ПРОЕКТОТ ,,ГРАДИМЕ МОСТОВИ” презентиран пред претставници од МОН, ОБСЕ и ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

Денес нашите ученици Михаела Миовска и Никола Недев заедно со нашите партнери, имаа прилика да ги презентираат реализираните активности во проектот.

Учениците и наставниците ги споделија впечатоците и искуството кое го стекнаа при реализација на заедничките часови.

Проектот има големо значење за развој на мултикултурализмот во нашата општина и продолжува да се реализира и во II полугодие.

Одговорни наставници на проектот се: Роза Јаневска и Бојана М.Личева.

Честитки за вредните и неуморни ученици и наставници!

Што е ЕМПАТИЈА?

На денешната РАБОТИЛНИЦА УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ во соработка со ПСИХОЛОГОТ на училиштето – Марина Пазаркоска дадоа одговор на прашања од типот:

➖️ Што е ЕМПАТИЈА?

➖️ ️Кои се знаците на емпатијата?

➖️ Зошто е важна емпатијата?

➖️ Како да развиеме емпатија?

➖️ Која е разликата помеѓу емпатијата и симпатијата?

На крајот од работилницата порачавме:

СОСЛУШАЈТЕ!

РАЗБЕРЕТЕ!

ПРИФАТЕТЕ!

ПОМОГНЕТЕ!

НЕ КРИТИКУВАЈТЕ!

СОЧУВСТВУВАЈТЕ!

ДАЈТЕ ПОДДРШКА!

БИДЕТЕ ЕМПАТИЧНИ!

Заеднички учиме за гравитација

На 19.02.2024 година во просториите на ООУ „25 Мај“ се одржа уште еден заедички час по природни науки. ГРАВИТАЦИЈА! Учениците на часот активно учествуваа во дикусиите, со внимание го проследија излагањето на наставниците и одговорно го сработија работниот лист. Учениците ја идентификуваа гравитацијата како привлечна сила и ја поврзаа како величина која е зависна од масата и растојанието на телата. Пријатна работна атмосфера, дружба, споделување, тимска работа.

Учениците од одделенска настава на детска опера и прошетка низ градот

Детската музичко-интерактивна претстава: ,, Операта на шумските животни” уште еднаш покажа дека класичната музика може да им се доближи на децата ако им се претстави на соодветен начин.

Претставата имаше за цел да ја едуцира најмладата публика со поими од оперската уметност.

Сончевиот ден го искористивме и за: прешетка низ Старата скопска чаршија, плоштадот Македонија и посета на Спомен куќата на Мајка Тереза.

Наши ученици – спортисти, наша ГОРДОСТ

МЕРИТОН ЗЕЈНЕЛИ е еден од најперспективните млади каратисти во државава. Долгогодишен член е на карате клубот ,, Металург.” Со КАРАТЕ се занимава полни седум години. Тој е полуфиналиат од последното балканско првенство одржано во Бар, Црна Гора и освојувач на медали на меѓународни турнири меѓу кои е и последниот турнир во Самобор, Р.Хрватска, турнир со 2000 натпреварувачи од 29 земји.

Меритон ја има нашата поддршка да чекори напред со крупни чекори. Силниот натпреварувачки дух и неговата посветеност даваат надеж дека тој ќе напредува и во иднина и ќе ги достигне најголемите височини во овој спорт

МИХАЕЛА ФИЛИПОВСКА е перспективна млада каратистка која тренира КАРАТЕ веќе 5 години во Карате Клубот,, Автокоманда.” Михаела се натпреварува во категорија Кумите Женски -Борби. Таа е редовен учесник и освојувач на медали и признанија на државни и меѓународни натпреварувања. На државниот натпревар во нејзина категорија во 2022 г. освојувач е на III место, во 2023 г. освојува II место.

Нам ни останува на Михаела да и посакаме оваа 2024г. да го достигне врвот и да биде освојувач на I место.

КОСТА ЗАЕВСКИ тренира ТЕНИС од својата петта година. Во изминативе две години активно учествува на турнирите до 10 и 11 г. организирани од Тениската федерација на Македонија и регионалниот Cherry cup, а од оваа година и на турнирите организирани од Тениската федерација на Србија. Има освоено повеќе признанија во конкуренција до 10 години меѓу кои едно прво и шест втори места на првенствата во Македонија и едно трето место на првенство во Србија.

На Коста му посакуваме да ги достигне височините во белиот спорт, да биде наша гордост и идниот Новак Ѓоковиќ.

АНГЕЛ ЈАНЕВСКИ ученик во II-1 одд. Ангел тренира фудбал од март 2023 во клубот ФК Маџари Солидарност Јуниор. Учествувал на повеќе натпревари, меѓу кои и Детската лига на ФФМ, натпревар со клубот Мондано, на Балканскиот куп во Белград и последно на Kronos kup во Бугарија. Иако млад член Ангел има освоено 3 медали. Најдраги му се освоеното прво место против ФК Мондано и трето место освоено на турнирот во Стајковци. Идол на Ангел е Haaland кој игра во клубот Manchester City. Ангел има желба да продолжи да,тренира и да стане познат фудбалер.

ПАВЕЛ ЈОВАНОВИЌ ученик во II-1 одд. Со карате се занимава од 2022 г.  Тренира во карате клубот „Солидарност“. Павел има учествувано на повеќе натпревари во Македонија и Србија и има освојувано втори и трети места. Најдраго му е учеството на Олимпик Опен турнирот на кој има освоено 2-ро место. Негов идол и човек кој го инспирира е неговиот тренер Ахмедин Мурикиќ. Павел планира да продолжи да тренира карате и да ги освојува најголемите височини во овој спорт.

ПАВЕЛ ЈОВАНОВСКИ ученик во II-4 одд. Тренира фудбал од 5 години во ФК Маџари Јуниор. Досега има учествувано на многу натпревари и турнири на кои со екипата има освоено неколку пехари и медали. Павел има учествувано на турнири организорани од ФФМ. Има освоено прво место на турнирот Мондано, трето место на Јуниор Куп и прво место Нова Колонија.Тој е прогласен и за најдобар фудбалер на овој турнир.

ДАМЈАН СТАМЧЕВСКИ, ученик во IV-4 одд. веќе 4 години тренира фудбал во Фудбалска Школа Форца. Тој е ГОЛМАН и брани во генерација 2014 година. Има учествувано на меѓународни натпревари во Хрватска, Бугарија и Србија. Неговиот тим во сезона 2021-22 на државно ниво има освоено 1во место, а Дамјан е прогласен за најдобар голман. Во Бугарија-Пловдив 2022-23 со тимот има освоено 4то место, а Дамјан прогласен за најдобар голман. На турнир 2022-23 Железара-Форца има освоено 1во место и Дамјан повторно е награда за најдобар голман!

ДАВИД ТРАЈАНОВСКИ ученик во VII-1 одд. Се занимава со возење картинг веќе четири години. Во Македонија не се одржуваат натпревари, но на картинг стаза има освоено второ место. Давид учествува и на дигитални трки. Тој со неверојатна умешност, како возач почетник успеа да земе прво место, пол позиција, победа и најбрз круг на трката во Брно. На оваа трка од OPEL GSI шампионатот 2024 Давид  ДОЈДЕ, ВИДЕ И ПОБЕДИ!

ДЕЦА НАШИ, РЕСПЕКТ ЗА СИТЕ ВАС ! СТЕ ГО ИЗБРАЛЕ ВИСТИНСКИОТ ПАТ! СПОРТОТ Е НАЈДОБРИОТ СОЈУЗНИК НА МЛАДИТЕ. ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ГИ СОНУВАТЕ И ОСТВАРУВАТЕ ВАШИТЕ СОНИШТА – ЈА ИМАТЕ НАШАТА ПОДДРШКА!!!