Се радуваме на награди и за време на летниот распуст!

На ученичката Луна Сиљаноска од 4-3 одделение под менторство на одд.наставник Христина Џајкова Петровска и беше доделена награда -ваучер и благодарница за цртеж со кој учествуваше во проектот ,,Инвестираме во нашата планета” организиран од компанијата ,,Макстил”.

За учество во проектот благодарница од компанијата доби и нашето училиште.

Второ место на градски натпревар по прва помош

Денес со гордост соопштуваме дека нашите ученици учествуваа на градскиот натпревар по прва помош освоија II место. Благодарност до нашата поранешна ученичка Ангела Ангелкоска за подршката во подготовките. Раководител на екипата нас. Бојана М. Личева.

еТвининг проект “LEAD THE DİGİTAL FUTURE İN EDUCATİON“

Во рамките на еТвининг, учениците од VI и VII со наставничката по информатика Марина Пејковска организираат и реализираат активности заедно со учениците и наставниците од Полска, Турција и Романија кои се дел од проектот “LEAD THE DİGİTAL FUTURE İN EDUCATİON“. Целта на проектот е развивање на способност за користење Web 2.0 алатки., препознавање на проблеми и прашањата за животната средина и климатските промени, стекнување чувство на одговорност и учење да се работи заеднички. Се одржуваат состаноци со цел да се зголеми интеракцијата на нашите ученици во сите наши партнерски училишта, се развиваат пријателски односи и ги споделуваат своите чувства и размислувања за објавите направени на платформата.

Успех на рецитаторски натпревар

Денес, 17.6.2023 на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” во Скопје се одржа рецитаторски натпревар. Нашата ученичка Софија Мијалковска од 7-3 одделение под менторство на наставничката по македонски јазик, Катица Стојчевска освои III место.

Учество на „Детски лирски треперења“

На самиот крај од учебната 2022/2023 година добивме убаво известување. 🍀

Ученичката Евгенија Зафирова од 9-1 одделение под менторство на наставничката по македонски јазик, Марија Шереметкоска при учество со творба на 44 Фестивал за детско поетско творештво „Детски лирски треперења“ со својата менторка се наградени да учествуваат три дена на завршната манифестација во детското одморалиште „Радости“ во Охрид. Манифестацијата ќе се одржи во периодот од 23.6 до 25.6.2023 година.

УСПЕХ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ПРИРОДНИ НАУКИ

ПОВТОРНО ГОРДИ!!!

На ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ПРИРОДНИ НАУКИ кој се одржа на 10.06.2023 на Природно математичкиот факултет нашата ученичка АНГЕЛИНА ТРПКОВСКА од 5 одделение освои ВТОРА НАГРАДА.

Честитки за постигнатиот успех!!! И посакуваме многу успеси и во иднина!

Ментор на ученичката :Душанка Китановска

ООУ,, Дане Крапчев” денес!

❤Многу ЕМОЦИИ, ПРЕГРАТКИ, ЉУБОВ, РАДОСТ, СОЛЗИ И СМЕЈА ❤

Денес нашиот колектив заедно со учениците и родители беше едно големо среќно семејство. Доделувавме признанија на многу наши ученици. Доделувавме признанија на наставници – ментори. Прогласивме ученици со континуиран успех 5.00. Го избравме најдобриот меѓу најдобрите – првенецот на генерација! Испративме прекрасна генерација деветтоодделенци. Нашите највозрасни ученици со многу емоции го напуштија училиштето. Во еден глас ни порачаа дека во своите срца пакуваат многу убави спомени и доживувања и заминуваат.

❤Драги наши ученици, продолжете напред – не застанувајте! Низ животот надградувајте ги своите знања и со нив освојувајте го светот❤

Вашето Дане Крапчев чувајте го во ❤

Грант за проектот „ГРАДЕЊЕ НОВИ МОСТОВИ“

Нашето училиште заедно со партнерите ООУ ” 25 Мај” и ООУ “Наум Наумовски – Борче” е добитник на грант за проектот „ГРАДЕЊЕ НОВИ МОСТОВИ“, проект подржан од МОН и Мисијата на ОБСЕ. Целта на проектот е промовирање на заеднички активности меѓу децата кои учат на различни јазици. Денес на свечен настан официјално беа врачени грантовите од страна на Килиан Вал, Aмбасадор на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Jетон Шаќири, Министер за образование и наука.

Здрава храна и добри навики за среќни деца

Денеска во нашето училиште се одржа едукативно предавање и работилница под мотото “Здрава храна и добри навики за среќни деца” . На предавањето одржано од стручно лице од организацијата ЕКГ учениците се запознаа што е тоа здрава и безбедна храна,а потоа практично ги применија стекнатите знаењата за подготовка на здрави ужинки.

Одговорни наставници Бојана М.Личева, Марија Н. Наневска и Душанка Китановска.

еТвининг проект Let’s Take Climate Action

Група ученици од VII одделение со наставничката по Англиски јазик Катерина Лукарова учествуваат во еТвининг проект Let’s Take Climate Action. Целта на проектот е подобрување на јазичните вештини на учениците преку реализација на најразлични активности со нивни врсници од повеќе држави. Исто така учениците ги подобруваат и своите компјутерски вештини со употреба на Web 2.0 tools коишто ги користат за нивните изработки-постери, видеа, квизови, презентации итн. Се организираат и видео средби на Zoom, панел дискусии, се прават подкасти и се организираат натпревари. Со тоа се поттикнува натпреварувачкиот дух кај учениците, нивната мотивираност за активно учество и мултикултурализмот.