Еко активности по повод 21-ви Март

– Ден на пролетта и екологијата

По повод Денот на пролетта – и Ден на екологијата 21-ви Март, нашето училиште ООУ „Дане Крапчев“ организираше акција за чистење на училишниот двор и просториите во училиштето и засадување на љубичици во училишниот двор.

Во акцијата беа вклучени сите ученици од 1 до 9 одделение заедно со нивните класни раководители.Најмалите ученици од 1 до 3 одд.ги уредуваа и полеваа саксиските цеќиња во училиштето, но се погрижија и за уредноста на своите училници и холовите.Ученици од 4 до 9 одделение се вклучија  во расчистување на училишниот двор од смет кој зад себе го оставаат несовесните минувачи .

Активностите продолжија со уредувањето на  жардињерата во предниот дел од дворот. Жардињерата се наполни и обработи  со почва и со тоа се подготви теренот за засадување на сезонски цвеќиња.

Во знак на пролетното будење на природата во жардињерата учениците од IX одд, учениците од Еколошката секција и од Еко тимот засадија 100 корени на сезонски цвеќиња од видот на љубичици.  

Голема благодарност и до сите ученици кои во голем број донесоа љубичици и сезонски цвеќина  кои исто така ќе го разубавуваат нашиот училишен двор.

„Скопје цвета”- Скопски цветен фестивал

Оваа сабота се одржа шестиот Скопски цветен фестивал, под покровителство на Град Скопје, под мотото „Скопје цвета”.

Во цветно дефиле учествуваа младите екологисти од нашето училиште кои се обидоаа на уникатен начин да  ја покажат својата креативност и да научат нешто повеќе за цвеќето, како и да се подигне јавната свест за заштита на животната средина.

Посетителите  имаа  можност да учествуваат и во целодневни: да проследат анимации за деца, да вежбаат јога и зумба на отворено, да слушаат музика, да погледнат и учествуваат во најразновидни цветни перформанси и декорации.

Оваа година на манифестацијата  се претставија повеќе од 30-тина изложувачи- цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, институции и невладини организации од областа на екологија,меѓу кои и еко тимот од нашето училиште ООУ “Дане Kрапчев”.

Одговорни наставници

Б.Личева и Д.Китановска







22 Април – Ден на планетата Земја

Учениците од еколошката секција го одбележаа Денот на планетата Земја – 22 Април со изработка на пано на кое ги искажаа своите заложби за чиста животна средина.

Еколозите од нашето училиште апелираа за поголема грижа  на луѓето за планета Земја и ги истакнаа последиците од неконтролираното загадување на животната средина.

Чистата животна средина е основно човеково право

22 Април – Ден на планетата Земја…

Овој ден за првпат е одбележан во САД, кога се одржани најголемите еколошки демонстрации во историјата.

Историскиот датум со кој се означува почетокот на будењето на еколошката свест на човештвото се смета 22 април 1970 година, кога околу 200.000 лица протестираа против загадувањето на животната средина од која зависи опстанокот на човекот и на сите животински и растителни видови на нашата планета.

Протестите беа организирани во САД, кога околу 30.000 тони сирова нафта истекоа во Пацификот и ја загадија плажата во заливот Санта Барбара. Луѓето кренаа глас против еколошкото насилство, а беа предводени од тогашниот американски сенатор од Илиноис, Гејлор Нелсон, кои побара екологијата да добие национален приоритет. Тогаш е формирано првото Движење за заштита на животната средина.

Од 1992 година овој ден  се одбележува и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави.

Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.

Препораката е да се инвестира во ефикасни и обновливи извори на енергија и да се намали загадувањето и да се забават климатските промени предизвикани од човекот.







Активности по повод 21 Март – Ден на пролетта (Денови на екологија)

Нашето училиште ООУ “Дане Крапчев” и оваа година со еколошка акција го одбележа 21 Март – Ден на пролетта.

Активностите започнаа со уредувањето на  жардињерата во предниот дел од дворот. Со помош на локалното население жардињерата се наполни и обаработи  со квалитетна почва и со тоа се подготви теренот за засадување на сезонски цвеќиња.

Во знак на пролетното будење на природата во жардињерата учениците од IX одд. засадија 100 корени на сезонски цвеќиња од видот на љубичици .

Учениците  од предметна настава спроведоа акција за расчистување на училишниот двор од смет кој зад себе го оставаат несовесните минувачи .

Исто така во дворот се спроведе и акција за плевење ,окопување и наводнување  на постоечкото зеленилото.

Во училишната зграда учениците од одделенска настава ги уредија и полеваа саксиските цеќиња, но се погрижија и за уредноста на кабинетите и холовите.

Учениците од ликовната и еколошката секција со предметните наставници ги разубавија паноата со изложба на цртежи и пораки на тема “Природа” и “Екологија”.

 

 

Коорднинатор на еко активностите

Бојана М. Личева и Еко –тимот при ООУ Дане Крапчев

 







Голема Еко акција во училишниот двор на ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје

Оваа седмица на инцијатива од  нашиот  Еко-тим во соработка со Јавното Комунално Претпријатие „ Гази Баба 2007” се спроведе  голема Еко-акција. Акцијата опфати  расчистување на отпадот расфрлен во задниот дел на училишниот двор  од страна на несовесни граѓани.

Со помош на механизација на ЈКП „Гази Баба 2007“ се расчисти оргомна количина на отпад на кој местото не му е во нашиот училишен двор.

Сакаме да апелираме до сите граѓани кои гравитираат низ нашиот двор дека тој е место за рекреација и дружење на нашите ученици , а не депонија !!! Несоодветно одложениот отпад е опасен за здравјето на сите нас!

Во иднина се надеваме дека нема да има потреба од ваков тип на акции , а вооедно сакаме да искажеме јавна благодарност за помошта од ЈКП “Гази Баба 2007”.

И за крај една убава вест – Пред училишниот влез засадени се четири зимзелени садници од видот Туја-смарагд кои ќе придонесат за разубавување на амбиентот.

Грижата и негата за садниците е заедничка одговорност!

ЕКО – тим







Активности на Eко – тимот за месец ноември

Во месец ноември ЕКО тимот на нашето училиште ги реализраше следните активности:

Продажна акција за здрава храна – Активот на IX одд. oдржа продажна акција на мандарини, jаболки и други есенски плодови со која се обиде да ја потикне свеста на учениците за конзумирање на повеќе овошје во есенскиот период.

Тековно одржување на саксиските цвеќиња во училиштето и нивно полевање со дождовница,чистење на училишните простории .

Во два наврати во овој месец се спорведе  еко акција за средување на училишниот двор . Во акцијата беа вклучени членовите на еко тимот, учениците од еколошката секција и членови од тимот “Црвен Крст “.

Акцијата имаше за цел да се расчисти училишниот двор од листови и отпад .

Исчистени беа жардињерите и отстранета беше сета вегетација која беше исушена, а сезонските и зимзелените садници беа окопани и потхранети.

Континуирано се спорведуваат акции за собирање на пластична амбалажа, стара хартија и е-отпад кои се доставуваат до “Пакомак “ и др. компании кои ја вршат оваа дејност.

Сакаме да Ве потсетиме и охрабриме доколку имате отпад од овој тип, стара хартија, пластична амбалажа и нефункционални електронски уреди да ги донесете во нашето училиште за истите да завршат на соодветно место без да и нашететат на околината. Акциите се одвиваат секојдневно!

ЕКО – тимот







Меѓународен ден на пешаците – 15 октомври

Реалирано на 15-10-2018

Цел на активноста : –  

  • Да се подигне јавната свест за  придобивките од пешачењето
  • Да се подигне свеста на пешаците како учесници во сообраќајот
  • Да се подигне свеста за безбедноста на пешакот во сообраќајот

Целна група: ученици, наставници, вработени во нашето училиште и локалното население

 Опис:

Учениците се јавија во улога на  носители на оваа кампања преку изработка на репрезентативни материјали во вид на флаери преку кои  апелираа подигнување на  нивото на безбедност на пешаците како учесници во сообраќајот , како и истакнување на придобивките за здравјето од пешачењето.

Тие изработија пано на кое ги истакнаа безбедносните проблеми со кои се соочуваат пешаците, но и придобиките од оваа активност.Исто така тие поделија флаери на паркираните возила во околината  и локалното население околу училиштето со цел да ја подигнат јавната свест за пешачењето.







Септемвриски активности на еко тимот

Во месец септември успешно ги реазлизиравме планираните активности согласно еко-календарот.

Одбележани беа следните денови:

 Светски ден за заштита на озонската обвивка (16 Септември)

Активност: Изработка на пано за важноста на озонската обвивка и читање текст за важноста на озонот кои го изготвија учениците од 9 одд. кои се дел од еко тимот.

Рефератот го изработија ученичките Ивана Додевска, Теодора Стефановска и Моника Блаќевска од 9 одд.

Рефератот за озонската обвивка можете да го превземете тука

   Меѓународен ден без автомобили (22 Септември)

Активност: Изработка  плакати и пано  со апел за разумно користење на автомобилите.

Кампања  “Здрава храна за детство без мана “ традиционално ја реализираме и оваа учебна година.

Почетокот на кампањата го означи продажна акција за здрава храна на активот

7 одд.,кои вo училишниот хол на своите ученици за ужинка им понудија овошни плодови.

Исто така во месец септември се спроведоа активности по повод Светски ден на акцијата. Нашето училиште ООУ “Дане Крачев”, Гази Баба спроведе акција за чистење на училишниот двор од смет кој зад себе го оставаат несовесните граѓани. Собрани беа околу 10 црни вреќи мешовит отпад.

Тековно се одржува цветниот фонд во училишната зграда и двор. Во месец септември спроведовме голема собирна акција за стара хартија и обезбедивме 12 картонски кутии за селекција на употребената хартија од компанијата ДС Смит.

Во училиштето во тек е обнова на фасадата и поставување на излоација што оди во прилог на заштеда на енергија.







Екологистите во акција

Реазлизација на активности по повод Светски ден на чистење Нашето училиште ООУ “Дане Крачев”, Гази Баба спроведе акција за чистење на училишниот двор од смет кој зад себе го оставаат несовесните граѓани. Собрани беа околу 10 црни вреќи мешовит отпад. Учениците од еколошката секција најпрво го собраа отпадот од зелените површини, а потоа ги отстранија остатоците од суви лисја и растенија. Засадените дрвја и жардињерите се окопаа и исплевија, со што започнаа подготовките за eсенско засадување на сезонски цвеќиња. Во училишната зграда учениците исто така спроведоа акција за расчистување и се погрижија за саксиските цвеќиња кои беа окопани и наводенети.







Еко пакет Македонија 2018

На 06.06.2018 по повод Светскиот ден на животната средина во просториите на Младински културен центар – Скопје беше организирана завршната изложба од наградниот конкурс ,,Еко пакет Македонија 2018 “ На изложбата беа изложени уметнички дела од училишта од цела Македонија. Нашето училиште учествуваше со три уметнички дела израбоетени од тетрапак амбалажа: Еко кајак, Еко воз и Еко камион. На настанот беа присутни учениците од второ одделение со одговорниот наставник Билјана Трајановска, ученици од трето одделение со одговорниот наставник Данче Костовска-Јакимовска и одговорниот наставник на овој проект наставникот по биологија Бојана М. Личева. Задоволство беше да се присуствува на настанот, да се видат голем број креативни уметнички дела изработени од тетрапак амбалажа од ученици од цела Македонија и да се споделуваат искуства за начинот на кој биле создавани делата. Првото Место му припадна на уметничкото дело ,,Автобус” изработено од ученици од ООУ ,, Никола Петров Русински” – Берово. Специјална награда од 6 велосипеди за учениците и наставникот беше доделена на тимот кој реупотребил најмногу отпад и изработил најкреативен велосипед. За сите учесници и наставници во овој проект беа доделени сертификати. Во прилог фотографии од настанот.