Свечен прием на првачињата во детската организација

Денес, на 10.10.2019 година, 113 првачињата од нашето училиште со свечено ветување ѝ пристапија на детската организација. По тој повод се одржа свечена приредба на која настапија учениците од петто одделение. Приредбата ја проследија и родителите на првачињата. На крајот на приредбата на првачињата им беше доделен детски пасош како потврда за прием во детската организација.

Многу успех им посакуваме на наште првачиња!

Aкцијата за чистење на училишните дворови

На ден 10.10.2019 нашето училиште ООУ ֦  Дане Крапчев ֞ активно се вклучи во акцијата за чистење на училишните дворови која ја организираше општината Гази Баба заедно со ЈП Комунална хигиена -Скопје. Акцијата за чистење на училишните дворови  се одвиваше во периодот од 11:00 до 12:00 часот во која беа вклучени сите ученици од 2 до 9 одделение.На учениците им беа поделени медицински ракавици и ќеси за отпад. Учениците го собираа сметот кој зад себе го оставаат несовесните минувачи во целиот училишен двор. Собрани беа околу 12 црни вреќи мешовит отпад.

По завршување на еко акцијата учениците и наставниците од нашето училиште положија свежо цвеќе пред бистата на Дане Крапчев во пресрет на утрешниот  државен празник 11 Октомври -Денот на народното востание

Аудиција на млади таленти за театарска уметност

Млади таленти од драмската секција од нашето училиште заедно со нивните врсници од сите останати училишта од општината,поддржани од нивните наставници ментори, во рамки на проектот:,,Градиме заедничка иднина”, на 09.10.2019.г во ООУ „Стив Наумов“ – Скопје беа на аудиција за талентирани ученици кои покажуваат посебен интерес кон театарската уметност и глума со цел најдобрите со драматизација да го одбележат претстојниот Ден на општината.