Виртуелна средба во рамките на е-твининг проектот – Виртуелни пријатели

Учениците од седмо одделение, кои се дел од Франкофонскиот клуб, денес повторно имаа средба со учениците од партнер училиштето „Achille Rousson“ близу Монтпелје, во рамките на е-твининг проектот „Виртуелни пријатели“.

Тие подготвија презентација за нашето училиште и зборуваа за плановите за време на распустот. Бидејќи учебната година завршува, а со тоа и нашиот проект, учениците си разменија контакти на социјалните мрежи за да продолжат и понатаму да комуницираат. Сите ученици изразија желба соработката да продолжи и понатаму, па можеби и лично да се запознаат.

Наставничката по француски јазик која го водеше овој проект, Анета Митевска, е задоволна и среќна што учениците успеваат со своите скромни познавање на јазикот, да комуницираат и да се разберат со своите пријатели од Франција. Уште поголем поттик за работа и нови проекти е што се гледа задоволството кај учениците и нивната желба за нови авантури.

Ние како училиште, ќе се трудиме да им овозможиме на учениците да ги применуваат стекнатите знаења и да почувствуваат лично задоволство од тоа.

Регионалeн натпревар по хемија

На Регионалниот натпревар по хемија кој се одржа на 28.05.2021 година ,  ученикот  Алексеј Стојановиќ од VIII-3 освои  II награда и се пласира на Државен натпревар.

Честитки и му посакуваме многу успех!

                                                                                  Ментор  Елена Томевска