Aктивности на училишниот тим на Црвен крст

☘️🌺☘️ ☘️🌺☘️ Во рамки на проектот ,,ПХВ” членовите на училишниот тим: Ева Серафимовска, Горазд Стојановски, Ања Јовановска, Адриана Стоилевска и Теона Марковиќ дизајнираа и изработија жардињери од стари гуми. Нивната креација има за цел да ја потикне еко свеста за пренамена на отпадот и да го разубави училишниот двор. Оваа активност ја спроведовме со волонтерката Симона Велковска од Црвен Крст-Гази Баба, но и со помош на учениците Никола Јовановски, Михаил Асанов и Лука Цветковски кои помогнаа при уредувањето. ☘️🌺☘️ ☘️🌺☘️

Одговорен наставник Бојана М.Личева.

Го одбележуваме Денот на македонскиот јазик

На денешен ден, 5 Мај, го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, денот кога во 1945 г. со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква (фонетски правопис).
Нашите ученички Ева Серафимовска и Ања Јовановска од IX-4 oдд. организираа квиз со прашања за македонскиот правопис, учествуваа и останатите ученици.

Дводневна екскурзија на учениците од 6 одд.

На 3 и 4 мај со учениците од VI одделение беше реализирана дводневна екскурзија во Источна Македонија. Негувањето на културата и традицијата се составен дел од едно општество, па затоа ние со нашите ученици од шестите одделенија посетивме најразличните предели во источниот дел на нашата татковина, се запознавме со нивната архитектура, култура, традиција, посетивме голем број споменици, музеи, знаменитости, географски обележја, се дружевме, се забавувавме и градевме хумани вредности.

120 години од смртта на Гоце Делчев

Денеска се одбележуваат 120 години од погибието на апостолот на македонското револуционерно движење Ѓорѓи Гоце Николов Делчев, еден од најзначајните ликови во македонската историја кој се борел за македонската кауза и зачувување на македонскиот народ и идентитет.

Апостолот на македонското револуционерно движење загинал на 4 мај 1903 година во заседа што била поставена кај селото Баница. За неговата смрт постојат неколку верзии, но има една непобитна вистина: Целиот живот го посветил во борба за ослободување на Македонија. За својата Македонија го дал и својот живот.
“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.”
“Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите”
“…Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија…”

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ: Во Баница загина македонскиот идеолог Гоце Делчев, а во Дреновската клисура војводата Пере Тошев
На денешен ден Македонија изгубила двајца големи синови, македонскиот идеолог и апостол Гоце Делчев и македонскиот револуционер и војвода Пере Тошев.

Изработиле: КРЕАТИВЦИ