Кошарка – турнир за учениците од петто одделение

ДЕН ЗА КОШАРКА во кој главната улога ја имаа учениците од V одд. кои не израдуваа  со II место на ниво на општина.

Во првиот дел од турнирот се натпреваруваа ученици од V одд. од сите основни училишта од општина Гази Баба под мотото ,,Кошарката – моја игра” во организација на Општински сојуз на училишен спорт на Гази Баба

Во прилог првопласираните екипи:

1.место ОУ ,,Крсте Мисирков”

2.место ООУ ,,Дане Крапчев”

3.место ООУ ,,Наум Н.Борче”.

Честитки за нашите кошаркари и наставникот Филип Петровски!

Очекуваме убави вести и од вториот дел од турнирот кој ќе се одржи на пролет!

4 Ноември – Светски ден на дијабетесот

Тимот на Црвен крст во нашето училиште изминатата недела го одбележа Светски ден на дијабетесот .

Учениците изработија едукативно пано,презентација и реферат со корисни информации за оваа заболување,со цел да допринесат за превенција и подигање на свеста кај јавноста за дијабетесот.

Дијабетесот е хронична болест која се јавува кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го користи инсулинот што го произведува.

Инсулинот е хормон кој го регулира шеќерот во крвта. Хипергликемија, или покачен шеќер во крвта, е најчест ефект на неконтролиран дијабетес и со текот на времето доведува до сериозно оштетување на голем број системи на телото, особено на нервите и крвните садови.

Постојат три типа на дијабетес: дијабетес тип1, дијабет тип2 и гестациски дијабет.

Во прилог ги споделуваме изработките на нашите ученици: Ева Стојмановска, Марија Трајковска, Калина Павлевска и Мила Николова.

Одговорен наставник за активноста – Бојана М. Личева.

УЧЕНИЦИ –ДОБИТНИЦИ на СТИПЕНДИИ!

На ден 01.11.2024 на свечена седница општина Гази Баба додели девет месечна стипендија на шест наши талентирани ученици и ученици спортисти.

Добитници на стипендиите се:

1. Тара Спасиќ IX-2  (талентиран ученик);

2. Софија Мијалковска IX-3 (талентиран ученик);

3. Калина Караџоска VIII-1(талентиран ученик);

4. Меритон Зејнели VII-2, спортист;

5.Лука Андов VI-1, спортист;

6. Ана Трајкоска VI-3 (талентиран ученик);

Честитки за сите наши стипендисти!

Им посакуваме уште многу успеси и признанија низ образовниот процес!

ПРОЕКТ – Еколошки отпечаток на младите во Гази Баба

На 30.10.2024 , учениците од VI до XI одд,учествуваа на работилница во рамките на проектот кој се реализира во соработка со Институт за добро владеење и политики во животната средина и климатските промени (ИПЕК) , Општина Гази Баба и нашето училиште OOУ “Дане Крапчев”.

На работилницата учениците се запознаа со поимот еколошки отпечаток.

Еколошки отпечаток е мерило за степенот на човековата побарувачка и искористување на екосистемите на планетата Земја. Тоа е стандардизирана мерка за експлоатацијата на  природниот капитал наспроти еколошкиот капацитет на планетата за регенерација. Така што го претставува неопходното количество на биопродуктивно земјиште и море што е нужно за да се задоволат потребите на човештвото за секојдневната потрошувачка на ресурси и асимилација на произведениот отпад.

Учениците имаа прилика да одговорат на прашалник кој ќе им даде слика за тоа каков еколошки отпечаток прават како индивидуи, а добија и едукативни материјали со совети кои доколку ги применат во секојдневието ќе допринесат за одржувањето на еколошкиот капацитет на нашата планета.

Немаме резервна планета, секој од нас има одговорност за животната средина !

Благодарност до едукаторите кои ја реазлизраа ова интересна работилница

Реализирал-Еко тимот на училиштето.

Одговорни наставници: Бојана Личева, Душанка Китановска и Билјана Јовчева.

Учиме од наставниците- пренесуваме знаења на соучениците

Тема: ,,Превенција од насилен екстремизам и радикализација”.

Учениците: Анастасија Атанасовска 9-1, Јана Павловска 9-4, Тео Бојанчев 8-1, Ива Стојановска 8-4, Михаела Филиповска 8-4. минатата седмица учествуваа на работилница предводена од одговорните наставници.

Оваа седмица стекнатите знаења за превенција од насилен екстремизам и радикализација тие им ги пренесоа на своите соученици. Учениците-учесници дискутираа, споделуваа примери и даваа предлози за спречување насилен екстремизам.

Одговорни наставници на активноста: Роза Јаневска, Марија Шереметкоска и Јовица Димески

ОКТОМВРИ – ,,МЕСЕЦ на ШТЕДЕЊЕ”

По повод месецот на штедење на 18.10.2024 год. учениците и наставниците од IV одделение беа домаќини на претставници од НЛБ – Тутунска банка.

На средбата учениците слушнаа корисни совети зошто да штедат и како да штедат, воедно создадоа ликовни творби на тема: „Штедиме и правиме добри дела“.

Творбите ќе бидат дел од наградниот конкурс на НЛБ банка кој трае до 25.10 2024г.

Активноста ја организираа наставниците од активот на IV одд

СТЕМ едукација со ЛЕГО за напредна популација

Овој проект овозможува уникатна можност за ученици од 14 до 15 години да учествуваат на националниот натпревар во едукативна роботика FIRST LEGO League, каде ќе покажат свои вештини и иновации.

Натпреварот ќе се одржи во 2025 година, а подготовките започнуваат наскоро! Со целосна поддршка од Академија за роботика и иновации и Општина Гази Баба, тимот од училиштето ООУ„Дане Крапчев“ ќе се подготвува за големите предизвици, користејќи напредна технологија и менторство.

16 Октомври – СВЕТСКИ ДЕН на ХРАНАТА

Нашите вторачиња денес со активности во чест на 16 Октомври – СВЕТСКИОТ ДЕН на ХРАНАТА.

16 Октомври е датум на основање на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации уште во далечната 1945 г. Овој ден го слават и многу други организации кои се занимаваат со глад и безбедност на храната.

Денес нашите вторачиња овој ден го одбележаа со творење на тема „Овошје и зеленчук “.

Потоа се засладија со вкусно и здраво овошје.

Нивната желба беше едноставна и јасна:

Возрасните да обезбедат квалитетна и здрава храна за сите деца во светот!

Активност подготвена од активот наставници на второ одделение.

Проект: „Сплотени градиме отпорна заедница“

Денес, во просториите на ООУ „Дане Крапчев“, се одржа работилница на Тема: „Превенција и спротивставување на насилен екстремизам”.

Учествуваа ученици од VII-те, VIII-те и IX-тите одделенија. Преку презентација, стрипови и практични примери и со поддршка од нашите наставници: Јовица Димески, Марија Шереметкоска и Роза Јаневска.

РАЗБРАВМЕ И НАУЧИВМЕ,

  • Што е тоа насилен екстремизам,
  • Што е радикализација,
  • Како да се заштитиме од насилен екстремизам,
  • Начини на кои поединците можат да помогнат во борбата против насилниот екстремизам,
  • Протокол за информирање за случаи поврзани со насилен екстремизам и тероризам
  • и Каде може да се обратиме доколку забележиме насилно однесување и знаци на радикализација.

Заклучивме за важноста да се остане информиран, буден и отпорен против насилниот екстремизам, затоа што не постојат граници и ги засегаат сите општества, младите луѓе се изложени на најголем ризик и тие се најголема целна група во стратегиите за регрутирање.

На крај можеме да кажеме дека интегрираниот пристап кој вклучува психолошка, образовна, социјална и правна интервенција може да помогне да се превенираат слични слични случаи на радикализација и насилство во иднината.

Затоа велиме:

СТОП НА НАСИЛНИОТ ЕКСТРЕМИЗАМ

Активност по повод празникот 11 Октомври

Во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ учениците од VII одд. со нивната наставничка по историја- Роза Јаневска истражуваа, дискутираа, твореа, креираа и се забавуваа.

Сите се сложија во едно:

Минатото не смееме да го заборавиме! Со него треба да се гордееме!