way do they serve you and other people? (Замисли си го животот во наредните 10 години. Кои се твоите соништа и дали се остваруваат? На кој начин тие соништа ти помагаат на тебе и другите луѓе?)    

10 ученици учествуваа во Предизвикот за пишување на есеј на Англиски јазик. Тоа се учениците: Теона Димишковска 7-2, Тамара Петрушевска 7-2, Лина Тргачевска 7-2, Дона Тасева 7-3, Алексеј Стојановиќ 7-3, Мила Данева 7-4, Ема Димитриевска 8-1, Лора Донева 8-2, Христина Јовановска 8-2 и Јана Кметовска 8-3. Ученичката Дона Тасева од 7-3 одделение ја освои втората награда. И честитаме на Дона како и на сите ученици што учествуваа во предизвикот. Сите тие имаа навистина прекрасни есеи и се гордееме со нив.

Во иднина се надеваме дека бројот на учесниците во овој предизвик ќе биде уште поголем.

Резултати од општински натпревар по биологија и природни науки

На ден на 15. февруари 2020 год. се реализраше 7.Општински натпревари по биологија  и природни науки за основно образование , на кој учествуваа нашите ученици и ги постигнаа следните резултати:

Алексеј Стојановиќ 7 одд. 2 награда

Стефан Јанковски и Бојана Петровска 7 одд– учество

Анастасија Тодевска 8 одд-пофалница

Алексеј Стојановиќ и Анастасија Тодевска продолжуваат на регионалниот натпревар

Ментор на учениците од 7 и 8 одд. Душанка Китановска

Ања Јовановска 6 одд. III награда- пласман на регионалниот натпревар

Михаела Димчова 6 одд. III награда-пласман на регионалниот натпревар

Петар Ристовски 6 одд. пофалница-н пласман на регионалниот натпревар

Јована Ивановска 6 одд  учество

Методија Тасевски 9 одд. II награда- -пласман на регионалниот натпревар

Јане  Ѓоргиевски 9 одд. III награда- -пласман на регионалниот натпревар

 Ема Котеска 9 одд. и Андријана Антовска 9 одд. пофалница и пласман на регионален натпревар

Ментор на учениците 6 и 9 одд. Бојана М. Личева

Наградите за Општинските натпревари се во зависност од максималните освоени бодови во одредена категорија,повеќе детали на https://biologija.yolasite.com/.

Честитки до учениците и менторите !

Трето место на регионалниот натпревар по француски јазик

На 21 февруари, петок, во ООУ Дане Крапчев се одржа регионалниот натпревар по француски јазик за осмо и девето одделение. Натпреварот за осмо одделение е натпревар за писмен состав на француски јазик, а оваа година темата беше “ L’eau est la vie” – Водата е животот.    Натпреварот за деветто одделение по француски јазик се состои од писмено разбирање, усно разбирање, граматички тест и писмено изразување.

Од нашето училиште имавме претставник на натпреварот за девето одделение, ученикот Методија Тасевски од 9-4 одд кој го освои третото место и понатаму ќе продолжи на државниот натпревар кој ќе се одржи на 14 март 2020г на Филолошкиот факултет.

наставник ментор – Анета Митевска

Недела на информатиката во ООУ „Дане Крапчев“ Скопје

Од 10-14 февруари во ООУ “Дане Крапчев“ Скопје беше одржана “Недела на информатиката“. Во проектот беа вклучени ученици од V -1, VI и IX одделение.  Беа реализирани повеќе работилници и активности. Повеќе може да прочитате на следните линкови

Активности на учениците од шесто и девето одделение

Активности на учениците од V-1 одделение

„Кој ќе го освои срцето на Сара“ – театарска претстава

Во склоп на програмата за меѓуетничка интеграција во образованието беше реализирана предвидената активност за месец февруари 2020 година: изведба на театарска претстава под наслов „Кој ќе го освои срцето на Сара“.

Во период од 12.02.2020 до 20.02.2020 година, се реализираа 15 театарски претстави во Домот на култура „Чекори“ во населбата Автокоманда. Текстот за претставата го напиша, а воедно и ја постави на сцена Изабела-студент на Факултетот за Драмска уметност, а учесници-глимци во театарската претстава беа ученици на возраст од 3-то до 9-то одделение од сите 11 училишта на општината Гази Баба и од различна етничка и верска припадност. Учениците кои учествуваат во претставата се екипа и како тим ја претставуваат општината. Инаку, од нашето училиште во претставата учествуваа двајца ученици од 7-мо одделение – Јасин Малиќи и Анелија Ајваз и ученикот Рохан Крујезиу од 9-то одделение кој беше ангажиран за музиката која оди во позадина на претставата меѓу која е и химната на Општината под наслов „Мостови на другарство“, напишана на три јазика (македонски, албански и англиски) која се изведуваше на крајот на секоја од претставите и сите посетители можеа да се качат на бината и заеднички да ја пеат.

Одговорен наставник кој ги подготвуваше учениците за своите улоги во претставата беше наставничката по македонски јазик Елена Малинова, а одговорен наставник за музиката покрај ученикот беше наставничката по историја Роза Јаневска.

Сите 15 претстави се реализираа во 7 работни дена и тоа се со цел да можат учениците од сите 11 училишта да ја проследат. На крајот на претставата се случија солзи, многу цврсти прегратки, се случи заедништво, потреба за повторно видување. А всушност тоа беше целта почитување на различностите, толеранција, заедништво, градење на мултикултура и интеркултура. Билетите за претставата чинеа по 100 денари и имаат хуманитарна и општествено корисна улога.  Затоа дел собраните средства од билетите се наменија за подароци и заедничка фотографија за сите учесници во претставата,  за Изебела која ја напиша и постави претставата и остатокот од собраните средства ќе биде наменет за набавка на вреќи за седење во дневниот престој на нашето училиште. За оваа набавка која ќе следи во блиска иднина одлучи тимот на наставници од МИО, претседателот на Ученичкиот парламент, ученикот јавен правобраните и директорот на училиштето. На 19.02.2020 година на овие претстави беа присутни и градоначалникот на општина Гази Баба, претставници од ОБСЕ, главниот координатор на овој проект Анита Ангелова, претставници од општината, а претставата доби и свој видеозапис од страна на фото студио Маестро. За секое училиште имаше обезбедено и бесплатен превоз од страна на ЈСП.