МУЛТИЕТНИЧКА ТРПЕЗА
Во рамките на Проектот за „ Меѓуетничка интеграција во образованието“ на 20.12.2016 во 10.30 h. се одржа новогодишна Мултиетничка трпеза во организација на активот на трето одделение. Мултиетничката трпеза е планирана активност од програмата на тимот за Соработка со родители. Секој одделенски наставник во соработка со родителите од својата паралелка организира активности за подготовка на традиционални јадења. Сите ученици и нивните родители се вклучија во истата. На мултиетничката трпеза можеше да се види традиционална храна од секоја етничка заедница: сарми, гравче, баклави, мантии, пити, божиќни колачиња… Мултиетничката трпеза им овозможи на учениците развивање чувство на почит , разбирање и вреднување на традиционалните вредности на секоја култура.
Благодарност до сите ученици и родители од III одделение за учествoто и успешната реализација на оваа активност.
Одделенски наставник: Лидија Велковска