Денови на меѓуетничка интеграција: „ГРАДИМЕ ЗАЕДНИЧКА ИДНИНА-ГРАДИМЕ МОСТОВИ“

На 05.10.2019 г. во „Школка“ Градски Парк, Скопје беше одржана свечена манифестација во организација на ОБСЕ (OSCE-Organization for Security and Co-operation in Europe, Mission to Skopje). На манифестацијата присуствуваа околу 1000 ученици од 30 училишта од нашата држава кои се вклучени во овој проект. За самиот настан имаше говор од страна на Министерот за образование и наука, Арбер Адеми и господинот H.E. Clemens Koja (OSCE Head of Mission to Skopje). По нивното излагање следеше пригодна програма која беше наменета за учениците кои присуствуваа на свеченоста и тоа: хорско пеење, ритмички и спортски перформански, Зумба танцување, R’n’B со вокалот Kanita Suma, Тони Зен и Флека Бенд изведба во живо, како и најразлични улични артистички групи-Жонглери, Магионичар, Акробати, Кловнови, Цртачи на лице, одење по јаже и спортски активности-карате-ката во презентација на KK Yoshitaka, фудбалски натпревари, рачен фудбал, кошарка и пикадо.

Преку сите овие активности учениците ја примија пораката дека заедничката дружба е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и почитување на разликите.

На 06.10.2019 г. во музичкото студио на познатиот пеач, музичар, композитор и снимател Александар Митевски, во склоп на Пионерски Дом Карпош, Скопје од 17:00 до 20:00 часот се снимаше Химната на општината Гази Баба под наслов „Мостови на другарство“ на три јазици: македонски јазик, албански јазик и англиски јазик. За оваа активност наставникот по музичко образование Ваљбон, од основното училиште во с. Страчинци, кој воедно и ја подготви музиката и го напиша текстот на песната ги подготви своите ученици (5 ученици од албанска етничка припадност 1 машко и 4 девојчиња) за делот на албански јазик, а наставничката Роза Јаневска ги подготви своите ученици да го пеат делот на мелодијата на македонски и англиски јазик.  На снимањето присуствуваа и директорката на ООУ „Кирил и методиј“ Анита и директорката на нашето училиште Виолета Стоилевска. Снимањето беше успешно, а во иднина ќе следи и подготовка на Химната со учениците кои пеат во хор од сите 11 училишта на нашата општина. Изведбата ќе биде на сите три јазици. На тој начин учениците ќе ги научат туѓите јазици, ќе ја разберат пораката на текстот и ќе создадат почит кон туѓите култури и јазици и почит на мултикултурата во нашата држава која претставува најголемо богатство за една држава.

Гостување во образовна програма за ученици Ѕвон

Нашите ученици Павел Наневски (9-3), Методија Тасевски (9-4) и Анастасија Тодевска(8-4) ја имаа честа да го престават нашето училиште на емисјата “Ѕвон” и да ги промовираа нашите научно –истражувачки активности по предметот биологија. Учениците  исто така  ги претставија и своите достигнувања на натпреварите во оваа област.

Во емисјата гостуваа на покана на Македонското Биолошко Друштво како истакнати натпреварувачи и вљубеници во биологијата ,заедно со предметниот наставник и ментор  Бојана Личева.

Ученикот Павел Наневски го претстави својот прво награден труд “Прочистувач на вода” на минатогодишниот натпревар “Ноември-Месец на науката” , а учениците Методија Тасевски и Анастасија Тодевска ги споделија своите искуства и награди на општинско,регионално и државно ниво. Се надеваме дека овие активности и достигнувања ќе бидат мотив и за останатите ученици да се приклучат на биолошката секција и останатите активности во оваа област