„Го сакам францускиот“ – Средба во Резиденцијата на Амбасадорот на Франција

Во рамките на проектот на француското Министерство за Европа и надворешни работи за

заживување на наставата по француски јазик во образовните системи на земјите од Западен Балкан, беше оформена мрежата на училишта “Го сакам францускиот“, во која е вклучено и нашето училиште благодарение на квалитетот на наставата по француски јазик кој се предава.

Денес, имаше средба со претставници од сите училишта од мрежата, директорот, професорот по француски јазик , како и по еден ученик, на коктел во Резиденцијата на Франција.

На средбата се разменија мислења, се сподели планот на активности за оваа учебна година, во позитивна атмосфера успешно да продолжи проектот.

Од нашето училиште присуствуваа директорката м-р Адријана Младеновска, наставничката Анета Митевска и ученикот од 9-1 Дејанчо Стојановски.