Од 18-20.05.2022 година во Лидо ди Јесоло, Венеција, Италија,
се одржа финалето на Меѓународниот натпревар по Англиски јазик Hippo English Language Olympiad под мотото English without Borders.
Ученикот Дамјан Петрович од VI-3 одделение со својот ментор
Катерина Лукарова учествуваше на натпреварот, постигна одлични резултати и му беше доделен медал и диплома.
Честитки за Дамјан на којшто му посакуваме успешно учество на уште многу вакви натпревари, а исто така посакуваме и многу финалисти од нашето училиште во иднина.
Оваа учебна година учениците од 7-1 и 7-2 одделение беа вклучени во Етвининг проект “Parle-moi de toi” под водство на наставничката Анета Митевска.
Во проектот беа вклучени вкупно шест училиште, ние, од Португалија, Шпанија, Германија, Италија и од Романија. Сите ученици во училиште го изучуваат францускиот јазик. Целта беше учениците да го прошират вокабуларот, да развијат стратегии за разбирање на текстови или видеа, но пред се тоа што го учат да го применат во комуникација со ученици од други држави. Овој проект беше и интердисциплинарен затоа што учениците користеа информатички вештини, а исто така преку овој проект научија и нешто за географијата и историјата на земјите партнери. Се запознаа со нивните култури, начинот на живот како и со празниците во Франција.
На 27.05.2022 година се одржа Државниот натпревар по хемија на кој учествуваше ученикот Алексеј Стојановиќ од IX-3 одделение и освои втора награда. Честитки Алексеј за постигнатиот успех и ти посакуваме уште многу успеси во иднина!!!
Денес, 28. мај 2022 година се одржа 9-от Државен натпревар по Природни науки за основно образование , на кој учество земаа нашите ученици и ги постигнаа следните резултати:
4 одд.
Ангелина Трпковска III награда
Ментор Е. Георгиевска
5 одд.
Калина Караџоска III награда
Ментор Б. М. Личева
6 одд.
пофалница :
Тара Спасиќ,Александар Маџовски и Христијан Гочевски Иваноски
Денес е посебен ден за сите нас, ден кога го празнуваме Патрониот празник на нашето училиште.
Оваа 2022 година одбележуваме 44 години воспитно-образовна дејност во нашето училиште, и 78 години од загинувањето на нашиот патрон Дане Крапчев. По тој повод, а со цел да го одбележиме овој ден огранизиравме низа активности под мотото
„Бели гулаби за сите деца во светот“.
Токму од ова училиште учениците едногласно упатија широки прегратки со желби за мир, единство, љубов до сите деца во светот.
Денес, 21.мај 2022 година се одржа 9-от Државен натпревар по биологија за основно образование , на кој учество земаа нашите ученици и ги постигнаа следните резултати:
8 одд.
Ања Јовановска III награда
Михаела Димчова- пофалница
9 одд.
Алексеј Стојановиќ II награда
Матеј Крстевски III награда
Теона Димишковска пофалница
Нашите ученици, наша гордост !!!
Честитки за освоените награди
Ментори Бојана Мешковска Личева и Душанка Китановска
„Баркод“ е проект Еразмус плус во кој учествуваат пет партнерски училишта и кој ќе се спроведува под раководство на Гимназијата Кретингос Р. Видмантаи од Литванија. Покрај основното училиште Дане Крапчев во Скопје, во проектите се вклучени Information Technology High School, Belgradeод Србија, Agrupamento de Escolas de Portela e Moscavide во Португалија и средното училиште TOKI во Турција.
Учесниците во втората од петте мобилности во проектот беа обучени за алгоритамско размислување, едноставно програмирање, за да може техниките за кодирање да се интегрираат во наставата. Тие ќе можат да користат креирање алгоритми како наставна алатка во области како што се математика, странски јазик, природни и општествени науки и уметничко образование. Со примена на овие методи и техники, учениците ќе го зголемат квалитетот на образованието и ќе им овозможат да ја подобрат својата образовна средина.
Цели на проектот:
– Зголемување на степенот на примена на иновативни наставни методи;
– Разбивање на предрасудите за примена на иновативни наставни методи;
– Подигнување на свеста за важноста на методите за кодирање како една од алатките што се користат за учење на учениците за вештините на 21 век.
Активностите на проектот:
02.05.2022
На првиот ден од мобилноста на проектот Еразмус + КА 229 – Алгоритамски пристап, партнерите од петте држави учесници во BARCODE програмата за кодирање/програмирање имаа кратка заедничка средба за добредојде во училиштето домаќин Escola Secundária da Portela.
Во Escola Secundária da Portela учесниците се запознаа со образовниот систем во Португалија, проследија презентација за училиштето, нивните програми, постигнувања, мисија и визија.
Потоа се реализираа следните активности:
Exact Instructions Challenge – видео за алгоритамските чекори кои мора да бидат јасни, прецизни и недвосмислени, за да може да се реши проблемот.
Работилница- Алгоритми во нашата училница- креирање алгоритми за решавање на задачи.
Презентација на алгоритми креирани за различни училишни предмети
Работилница- од алгоритам до програм
Во попладневните часови – традиционалнa музика и танци и дегустирање на традиционална храна од сите учесници
03.05.2022
На вториот ден од мобилноста се запознавме со одлични примери на преокти за кодирање. Започнавме со Алгоритми во геометријата, Алгоритми и програмирање во физика, биологија ….
Беше реализирана работилница “Алгоритми и програмирање“ користејќи:
Визуелни јазици, Роботи, Arduino
Беше презентиран одличен пример – начинот на живот на децата со попреченост.
Беше презентиран одличен пример – начинот на живот на децата со попреченост.
Подоцна го посетивме основното училиште Escola EB1 of PORTELA, бевме топло дочекани од наставниците и учениците кои ни раскажаа еден обичен училишен ден.
По ручекот го прифативме предизвикот на наставникот по роботика Пауло Торкато – да програмираме робот кој треба да излезе од лавиринтот!
04.05.2022
Третиот ден беше многу интересен и полни со активности. Не само што ги проучувавме алгоритмите и кодирањето, туку научивме многу за португалскиот начин на живот, неговата култура и традиции. Имавме долга прошетка низ Лисабон, при што се запознавме со историјата и архитектурата на Лисабон.
Го посетивме Осеанарио де Лисабоа со неговите моќни изложби и огромниот аквариум кои им помагаат на посетителите да развијат страст за учење и ги охрабруваат луѓето да ги почитуваат океаните. Бевме поканети да го посетиме и Павилјонот на знаењето – интерактивен научно-технолошки музеј кој има за цел да ја направи науката достапна за сите, стимулирајќи експериментирање и истражување на физичкиот свет.
05.05.2022
И следниот ден продолживме со разгледување на Лисабон
-кулата Белем каде се наоѓа споменикот на славните португалски морепловци и нивните откритија
– стариот град
– градот Синтра, некогашна летна резиденција на португалските кралски семејства.. Палати и градини се издигаат меѓу карпи, водопади и бездни, меѓу манастири изградени на зачудувачки височини.
Кабо да Рока – најзападната точка на континетална Европа, нé остави занемени со прекрасната глетка на Атланскиот океан.
06.05.2022
Последниот ден од проектот беше реализирана работилница за Алгоритми и програмирање и креирање на едукативни игри,
Учесниците ги искажаа своите впечатоци од оваа средба, споделија што научија ново и ја истакнаа важноста на искуството што го размениле меѓусевно. Беше спроведена и евалуација на реализацијата на активностите и постигнувањето на резултатите.
Разговаравме за нашите идни активности и мобилности; ги испланиравме датумите и роковите
Мобилноста заврши со свечено доделување на сертификати.
Регионалниот натпревар по хемија се одржа на 06.05.2022г. На овој натпревар учествуваа ученици од осмо и деветто одделение и ги постигнаа следните резултати:
VIII одд.
Петар Ристовски VIII-3 – III награда
Михаела Димчова VIII-2 – III награда
IX одд
Алексеј Стојановиќ IX-3- I награда
Теона Димишковска IX-2 – III награда
Честитки на сите ученици за постигнатиот успех! Многу успех му посакуваме на ученикот Алексеј Стојановиќ, кој се пласираше на државниот натпревар !