„Ноември – месец на науката“ 2019
Ученикот Павел Наневски од 9 одд. на ден 23-11-2019 учествуваше на манифестацијата “Ноември-Месец на науката” кој се одржа на Природно-математичкиот факултет. Настанот беше од натпреварувачки карактер, на кој учениците кои покажуваат интерес во област на природни науки ги презентираат своите исражувачки активности.
Павел Наневски го претстави својот истажувачки труд и експеримент на тема “ДНК –Градба и значење”,изработен под менторство на наставничката по биологија Бојана М.Личева
Ученикот спроведе сопствено истажување за ДНК молекулата и упешно успеа да изведе експеримент за изолирање на човечка ДНК и ДНК од банана.
За својот истражувачки експеримент оваа година е добитник на трета награда од стручното жири на Македонското Биолошко Друштво.
Се надеваме дека овие активности и достигнувања ќе бидат мотив и за останатите ученици да истажуваат во оваа област.