ООУ ,,ДАНЕ КРАПЧЕВ” ПОД МАСКИ

Денес нашето училиште беше весело, распеано и шарено. Принцови, самовили, кловнови и јунаци од цртаните филмови ни го разубавеа денот. Наши гости денес беа и дечињата од градинката ,,Искра” со нивната наставничка Марија. На дефилето беа избрани десет најкреативни маски на кои им доделивме пофалници и награди. Благодарност до сите креативни ученици и наставници за вложениот труд.

🤡 ВЕ ОЧЕКУВАМЕ СО НОВИ КРЕАЦИИ НА СЛЕДНАТА АПРИЛИЈАДА 🤡

Успех на натпреварот во гимназијата Алгоритам

Гимназијата АЛГОРИТАМ организираше натпревар по предметите англиски јазик и математика (PSAT 8/9 – меѓународен испит по англиски јазик и математика).

Право на учество имаат сите ученици од осмо и деветто одделение.

На натпреварот PSAT 8/9 (ReadiStep) 2022/2023 нашиот ученик Давид Арнаудов од VIII-4 со предметен наставник по математика Јулија Атанасова го освои првото место.

Му посакуваме успех и на натпреварите што му следуваат.

Четврта мобилност од Еразмус+ проектот BAR CODE

Од 27 февруари до 3 март се одржа четвртата мобилност од Еразмус+ проектот ВAR CODE.

Домаќин беше Information Technology High School, Belgrade од Србија. Учесниците беа обучени да ја користат програмата Scratch и да стекнуваат способности и техники со кои кодирањето може да се интегрира во наставата. Тие ќе можат да користат кодирање како наставна алатка во области како што се математика, странски јазик, природни и општествени науки и уметничко образование.

Со примена на овие методи и техники, ќе се подобри  логичкото и алгоритамското размислување на учениците и способноста да се преиспитуваат идеите.

Цели на проектот:

се развиваат методи за одговорно и редовно решавање на проблеми;

обезбедува учење на основите на програмирањето;

– зголемување на степенот на примена на иновативни наставни методи;

– ја поттикнува употребата на колаборативно учење во размена на информации.

разбивање на предрасудите за примена на иновативни наставни методи;

-подигнување на свеста за важноста на методите за кодирање како една од алатките што се користат за учење на учениците за вештините на 21 век.

Активностите на проектот:  

27.02.2023

Четвртата мобилност од Проектот Erasmus+ KA-229 Barcode се реализираше во Information Technology High School, Belgrade од Србија. Наставници од Литванија, Португалија, Македонија и Турција беа пречекани од учениците и вработените, а воедно беа запознати со животот и работата на училиштето во Белград.

Подоцна во текот на денот се реализираа следните активности:

Важноста на кодирањето во игрите презентирано од вработен во UBISOFT Белград

Запознавање и креирање на Google Sites на тема наука и техника

Активноста  заврши со објаснување на дизајнот на играта Minecraft за оперативниот систем Windows 10.

28.02.2023

Денот беше посветен на креирање на страница Wix на тема Наука / ИКТ. Се запознавме со алгоритмот користен во апликациите и го применивме во виртуелните апликации на Minecraft.

Денот заврши со посета на Калемегдан

01.03.2023

Во текот на третиот ден акцент беше ставен на апликацијата Google Drive. Беа дадени насоки како да се користи Google Drive во наставата (создавање тестови, наставни материјали итн.)

По паузата беше реализирана работилница воScratch. Присутните програмираа вежби со примена на алатки за движење, анимации, вметнување аудио ефекти

Во попладневните часови го посетивме Музејот на наука и техника. Од приложените постановки во музејот, се вративме назад во времето и направивме една ретроспектива на технолошкиот развој од најразлични области

02.3.2023

Четврти ден на мобилност во Србија беше посветен на меѓуученичко натпреварување со материјали за кодирање. Учениците од ITHS од завршните години презентираа свои изработки како игри, Web страни со различна содржина, квизови како и практични апликации корисни во секојдневниот живот (курсна листа, туристичка мапа). Присутните беа во улога на оценувачи и преку Google forms ги евалуираа изработките на учениците.

По ручекот беше церемонијата на доделување сертификати на сите учесници во проектот.

Активностите продолжија со посета на Математичко-информатичкиот факултет во рамките на Белградскиот универзитет. Денот заврши со свечена вечера во национален ресторан

03.03.2023

Петтиот ден беше посветен на запознавање на присутните со проектите на кои училиштето домаќин работи. Мобилноста во Србија ја завршивме со активности за евалуација на стекнатите знаења, вештини и искуства.

По ручекот имавме можност да ја посетиме “Ада циганлија“ и да посветиме попладне на заедничко дружење и споделувања на искуства од нашата секојдневна работа.

Во продолжение погледнете го видеот кое го подготвија домаќините за оваа мобилност

                                                    

На 17 март, петок, во училиштето се одржа дисеминација на која беа споделени стекнатите знаења и искуства со наставниците во училиштето.

Успеси на регионалниот натпревар по француски јазик

На 25 март, сабота, се одржа регионалниот натпревар по француски јазик на кој нашите ученици покажаа извонредни резултати

Осмо одделение

Дејанчо Стојановски, второ место, ментор Анета Митевска

Дора Николова, трето место, ментор Јасмина Ѓоргиева

Деветто одделение

Сара Ангелова и Ања Јовановска го делат првото место – ментор Анета Митевска

Честитки и многу успех на државниот натпревар!

На натпреварот учествуваше и Леон Стојановски од 9-3 одделение кој исто така покажа одлични резултати.

“La Francophonie nous unit” – Заедничка приредба за Франкофонијата

По повод Меѓународниот ден на Франкофонијата, осум основни училишта од Скопје подготвија заедничка приредба со наслов “La Francophonie nous unit” („Франкофонијата нè обединува“) која се одржа во ООУ „Димитар Миладинов“ -Скопје на 21 март. На приредбата присуствуваа директорот на Францускиот Институт г. Иго Бештел, г-ѓа Љупка Димова – аташе за јазична и културна соработка во Францускиот Институт, советничката во БРО за француски јазик Кети Димковска и претседателката на ЗПФРМ Валентина Гацоска.

Нашето училиште го претставуваа десет ученички од деветто одделение – Адриана, Теона, Ева, Ања, Михаела, Сара, Јована, Клара, Јана и Луна. Тие настапија со две драматизации, за една необична мравка и за едно девојче кое постојано негодува.

По оваа приредба сакаме да ви најавиме приредба за Франкофонијата во нашето училиште која ќе се случи при крајот на учебната година. Тогаш ќе Ви ги претставиме нашите точки но и точките на нашите етвининг партнери од Италија.

Во продолжение неколку фотографии од настанот

Светскиот ден на лицата со Даунов Синдром, одбележан во нашето училиште

21-ви Март, Светскиот ден на лицата со Даунов Синдром беше одбележан во нашето училиште.

Учениците од III – 3 одделение заедно со одделенскиот раководител Анета Менчова, специјалниот едукатор Катерина Банџо, образовниот асистент Жаклина Цветковска и наставникот по физичко и здравствено образование Јовица Димески во знак на поддршка на сите дечиња и лица со Даунов Синдром облекоа шарени чорапи и преку игра, дискусија и ликовно творење покажаа и докажаа колку е важно да ги прифатиме разликите помеѓу луѓето.

ОПШТИНСКИ НАТПРЕВАР ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Општинскиот натпревар по Англиски јазик се одржа на 18.03.2023 год., сабота

Ученици што учествуваа на наптреварот се:
5 одд.
Михаела Миовска-90 бода-II награда-ментор Андријана Недeвска
Горазд Петрушев-77 бода-III награда- ментор Андријана Недeвска
6 одд.
Елена Наумова-84 бода- II награда-ментор Катерина Лукарова
Ведран Недељловиќ-51 бод- ментор Катерина Лукарова
7 одд.
Дарјан Јовчев-86 бода- II награда-ментор Катерина Лукарова
Аника Велковска-ментор Катерина Лукарова
8 одд.
Дора Николова-90 бода- II награда-ментор Весна Трајковска
Елена Цветковска-80 бода- III награда-ментор Весна Трајковска
9 одд.
Алисија Ебип-79 бода- III награда-ментор Весна Трајковска
Горазд Стојановски-76 бода- III награда-ментор Весна Трајковска
Учениците што имаат освоено награда продолжуваат на
регионален натпревар.
Честитки на сите ученици за покажаниот успех и нивното залагање
за што е можно подобри постигања.

Заедничка еко акција во Гази Баба

🌱По повод денот на пролетта 21 март, учениците од нашето училиште заедно со другите ученици од општинските основни училишта земаа учество во засадување на 21 ново дрво во Парк шума Гази Баба со што посакавме добредојде на пролетта, а вооедно на дело ја покажавме нашата грижа кон животната средина, како еден од важните предуслови за квалитетен живот на сите.

🧍‍♂️По засадувањето на дрвата, со учениците од различни етнички заедници учествувавме во активноста “Пешачиме за мир, соживот и толеранција” од која ја испративме најсилната порака која вели: другарството не познава разлики.

НОВИ УСПЕСИ НА МАТЕМАТИЧАРИТЕ на регионалниот натпревар

На 41 Регионален натпревар по математика за учениците од основното образование, одржан на 4 март 2023 година нашите ученици од VII одделение ги постигнаа следниве резултати:

Дамјан Петровиќ I награда

Александар Маџовски II награда

Ментор, Лиле Сарваноска

И двајцата остварија пласман на Државниот натпревар по математика кој ќе се одржи на 13.05.2023.

Им честитаме и им посакуваме успех и на наредните натпреварувања!!!

Еко активности по повод 21 Март – Ден на пролетта и екологијата


По повод Денот на пролетта и Денот на екологијата 21 Март, во нашето училиште
се изврши еко акција за засадување на садници. Учениците од 9 одделение во
училишниот двор засадија 15 садници донација од ЈКП Гази Баба.
Одговорни наставници: Душанка Китановска и Бојана М.Личева