ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 22 Септември-МЕЃУНАРОДЕН ДЕН БЕЗ АВТОМОБИЛИ

Преку низа на активности нашето училиште ООУ,,Дане Крапчев ”  го одбележи 22 Септември – Меѓународниот ден без автомобили .
Учениците од ЕКО тимот и еколошката секција изработија и поставија паноа кои ги изложија во училишниот хол, а целта беше да се пренесе пораката за разумно користење на автомобилите за да се заштити животната средина.Учениците испратија јасна порака дека овој ден е од големо значање за заштита на животната средина преку употреба на велосипеди и други алтернативни превозни средства кои не и штетат на животната средина  и кои не ја загадуваат околината . Во активноста се вклучија и помладите екологисти од III и  V одделение,членови на еколошките секции во училиштето.Тие твореа и изработија паноа и еко пораки за разумно користење на автомобили.

Исто така учениците поделија и флаери на локалното население  со цел да се зголеми  личната и колективната еколошка свест  со рационална употреба на автомобилите. Секој сограѓанин треба да биде пример за своето дете и средината во која живее и работи.

Дефиле на хуманоста

Во организација на Црвениот Крст се одржа дефиле за промоција на толеранција, мир, соживот и култура .

На ова дефиле  присуствуваа и претставници од нашето училиште, кои маршираа од СУГСГ “Орце Николов” до Градски парк каде што со останатите учесници  испратија заедничката  порака за еднаквост, борба против дискриминација, соживот и прифаќање на различностите.

Во Градскиот парк претставници на Цвениот крст одржаа кратки говори за важноста на хуманизмот по што следуваше музичка програма.