ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ОБРАЗОВНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Врз основа на член 19 став 1 од Законот за основно образование за поддршка на учењето за учениците со попреченост училиштето обезбедува образовни асистенти. 

Од овие причини Основно училиште со ресурен центар „ИДНИНА„ Скопје објавува ЈАВЕН ПОВИК  за изразување на интерес  на услугата образовна асистенција за учебната 2021/2022 година .
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГАТА ОБРАЗОВНА АСИСТЕНЦИЈА ЗА УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

Државeн натпревар по хемија

На 16.06.2021 година се  одржа Државниот натпревар по хемија  на кој учествуваше ученикот Алексеј Стојановиќ од VIII-3 одделение и освои трета награда.

   Честитки Алексеј  за постигнатиот успех и ти посакуваме  уште многу успеси во иднина!!!

Ментор-Елена Томевска

ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО БИОЛОГИЈА И ПРИРОДНИ НАУКИ

Државниот натпревар по Биологија и Природни науки се одржа на 12 и 13.06.2021 на Природно математичкиот факултет. Постигнатиот успех на нашите ученици е :

IV одд -Ведран Вељковиќ  III награда

ментор Наташа Јосимовска Георгиевска

V одд-Тара Спасиќ III награда

V одд –Матеј Китановски Пофалница 

Ментор Душанка Китановска 

VIII одд Алексеј Стојановиќ III награда

Ментор Душанка Китановска 

Се гордееме со нашите ученици и им честитаме за постигнатиот успех !!!!

Ги собираме плодовите од градината на Дане Крапчев

Денес, 05.06.2021г. беа доделени наградите од учеството на Републичкиот детски литературен фестивал ,,Ракатки-2021,,. Честитки и уште многу успеси во иднина за нашите ученици -Алексеј Стојановиќ VIII 3 – I награда и Лорина Јакимовска IХ 4 – III награда.

Виртуелна средба во рамките на е-твининг проектот – Виртуелни пријатели

Учениците од седмо одделение, кои се дел од Франкофонскиот клуб, денес повторно имаа средба со учениците од партнер училиштето „Achille Rousson“ близу Монтпелје, во рамките на е-твининг проектот „Виртуелни пријатели“.

Тие подготвија презентација за нашето училиште и зборуваа за плановите за време на распустот. Бидејќи учебната година завршува, а со тоа и нашиот проект, учениците си разменија контакти на социјалните мрежи за да продолжат и понатаму да комуницираат. Сите ученици изразија желба соработката да продолжи и понатаму, па можеби и лично да се запознаат.

Наставничката по француски јазик која го водеше овој проект, Анета Митевска, е задоволна и среќна што учениците успеваат со своите скромни познавање на јазикот, да комуницираат и да се разберат со своите пријатели од Франција. Уште поголем поттик за работа и нови проекти е што се гледа задоволството кај учениците и нивната желба за нови авантури.

Ние како училиште, ќе се трудиме да им овозможиме на учениците да ги применуваат стекнатите знаења и да почувствуваат лично задоволство од тоа.

Регионалeн натпревар по хемија

На Регионалниот натпревар по хемија кој се одржа на 28.05.2021 година ,  ученикот  Алексеј Стојановиќ од VIII-3 освои  II награда и се пласира на Државен натпревар.

Честитки и му посакуваме многу успех!

                                                                                  Ментор  Елена Томевска

Награда на литературниот конкурс за противпожарна заштита 2021г.

II Награда на литературниот конкурс за противпожарна заштита 2021г. за нашата ученичка Марија Гичевска од VI-1 одд. – ментор Елена Малинова.Честитки Марија, уште многу освоени награди ти посакуваме во иднина!

31 Мај Светски ден против пушењето

Секоја година на 31 Мај, Светската здравствена организација (СЗО)  и партнерите го одбележуваат Светскиот ден за борба против пушење, потенцирајќи ги здравствените ризици поврзани со употребата на тутунот и промовирајќи ефективни политики за намалување на употребата на тутунот. Светски ден за борба против пушење се одбележува уште од 1987 година. Статистичките податоци покажуваат дека една испушена цигара го скратува животот за 12 минути. Според  податоците од СЗО во светот пушат 1,1 милијарда луѓе од кои 200 милиони се жени. 6 милиони луѓе годишно умираат од пушење,меѓу нив 600 000 пасивни пушачи. 

Во одбележување на овој ден се вклучија и нашите учениците од Еко тимот.Тие ви подготвија презентација за  пушењето и последиците од пушењето .