Да ја заокружиме 2019 година

На крајот на оваа календарска година, би сакале да известиме за сѐ она што е направено за подобрување на условите во нашето училиште.

За модернизирање на наставата, набавени се вкупно 16 интерактивни табли. Така сега од вкупно 24 училници, 20 училници се опремени со интерактивна табла.

  • За промовирање на успесите на учениците во холот и ходниците поставени се витрини каде се изложени добиените пехари, статуетки, дипломи и сертификати
  •  За подобрување на топлинскиот капацитет, стариот и оштетен котел за нафта е заменет со нов 700 kw котел
  • Со цел училиштето да биде енергетски ефикасно, на целата училишна зграда изработена е термоизолациона фасада

Направено е хортикултурно уредување на училишниот двор

За транспарентно и навремено информирање за тековните настани како и за промоција на успесите на учениците, во холот на училиштето поставен е информативен лед дисплеј

За континуирано и поквалитетно одржување на хигиената во училиштето набавена е машина за чистење подови

Сите овие проекти се реализирани по добиена согласност, како и целосна поддршка од градоначалникот на општина Гази Баба – Борис Георгиевски, финансиска подршка од МОН и општина Гази Баба за што сакаме да изразиме голема благодарност.

На крај Ви посакуваме Среќна Нова година, добро здравје, мир, љубов и напредок на сите полиња

Државен рецитаторски натпревар

Поезијата е огледало на душата, таа е магија која станува волшебна во моментот кога некој толку искрено, доживеано од дното на душата ќе ја пренесе и ќе направи волшепството да заживее во душата на секој што ја слуша. Нашите, Тамара Вељковиќ од VII-3 и Давид Цветковски од VIII-3 одд. на рецитаторскиот натпревар што се одржа на Филолошкиот факултет,,Блаже Конески” на 28.12.2019 г. беа токму тие кои беше задоволство да слушаш како на зададените творби им дадоа дух, а присутните уживаа во магијата што тие им ја пренесоа со нивните рецитаторски вештини. Им посакуваме уште многу успеси во иднина.

Збирка раскази и песни “Моето патување во Фантазија”

Ученикот Христијан Гочевски Иваноски од  IV 1 одд.  на ден  27-12-2019 учествуваше на промоција на збирка раскази и песни “Моето патување во Фантазија”. Настанот  се одржа во холот на Националната Филхармонија.  Учество зедоа  сите ученици  чии дела се избрани на конкурсот, како и нивните ментори и директори на училиштата.

Ученикот Христијан Гочевски Иваноски напиша песна под менторство на наставничката Билјана Трајановска. Песната беше избрана на конкурс за  да биде дел од оваа збирка на раскази и песни.

На настанот  се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев. Тој искажа дека ова е книга од деца за деца, без реклами што ја прекинуваат забавата на најинтересното, нема батерија што се троши, може да се стопира и паузира и да се враќаат најубавите моменти во неа.

Оваа збирка е заеднички успех на сите деца кои испратија творби да бидат објавени во неа, создаде нови јунаци и жители на Фантазија за кои ќе читаат врсници на детските автори, бидејќи книгата ќе биде дистрибуирана во училишните библиотеки.

Новогодишен хепенинг

На 25.12.2019 год. со почеток во 17ч и 30 мин. во нашето училиште се одржа „Новогодишен хепенинг“. Учествуваа наставниците, стручните соработници директорот на училиштето, ученици и родители. Имаше многу убави  изработени новогодишни украси, солени пецива, колачи и други изработки кои беа наменети за продажба. За време на хепенингот се чувствуваше прекрасно предновогодишно расположение. Собраните пари секое одделение ќе ги намени за потребите во наставата. Ви благодариме за учеството!

Реализирана детската иницијатива за заштитна ограда

На отворениот ден на граѓанско образование, под мотото ,,НИЕ ДЕЦАТА МОЖЕМЕ МНОГУ” кој се одржа на 13.12.2019 учениците ги презентираа сите нивни иницијативи  кои се реализирани но и оние за кои бараат помош и очекуваат да се реализираат.

Една таква иницијатива е и поставување на заштитна ограда пред училиштето. Градоначалникот вети дека ќе се потруди тоа да биде реализирано што побрзо. И еве денес ја имаме заштитната ограда на тротоарите пред нашето училиште, ограда која ни е многу важна затоа што училиштето е на главна улица.

Голема благодарност до Градоначалникот и до општина Гази Баба.

Посебно сме горди затоа што децата успеаја и го реализираа своето барање

,,Социјална правда за квалитетно образование”

Најдобро се учи од изминатите животни лекции на постарите. Нашите ученици од училишниот клуб за детски права кои се вклучени во проектот ,, И јас имам глас”, на 19 декември беа дел од настанот Speech 4 Teach организиран од фондацијата за образовни и културни иницијативи ,,Чекор по чекор ”. Тие заедно со нивните наставници кои се вклучени во проектот имаа можност во МКЦ да присуствуваат на прекрасни инспиративни говори на тема: ,,Социјална правда за квалитетно образование ” токму од луѓе кои навистина поминале низ животните лавиринти на социјалната неправда но сепак успеале да стигнат до својата замислена цел на социјалната правда. Ние, наставниците, родителите,психолозите сме оние кои во своите раце го имаме најмоќното оружје со кое можеме да го промениме светот!

ОТВОРЕН ГРАЃАНСКИ ДЕН ВО ООУ ,,ДАНЕ КРАПЧЕВ “

Денес, ние учениците, наставниците и директорот на ООУ,,Дане Крапчев” бевме домаќини на отворен ден на граѓанско образование, под мотото ,,НИЕ ДЕЦАТА МОЖЕМЕ МНОГУ” !

    Со големо задоволство, сите ние –големи и мали пречекавме многу гости. Горди сме  што пред многу возрасни, градоначалникот, претставници од БРО, директорот ,наставниците, родителите зборувавме за граѓански вредности.

  Пред сите нив ,го претставивме  нашиот Училишен парламент – на кој сме  особено горди .

  Ги презентиравме сите наши иницијативи  кои се реализирани и оние за кои бараме помош и очекуваме да се реализираат.

 Се покажавме како одлични млади оратори. Деца сме но ги знаеме аномалиите на денешното општество

 Му кажавме СТОП на насилството.

Кажавме НЕ на дискриминацијата !

 Кажавме ДА на детските права.

Кажавме  ДА на меѓуетничката интеграција во училиштата.

Горди сме на различностите во нашето училиште. Токму затоа денес зборувавме и пеевме на многу јазици .Горди сме на граѓанските вредности на кои не учат содржините од предметот граѓанско образование.

Горди сме што сите го слушнаа нашиот глас .

Деца  сме, но верувајте ги знаеме граѓанските вредности .

     Гласно ќе кажеме- ние децата на ООУ Дане Крапчев , денес се надминавме себе си , ги воодушевивме возрасните и им дадовме надеж да веруваат во нас –ние сме идните граѓани-водачи на оваа земја .

 Сите ние, учениците и возрасните во училиштето -препознатливи сме по тоа што секогаш целиме високо напред.

ДЕНЕС И ВОЗРАСНИТЕ ПРИЗНАА-НИЕ ДЕЦАТА МОЖЕМЕ МНОГУ !

Млади Франкофони од “Дане Крапчев”

На 30 ноември 2019 година,на Филолошкиот факултет “Блаже Коневски” во Скопје се одржа државниот натпревар по француски јазик за седмо одделение на кој земаа учество и тројца ученици од нашето училиште: Алексеј  Стојановиќ од 7-3 одд, Јована Деановска од 7-4 и Стефан Јанковски од 7-4 под менторство на наставничката Јасмина Ѓоргиева. Младите франкофони од “Дане Крапчев” покажаа одлично знање и успешно го претставија нашето училиште.

Во продолжение на денот, студентите подготвија забавни работилници за седмоодделенците кои се натпреватуваа. Два часа учениците играа разни игри на француски јазик и другаруваа.

Од 16.00 часот во Салонот 19.19 се одржа свечена приредба по повод Меѓународниот ден на професорите по француски јазик и 20 годишнината на Здружението на професори по француски јазик. На свеченоста присуствуваше и Амбасадорот на Франција, господин Кристијан Тимоние, советничката по француски јазик во БРО г-ѓа Кети Димнковска, г-ѓа Љупка Димова и г.Емануел Рамбер од Францускиот Институт во Скопје како и многу професори од Филолошкиот факултет и поранешни претседатели на ЗПФРМ.  Програмата ја збогатија нашата ученичка Јана Стоилевска со прекрасната изведба на песната Je vole од Louane и хорот со песната Tout le Bonheur du monde од Kids United под менторство на наставничките Анета Митевска и Роза Јаневска.

Распоред за додатна и дополнителна настава, секција и воннаставни активности за месец Декември

Распоред за одделенска настава на следниот линк

одделенска настава

Распоред за предметна настава на следниот линк

предметна настава