Одбележување на Европскиот ден на јазиците

Јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент. Нашите ученици ги, мотивираме, поттикнуваме и насочуваме кон учење на што повеќе странски јазици затоа што јазикот е генетски код на секоја нација, јадрото на неговата култура, историја и, воопшто, човечката цивилизација. Нашите ученици од секциите Мултимедија, англиски и француски јазик покажаа огромна креативност,твореа пораки и творби за јазиците, пишуваа поговорки на различни јазици и опишуваа знаменитости од различни земји во Европа.

Погледнете и уживајте во нивната креативност!

22 СЕПТЕМВРИ- МЕЃУНАРОДЕН ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ

По повод 22.09 Меѓународниот ден без автомобили учениците од Еко тимот и Еколошката секција изработија постери и еко пораки,преку кои испраќаат јасна порака дека овој ден е од големо значање за заштита на животната средина преку употреба на велосипеди и други алтернативни превозни средства кои не и штетат на животната средина  и кои не ја загадуваат околината .Погледнете дел од нивните изработки

Ученички секции во „Дане Крапчев“

Секциите се долготрајни воннаставни активности коишто се реализираат еднаш неделно (со 1 или 2 часа), во текот на едно цело полугодие или на цела учебна година.

         Општите цели на секциите се:

– Да се одговори на потребите и интересите на учениците за разни активности,

– Дa сe поттикнува и негува детската љубопитност и сознајните способности,

– Да се развива интерес, фантазија и детската креативност,

– Да се прошируваат и продабочуваат знаењата по одредена област,

– Да развива логичко и критичко мислење и изнаоѓање решенија на проблемите,

– Да се развива чувство на припадност и задоволство во извршувањето на активностите.

Секции за одделенска настава:

Секции за предметна настава

Светски ден за заштита на озонската обвивка

16 Септември  е Светскиот ден за заштита на озонската обвивка со цел да се привлече вниманието за важност на зачувувањето на озонот.

Да се потсетиме  за значењето на озонот и како можеме сите ние да ја заштитиме озонската обвивка.

„БИДИ ФЕР, ПРАВИЛНО ФРЛАЈ СМЕТ“

Нашето училиште ООУ Дане Крапчев активно е вклучено во ПРОЕКТОТ „БИДИ ФЕР, ПРАВИЛНО ФРЛАЈ СМЕТ“ на Здружението на економски новинари, Општина Гази Баба и ЈКП Гази Баба 2007.

Денес 13.09.2021 учениците од 5 до 8 одделение имаа онлине работилница организирана од Здружението на економски новинари на која  учениците се потсетија за важноста на јавната хигиена и влијанието врз нивното здравје ,дојдоа до заклучок какви се нивните навики во однос на фрлањето на сметот и како да ги сменат сопствените навики за правилно фрлање и селекција на смет.

Целите на проектот  е да се влијае на зголемување на свеста кај учениците за јавната хигиена и  нејзино одржување во средината каде што учат, играат и  живеат.

Целта е  создавање на навики кај децата уште од најмлада возраст, за јавна хигиена и правилно фрлање и селектирање на сметот во својата околина, со цел таа да биде чиста и здрава за живеење.

Да потсетиме дека наградниот конкурс организиран од Здружението на економски новинари сеуште е во тек и трае се до 30.09.2021.

Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) реализиран од Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), ја продолжува соработката со општините со развиени и донесени стратегии за меѓуетничка интеграција и младинско учество и спроведува Младински акции на ниво на општина. 

Врз основа на горенаведеното на 24 август 2021 година од 10:30 часот во салата на Советот на општина Гази Баба се одржа средба со Дејан Ризински, одговорен на Тимот на МЦГО, Besa Reçi – Quality Assurance Coordinator, USAID Youth Ethnic Integration Project, Macedonian Civic Education Center (MCEC) и одговорно лице од општината – м-р Валентина Ангеловска- Ќиевска, педагог, гешталт терапевт и Анчевска Елизабета и по три одговорни лица (директорот, претставник од стручната служба и координаторот на Тимот за училишна интеграција од училиштата ООУ „Дане Крапчев“, ООУ „25 Мај“ и ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – с.Стајковци за да ја поддржат реализацијата на активностите со учениците од различни средини и сите наставни јазици, со забелешка дека во активностите би вклучиле ученици од 7-9 одделение. Целта на овој проектот е младите да иницираат идеи и да одберат приоритети, кои во иднина ќе прејдат во акции кои ќе се реализира во соработка и поддршка на општината,  а со поддршка и на приватниот сектор.

 Согласно заклучоците од состанокот, во прилог беа испратени следните документи: Формулар за контакти – кој ќе послужи за доставување на контактите од назначените ученици и нивните родители и Изјава за согласност – која треба да ја доставиме засега во електронска форма (скенирана или фотографирана) со цел да се запазат правилата и протоколите. Дополнително, во продолжение беа испратени и неколку линкови со промотивните видеа од младинската кампања #ЈасПридонесов од младинските акции кои веќе се спроведено во Струга и Пробиштип.

На ден 09.09.2021 (четврток) со почеток од 10:00 на платформата Zoom, се одржа и првата онлајн работилница со учениците од ООУ „Кирил и Методиј“, ООУ „25 Мај“ и ООУ „Дане Крапчев“, за мапирање на младинските приоритети во општина Гази Баба. Сите ученици од 3-те училишта како и дел од одговорните наставници беа присутни на работилницата која ја водеше одговорниот на Тимот на МОФ, Фари Хисени. Од нашето училиште учествуваа учениците: Катарина Пислевиќ 7-2, Михаела Димчова 8-2, Клара Караџоска 8-2, Јана Саздовска 8-2, Петар Ристовски 8-3, Никола МИлосковски 8-4 и Алексеј Стојановиќ 9-3 одделение.

Учениците во текот на работилницата се претставуваа самите себеси преку игровни активности, потоа разговараа и споделуваа свои идеи со другарчињата од другите училишта за тоа што сакаат да променат во својата средина со цел поквалитетен, посигурен живот на младите, поставуваа нејасни прашања во врска со проектот, а одговорниот ги појаснуваше. Им се објаснија и активностите кои се предвидени и треба да се реализраат. На крајот на средбите на учениците повторно им се кажа денот и времето на реализација се следната средба и активноста која треба да се реализира.

Награден конкурс на ТЕМА :„БИДИ ФЕР, ПРАВИЛНО ФРЛАЈ СМЕТ“

Драги ученици 

Здруженито на Економски новинари Скопје распишува награден конкурс на ТЕМА :„БИДИ ФЕР, ПРАВИЛНО ФРЛАЈ СМЕТ“

Право на учество имаат  сите учениците од 5 до 8 одделение.

Сите потребни информации ги имате на дадениот флаер.

Добредојдовте првачиња!

Овој први септември ни донесе многу џагор во училишниот двор.

  Значаен ден, ден во кој нашите првачиња го направија првиот чекор кон новиот пат на знаењето. Возбуда, радост, исчекување и запознавање со наставничките и новите другарчиња имаше и кај нашите најмали првачиња.

Добредојдовте најмали во нашето големо семејство Дане Крапчев!