Конститутивна седница на ,,Ученичкиот парламент”
На 03.10.2019 год. беше одржана конститутивна средба на ,,Ученичкиот парламент”. На средбата присуствуваа 32 претседатели на сите паралелките од II до IX одд.
На почеток од средбата обраќање пред учениците имаше директорот на училиштето-Виолета Стоилевска која накратко ги запозна учениците со задачите и функцијата на Ученичкиот парламент.Свое обраќање и кратко запознавање со учениците имаа и одговорните наставници :Магдалена Палеска,Данче Костовска-Јакимовска и Весна Димитровска.На средбата прсуствуваа и стручните соработници од училиштето.
Во продолжение беше реализирано тајно гласање, на кое по демократски пат беа избрани :
Претседател на ученичкиот парламент – Методија Тасевски IX -4 одд.
Заменик претседател – Ангела Богатинова IX-3 одд.
Секретар на ученичкиот парламент-Ангела Гроздановска IX-1 одд.
Координатор на учебната година – Елма Мемиќ VIII-2 одд.
На сите ученици,членови на ,,Ученичкиот парламент” и на одговорните наставници им посакуваме успешна работа !