Државен натпревар по Биологија

На 11.05.2019  на Природно математичкиот факултет се одржа државниот натпревар по Биологија . Ученичката Анастасија Тодевска од VII одд. освои 85 бодови и  освои II награда.  И честитаме за освоената награда  и посакуваме успех во следните натпреварувања.

Ментор – Душанка Китановска.

Резултати од регионален натпревар по Математика

На 13.04.2019 се одржа регионалниот натпревар по математика во ООУ“Кочо Рацин“- Петровец. Од нашето училиште учествуваа 10 ученици и ги постигнаа следниве резултати

 

Давид Арнаудов  IV одд – ПРВА НАГРАДА

 

Алексеј Стојановиќ VI одд ВТОРА НАГРАДА

 

Јана Благојевиќ VII одд ПОФАЛНИЦА

 

Јане Ѓоргиевски VIII одд ПОФАЛНИЦА

 

Честитки за сите учесници!

Општински натпревар по англиски јазик

На 23.03.2019 се одржа општинскиот натпревар по англиски јазик за ученици од 5 до 9 одд.

Од нашето училиште учествуваа следниве ученици и ги освоија следниве места:

5 одд.  Дарија Саравинов  5-3 – III место

Горазд Стјановски 5-4

6 одд.  Алексеј Стојановиќ  6-3  – I место

Тамара Вељковиќ 6-3

7 одд.  Јана Кметовска 7-3

Мартин Атанасовски 7-4

8 одд.  Вероника Неделковска 8-4 – II место

9 одд. Лука Карагунов  9-1 – II место

Петар Здравевски  9-4

Резултати од општинскиот натпревар по биологија и природни науки 2018/2019

На 23.02.2019 во ООУ   „25 Мај ֞ се одржа Општинскиот натпревар по Природни науки и Биологија на кој земаа учество и ученици од нашето училиште од V до  IX одделение.

Учениците ги  постигнаа следниве резултати:

 

 

 Име и презиме Одделение Ментор Освоена награда
Петар Ристовски V Душанка Китановска III награда
Лука Сиљаноски V Душанка Китановска III награда
Ања Јовановска V Душанка Китановска III награда
Михаела Димчева V Сашка Крстевски III награда
Антонија Владевска V Сашка Крстевски Пофалница
Јована Ивановска V Душанка Китановска Пофалница
Стефан Јанковски VI Душанка Китановска III награда
Марија Стојановска VI Душанка Китановска III награда
Алексеј Стојановиќ VI Душанка Китановска Пофалница
Јована Деаноска VI Душанка Китановска Пофалница
Анастасија Тодевска VII Душанка Китановска II награда
 Лука Ристиќ VII Душанка Китановска Учество
Павел Наневски VIII Бојана М. Личева III награда
Методија Тасевски VIII Бојана М. Личева III награда
Јане Ѓеоргиевски VIII Бојана М. Личева Пофалница
Ивана Додевска IX Бојана М. Личева I награда
Маја Стојановска IX Бојана М. Личева II награда

 

 

Честитки за постигнатите резултати!

Наградените и пофалените ученици продолжуваат на регионалниот натпревар по Природни науки и биологија кој ќе се одржи на 23.03.2019 год

Многу успех и понатаму!

ЗА ЖЕНИТЕ

Сте чуле ли некогаш за упорност до крај,

за борење до последен здив,

за очи полни сјај?

 

Сте чуле ли за плешки како карпи,

За срце кое сака да пукне, а не смее,

За срце кое душа нема, а од љубов тлее?

 

Сте чуле ли за ноќи кои се потемни и од ноќ,

За утра кои се чини нема да разденат,

За колена кои клекнуваат и губат моќ?

 

Сте чуле за глас кој од бол трепери,

за глас кој и тогаш утеха ќе ти пружи,

за глас кој не се предава, а се гуши?

 

Сте чуле ли за пожртвуваност и љубов,

за откажување од последно парче леб,

за посветување некому живот сет?

 

Сте чуле ли за срце кое повеќе сила нема,

за истото тоа кое и тогаш замав зема,

за срце кое за друг од себе се збогува?

 

Сте чуле ли за време бреме кое седата коса го носи,

за приказни во линиите околу изморените очи,

за солзите позади насмевките сочни?

 

А сте чуле ли за жена,

за борец, непокор, моќ?

 

Сето ова е жена,

онаа како гранка која ја виткаат,

а не се крши.

 

Ова сме ти и јас,

ова сме сите жени на овој свет,

ова сме ние кои се слушаме и кога немаме глас.

 

Илина Тодева IX 1 одд.

 

I награда на литературниот конкурс

по повод 8 Март – Ден на жената

 

 

ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС И ЛИТЕРАТУРНО ЧИТАЊЕ НА ТЕМА 8 МАРТ – ДЕН НА ЖЕНАТА

 

По повод празникот 8-ми Март – Денот на жената  во нашето училиште ,,Дане Крапчев” беше организиран литературен конкурс. Право на учество на конкурсот имаа сите ученици од нашето училиште, а учествуваа   29 од нив со лични литературни творби.

На денешното литературно читање кое се одржа во просторијата на училишната библиотека во присуство на неколку наставници, директорката и библиотекарот со почеток во 12.00 часот, преку поетски и прозен  литературен мозаик учениците ја покажаа почитта и љубовта кон своите мајки, баби и наставнички…

За оваа пригода беа доделени награди (книга) за најуспешните литературни творби во предметна и одделенска настава и тоа:

I награда за личната творба ,,За жените” – Илина Тодева IX 1 одд.

I награда за лична творба ,,Мајка” – Кирил Недев IV 4

II награда за личната творба ,,Мојата мајка” – Ања Јованова V4 одд.

Библиотекар – Жаклина Атанасовска

Резултати од училишниот натпревар по француски јазик

Screenshot_1

Училишниот натпревар по француски јазик  беше одржан на 01.03.2019 год. Беа постигнати следните резултати:

VIIодд Од максимум 50 поени
1 Ангела Милановиќ 7/1 702 44 I место
2 Сара Гичевска 7/3 704 43 II место
3 Лорина Јакимовска 7/3 705 42 III место
VI одд Од максимум 60 поени
1 Алексеј Стојанов 6/3 602 56 I место
2 Тамара Петрушевска 613 48 II место
 

IXодд

 

Од максимум 40 поени

1 Катерина Илиевска 9/1 902 38 I место
VIII Од максимум 30 поени
1 Методија Тасевски 8/4 802 28.5 I место

 

РЕЗУЛТАТИ ОД ОПШТИНСКИОТ НАТПРЕВАР ПО МАТЕМАТИКА

pormath.jpg

На 02.03.2019 година, во просториите на ООУ „Вера Јоциќ“ се одржа општинскиот натпревар по математика за ученици од IV-IX одделение. Од нашето училиште ООУ„Дане Крапчев“ учество зедоа 17 ученици. Ги постигнаа следниве резултати:

 

Име и презиме одд. ментор Освоена награда
Давид Арнаудов IV Весна Димиртовска II
Андреј Јордановски IV Данче Костовска Јакимовска III
Даријан Сарвиновски V Наталија Николовска III
Тамара Вељковиќ VI Лиле Сарваноска II
Алексеј Стојановиќ VI Лиле Сарваноска II
Бојана Петровска VI Лиле Сарваноска Пофалница
Христина Јовановска VII Лиле Сарваноска III
Јана Благојевиќ VII Лиле Сарваноска Пофалница
Јане Ѓорѓиевски VIII Александра Стојчевска II
Катерина Илиевска IX Билјана Стојановска Пофалница
Ивана Додевска IX Билјана Стојановска Пофалница

 

Честитки за постигнатите резултати!

Наградените и пофалените ученици продолжуваат на регионалниот натпревар по математика кој ќе се одржи на 30.03.2019год

Многу успех и понатаму!

Резултати од училишниот натпревар по физика

 

fizika-takmicenje

Членови на комисијата за натпреварот:

  1. Јулија Јанкуловска
  2. Лиле Сарваноска
  3. Билјана Стојановска
Ментор Ученик VIII одд Задачи Вкупно поени Место
1 2 3 4 5
Јулија Јанкуловска Методија Тасевски 20 20 20 20 17 97 I
Јулија Јанкуловска Тијана Антовска 20 20 20 7 15 82 II
Јулија Јанкуловска Јане Ѓорѓевски 20 5 5 20 20 70  

 

Ментор Ученик IX одд Задачи Вкупно поени Место
1 2 3 4 5
Јулија Јанкуловска Ивана Додевска 17 20 20 15 12 84 I
Јулија Јанкуловска Петар Здравевски 17 19,5 20 12 12,5 81 II

 

Приговори за одржаниот натпревар и резултатите од него немаше.

РЕЗУЛТАТИ ОД УЧИЛИШНИОТ НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА

Р.бр Име и Презиме Одд. Освоени бодови
1. Алексеј Стојановиќ VI-3 68        I место
1. Теодора Велковска VII-4 71     I место
2. Лорина Јакимовска VII-4 70     II место
3. Јана Благоевиќ VII-1 67     III место
4. Ема Димитриевска VII-1 67     III место
1. Андријана Антовска                 VIII-2 44       I место
2. Марко Смилевски              VIII-2 40      II место
1. Моника Блажевска              IX-1 47       I место