Ден на македонскиот јазик – 5 мај

Македонскиот јазик е темелот на нашиот идентитет. Неговиот развој го следиме уште од далечниот IX век па с’е до неговото прогласување за службен јазик во нашата држава на 2 август 1944, на Првото заседание на АСНОМ. Овој долгогодишен развој на македонскиот јазик многу јасно говори за нашето коренито потекло, историја и традиција. Затоа наша задача е да го чуваме и негуваме јазикот, само така ќе останеме верни на нашите претци и ќе ја зачуваме културата и традицијата на нашата татковина.

Денот на македонскиот јазик 5 мај, нашите ученици го одбележаа со креативни изработки.

Нека ни е честит и вечен

5 мај, Денот на македонскиот јазик!