Денеска се одбележуваат 120 години од погибието на апостолот на македонското револуционерно движење Ѓорѓи Гоце Николов Делчев, еден од најзначајните ликови во македонската историја кој се борел за македонската кауза и зачувување на македонскиот народ и идентитет.
Апостолот на македонското револуционерно движење загинал на 4 мај 1903 година во заседа што била поставена кај селото Баница. За неговата смрт постојат неколку верзии, но има една непобитна вистина: Целиот живот го посветил во борба за ослободување на Македонија. За својата Македонија го дал и својот живот.
“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.”
“Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите”
“…Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија…”
ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ: Во Баница загина македонскиот идеолог Гоце Делчев, а во Дреновската клисура војводата Пере Тошев
На денешен ден Македонија изгубила двајца големи синови, македонскиот идеолог и апостол Гоце Делчев и македонскиот револуционер и војвода Пере Тошев.
Изработиле: КРЕАТИВЦИ