Направи со мене, а не за мене
На 16.11.2021 год. во Даут-пашиниот амам, од страна на ОУРЦ „Иднина“ – Скопје беше промовирана збирка со литературни творби со наслов „Направи со мене, а не за мене“ напишана од ученици од повеќе општински училишта. Наши ученици и нивните ментори преку своите литературни творења како и преку учество во online работилници дадоа свој придонес кон градење на инклузивната клима и подигање на свеста за прифаќање и почитување на различностите, особено во делот на врсничка соработка. Делата на Христијан Гочевски-Иваноски, Ања Јовановска и Гораст Стојановски од ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје се едни од делата кои ја збогатуваат оваа збирка. Овие ученици на еден креативен и инспиративен начин ја отсликуваат потребата од промени кои се случуваат во општеството кон постигнување на еднаквост и рамноправност на секој поединец.
ООУ „Дане Крапчев“ – Скопје доби благодарница за хуманост и соработка.
Сертификати за учество на конкурс за избор на најдобра литературна творба доделени на учениците:
Ања Јовановска
Христијан Гочевски-Ивановски
Гораст Стојановски
Ангела Анѓелкоска
Ангела Илиевска
Илина Нестороска
Ева Наумовска
Михаела Димчова
Бојана Филипова
Признание за учество на литературен конкурс доделени на наставниците – менори:
Катица Стојчевска
Ивона Миленкова
Билјана Трајановска
Лидија Ѓорѓиева
Објавените творби во збирката на учениците од нашето училиште може да ги прочитате на линкот од блогот „Дружината на Дане Крапчев“