НЕДЕЛА НА ИНФОРМАТИКАТА 2024

Во рамките на Неделата на информатика 2024, која се реализира во период од 5 – 9 февруари, учениците од 5-2 и 5-3 одделение, со своите наставници Билјана Јовчева и Христина Петровска, активно се вклучија во одбележување на истата.

На часовите беше разговарано за безбедноста на интернет. Стекнатите знаења беа проверенипреку квиз:”Дали си добар “онлајн” пријател?” и Kahoot квиз *Онлајн безбедност”.

Учениците имаа можност да го запишат своето име со бинарен код и да дешифрираат дадени кодови за да креираат слика.

Искуството беше поучно, креативно и забавно, меѓу другото кај учениците се развиваше и јакнеше натпреварувачкиот дух!

Со нови сили, во второто полугодие, продолжуваме да работиме со нашето партнер училиште ООУ “25-ти Мај” на проектот: “ГРАДИМЕ НОВИ МОСТОВИ”

На 26.01.2024 учениците од 6-4 одд. беа на посета на своите другари и заеднички се реализираше наставната содржина за Земјини движења. Преку визуелната презентација учениците се запознаа со движењата на Земјата. Преку практична вежба, срочена во облик на игра, ги симулиравме Земјините движења ,а потоа преку дискусија учениците ги увидоа последиците овие движења.

Разгледуваме модели на Соларен систем ,изработени од рацете на нашите учениците и дискутиравме за изученото. Потоа следеше и втората активност- учениците се распределија во парови, составени од ученици од двете училишта и одговорија работен лист со

прашања поврзани со земјините движења.  Точноста на одговорите ја проверивме заеднички со нашите наставнички по природни науки Бојана и Анида. Резултатите беа одлични !!!