Одбележан Европскиот ден на јазиците

На 26.09.2019 г. во ООУ,,Дане Крапчев,, беше одбележан Европскиот ден на јазиците.Учениците од преметна настава од VI-IХ одд. пред нивните соученици се претставија со креативни изреки преведени на повеќе светски јазици,  интерпретираа творби на македонски,англиски,француски и албански јазик, а на крајот во училишната медијатека  ги измерија своите знаења за познавањето на  некои основни поими на повеќе светски јазици преку интерактивен квиз за јазиците.

Преку оваа активност учениците упатија порака до нивните соученици дека јазичната разноликост е алатка за постигнување на поголемо меѓукултурно разбирање и е клучен елемент во богатото културно наследство на нашиот континент.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 22 Септември-МЕЃУНАРОДЕН ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ

Преку низа на активности нашето училиште ООУ,,Дане Крапчев ”  го одбележи 22 Септември – Меѓународниот ден без автомобили .
Учениците од ЕКО тимот и еколошката секција изработија и поставија паноа кои ги изложија во училишниот хол, а целта беше да се пренесе пораката за разумно користење на автомобилите за да се заштити животната средина.Учениците испратија јасна порака дека овој ден е од големо значање за заштита на животната средина преку употреба на велосипеди и други алтернативни превозни средства кои не и штетат на животната средина  и кои не ја загадуваат околината . Во активноста се вклучија и помладите екологисти од III и  V одделение,членови на еколошките секции во училиштето.Тие твореа и изработија паноа и еко пораки за разумно користење на автомобили.

Исто така учениците поделија и флаери на локалното население  со цел да се зголеми  личната и колективната еколошка свест  со рационална употреба на автомобилите. Секој сограѓанин треба да биде пример за своето дете и средината во која живее и работи.

Дефиле на хуманоста

Во организација на Црвениот Крст се одржа дефиле за промоција на толеранција, мир, соживот и култура .

На ова дефиле  присуствуваа и претставници од нашето училиште, кои маршираа од СУГСГ “Орце Николов” до Градски парк каде што со останатите учесници  испратија заедничката  порака за еднаквост, борба против дискриминација, соживот и прифаќање на различностите.

Во Градскиот парк претставници на Цвениот крст одржаа кратки говори за важноста на хуманизмот по што следуваше музичка програма.

Семинар “Препознавање на врсничко насилство во училницата и училиштето, справување со ученици жртви и ученици извршители”

Насилството над децата ја зголемува нивната изолираност од врсниците, бидејки нивните соученици не сакаат да се дружат со тие кои се неомилени и злоставувани поради стравот дека истото тоа може и ним да им се случи. Злоставените деца се чувствуваат беспомошно, уплашено и збунето.
Изложеноста на насилство во училиштето води до ниско самопочитување и депресија, а овие проблеми може да продолжат и во возрасниот период.

Семинарот се реализира за претставници од 4 училишта кои се дел од проектот “И јас имам глас”, финансиран од Save the Children. На истиот учествуваа четворица претставници од нашето училиште.

16 Септември -Светски ден за заштита на озонската обвивка

Во нашето училиште на 16 Септември беше одбележан светскиот ден за заштита на озонската обвивка. Учениците, членови на Еко тимот изработија паноа за важноста на озонската обвивка  преку која учениците се информираа за нејзиното значење и колку е важно да ја чуваме озонската обвивка која ја штити планетата Земја.

 Учениците изработија и поставија и еко пораки на видни места во училиштето со цел да се подигне еколошката свест  за почиста, позелена и поздрава иднина за себе и за идните генерации.

 На  учениците од училиштето им беше прочитан текст за важноста на озонот со цел да се привлече вниманието за  зачувувањето на озонот и поттикнување на најмалите да учествуваат во неговото зачувување.

Рефератот за озонската обвивка можете да го прочитате во продолжение:

Светот го одбележува 16 Септември – Светскиот ден за заштита на озонската обвивка со цел да се привлече вниманието за важност на зачувувањето на озонот и поттикнување на најмалите да мислат на тоа.

     Oзонската обвивка има значајна улога во заштитата на животот на Земјата и озонот е одговорен за спречување на околу 98 проценти од УВ зрачењето. Научниците уште во 1970 година открија дека озонската обвивка се намалува во просторот над Јужниот пол, а оваа промена е означена како „озонска дупка“.    

    Врз нејзиното зголемување влијае присуството на некои штетни гасови, односно супстанци во атмосферата.Со цел да се спречи уништувањето на озонската обвивка потпишани се голем број меѓународни протоколи, чија цел е контролирање на производството и употребата на штетните гасови. Уништувањето на озонската обвивка е последица на повеќе фактори, од кои најголемо влијание имаат некои хемикалии присутни во горниот слој на атмосферата а  кои се  користат во системите за ладење и системите за заштита од пожари.

….И да се потсетиме иако станува збор за глобален феномен, секој индивидуално со своето однесување односно со незагадување е пример за останатите и може да придонесе локално, за да имаме поздрава животна средина.   Дека секој отпад несоодветно третиран ја загадува почвата и причинува да дојде до испарување на отрови во атмосферата, што севкупно влијае негативно на озонот.

                                                                                          ЕКО тимот

Распоред за приемен ден на наставниците во учебната 2019/20 година

         

  име и презиме      наставен предмет  ден и час Времe (претпладне/попладне)
1 Марина Пејковска Информатика Среда 5 час 10:30 – 11:10  / 15:45 -16:25
2 Борис Шундоски Техничко образование Вторник 5 час 10:30 – 11:10  / 15:45 -16:25
3 Бојана М. Личева Биологија/ иновации Среда 3 час 8: 55 – 9: 35 / 14:10 -14: 50
4 Весна Трајковска Англиски јазик Четврток  3 час 8: 55 – 9: 35 / 14:10 -14: 50
5 Јагода Филиповска Македонски јазик Среда 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
6 Ване Јовчев Музичко образование Вторник  3 час 8: 55 – 9: 35 / 14:10 -14: 50
7 Јорданчо Тодосиев Физичко и здр. образование Вторник 6 час 11:15 – 11: 55  /  16:30- 17:10
8 Билјана Стојановска Математика Вторник 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
9 Весна Кочова Англиски јазик Четврток  5 час 10:30 – 11:10  / 15:45 -16:25
10 Јулија Јанкуловска Физика Вторник 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
11 Катерина Лукарова Англиски јазик Понеделник 5 час 10:30 – 11:10  / 15:45 -16:25
12 Елена Томевска Биологија/ Природни науки Четврток  7 час          12:00- 12:45
13 Катица Стојчевска Македонски јазик Среда 3 час 8: 55 – 9: 35 / 14:10 -14: 50
14 Лиле  Сарванова Математика Вторник 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
15 Магдалена Павлевска Историја/ Граѓанско  обр. Петок 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
16 Марија Н. Наневска Ликовно образование Вторник  3 час 8: 55 – 9: 35  / 14:10 -14: 50
17 Андријана Трпковска Физичко и здр. образование Вторник 2 час 8:10 – 8:50 / 13:25 -14: 05
18 Елена Малинова Македонски јазик Вторник 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
19 Бранко Атанаскоски Географија Понеделник 5 час 10:30 – 11:10  / 15:45 -16:25
20 Александра Стојчевска Математика Среда 3 час 8: 55 – 9: 35  / 14:10 -14: 50
21 Душанка Китановска Биологија/ Природни науки Петок 3 час 8: 55 – 9: 35  / 14:10 -14: 50
22 Јасмина Ѓорѓиева Француски јазик Вторник 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
23 Роза Јаневска Историја / Граѓанско обр. Петок 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
24 Соња Божиновска Етика Среда 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
25 Анета Митевска Француски јазик Понеделник 3 час 8: 55 – 9: 35 / 14:10 -14: 50
26 Даниела Ристеска Етика во религиите Четврток  7 час           12:00 – 12:45
27 Валентина Николовска Класична култура во евр. цив. Четврток  7 час           12:00 – 12:45
28 Стевче Здравковски Географија Вторник 4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45
29 Весна Попадиновски Англиски јазик Петок  2 час 8:10 – 8:50 / 13:25 -14: 05
30 Милена Пауновска Македонски јазик Четврток  4 час 9:50 – 10:30  / 15:05 -15:45

                                   

Мени за топол оброк и ужинка за учениците во ООУ„Дане Крапчев“Скопје за учебната 2019/2020

                                        НУТРИТИВНА  АНАЛИЗА НА МЕНИ – УЖИНКА

                                                    Прва и трета седмица                                             

   Ден   Ужина     Нормативи    Нутритивни вредности
    Понеделник     Затворена пица пченично брашно 27г јогурт 17,1 г сончогледово масло 8,2 г доматен сос 8,6г кашкавал  14,2 г маслинки 10 г енергија  245,5  ккал протеини 7,1г јаглехидрати 22,7 г масти 14,1г диетални влакна 1,3 г мононезаситени масти 3,7 г полинезаситени масти 5,7 г омега 3  0,1г
    Вторник   Интегрална кифла со урда и јогурт пченично брашно 30,4 г интегрално пченично брашно 13 гр; шеќер 1 г сол 0,8 г сончогледово масло 8,7 г квасец 1,8 г урда 20 г јогурт  180 г   енергија  379,6 ккал протеини 14,4 г јаглехидрати  42,6 г масти гр. 17,2 г диетални влакна   2,4г мононезаситени масти 3,4 г полинезаситени масти 6,2  г омега 3  01 г
    Среда     Интегрална кифла со мармалад пченично брашно 25г интегрално пченично 25г млеко  25г јајце 4,4г сончогледово масло 6 г шеќер 1,3 г квасец 2 г сол 0,1г мармалад 20г енергија  314,1 ккал протеини   7,6г јаглехидрати  53,6г масти 8,2г диетални влакна  3,8г мононезаситени масти  1,7г полинезаситени масти  4,4 г омега 3  /
        Четврток         Проја со јогурт пченично брашно 8,5 г интегрално пченично 8,5г јајца  13,2г јогурт  16г сончогледово масло 8,5г урда  3,3 г сирење 3,3 г зеленчук (морков, магдонос, пиперка) 10г ; пециво 0,6г сол 04 г  јогурт 180 г енергија  294,5 ккал протеини 11 г јаглехидрати  23,3г масти  17,7г диетални влакна  1,1г мононезаситени масти  4,2г полинезаситени масти   6,2г омега 3   0,1г
        Петок     Солен мафин со зеленчук пченично брашно  30г млеко 18,3 мл јајце 3,5 г сончогледово масло 2,3 г рендан морков 11г сирење 4,2г; урда 4,2г пециво 0,6г; сол 0,4г оригано 0,2 енергија 279,3  ккал протеини  11,7г јаглехидрати 33,9г масти 10,8 диетални влакна1,3г мононезаситени масти  2,6г полинезаситени масти  1,9г омега3  0,1г

                                           Втора и четврта седмица

   Ден   Ужина     Нормативи    Нутритивни вредности
    Понеделник       Печена панцерота со урда и спанаќ пченично брашно 43г сончогледово масло 6,5 г јајца 3,5г свеж квсец 1,7г спанаќ 44г;   урда 22г; сол 0,7; шеќер 0,5г оцет 0,5; сусам 1г енергија  275,1 ккал протеини 9,9г. јаглехидрати 35,8г масти 10,3г диетални влакна 2,5г мононезаситени масти 1,7г полинезаситени масти 4,8г омега 3  0,1г
    Вторник   Интегрален варен ѓеврек со  јогурт пченично брашно 19 г интегрално брашно 19г сув квасец о,5г  шеќер 1 г сол 0,5 г сончогледово  масло 1,1 г сода бикарбона 0,9. шеќер 1,1г сусам 5г јогурт  180г   енергија 290,7 ккал протеини 11,9г јаглехидрати  38,5г масти гр. 10,7г диетални влакна   3,3г мононезаситени масти 3,1г полинезаситени масти 2,5 омега 3  01г
    Среда     Штрудла со јаболка кори за пита 40г јаболка  80г шеќер 2г сончогледово масло 10 г ореви 5г газирана минер. вода  6,6г цимет 0,2г енергија  284,9 ккал протеини   4,5г јаглехидрати  37,9г масти 13,8г диетални влакна  2,7г мононезаситени масти  2,4г полинезаситени масти  9г омега3  0,5г
        Четврток         Проја со интегрално брашно,лен и јогурт пченично брашно 13,3г интеграл. пчен.брашно 13,3г јајца  8,8г сирење 13,3г кисела павлака 6,6г ленено семе 3,3г сончогледово масло 6,6г прашок за пециво 0,6г сол 1г  јогурт 180г енергија  341,1 ккал протеини  12,7г јаглехидрати  30,2г масти 19,7г диетални влакна 3,3г мононезаситени масти  4,6г полинезаситени масти   6,1г омега 3  0,9г
        Петок       Ладен сендвич   интегрален леб  50г кашкавал  35г павлака 5г марула 10г домат 30г енергија  267,8 ккал протеини 15,5 г јаглехидрати 23,5 г масти 12,5 диетални влакна 3,5г мононезаситени масти 3,4г полинезаситени масти 1,1г омега  0,2г

*НАПОМЕНА:

  • Листата на мениа ЗА ТОПОЛ ОБРОК И УЖИНА се превземени од  Упатството за правилна примена на стандардите за исхрана и оброци во основните училишта предложено од МОН, Нутритивната и енергетска вредност како и  Нoрмативите за оброк по порција треба да бидат во согласност со Упатството за правилна примена на стандардите за исхрана и оброци во основните училишта предложено од МОН.
  • Ужинките треба да задоволуваат 10 до 15% од дневниот препорачан енергетски внес.

Задолжителни елементи:

  1. Комисијата за храна која е формирана во училиштето ќе биде задолжена за утврдување на валидните податоци дадени во предлог менито. Комисијата ќе има право да врши одредени измени и дополнувања на менито за времето на траење на договорот;
  2. Понудувачот ќе даде можност за договор за алтернативно мени за деца склони кон алергии (по претходно добиено писмено барање од страна на родителот до операторот како и листа на намирници на кои е алергично нивното дете како и писмено докажан здравствен проблем);

Нов список со лектири во основното образование за учебната 2019/2020 година

Бирото за развој на образованието го објави одобрениот список за лектира за основното образование за учебната 2019/2020 година.

Список со лектири од второ до деветто одделение на македонски јазик

РАСПОРЕДИ ЗА ДОДАТНА И ДОПОЛНИТЕЛНА НАСТАВА И ВОННАСТАВНИ АКТИВНОСТИ ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ – ПО НАСТАВНИК

ПРИЕМ НА ПРВАЧИЊА

На 02.09.2019 година во нашето ООУ„ Дане Крапчев “- Скопје беше организиран свечен прием на првачињата. Со мала пригодна програма го одбележавме најубавиот, најочекуваниот и најпосакуваниот ден на секое дете, денот кога за прв пат ќе го пречекори училишниот праг, ден кога во нивните животи започнува едно ново поглавје, нов долг пат по кој храбро треба да чекорат!

Првачиња среќно!!!

Координатор на тимот

за културно забавен живот

Даниела Торковска