Општината Гази Баба обезбеди буџет за набавка и поставување на филтри за вода во јавните институции. Три основни училишта и три градинки се опфатени во овој проект, меѓу кои и нашето училиште .
Согласно динамиката на проектот денеска се поставија филтрите во ООУ „Дане Крапчев”, со што нашите ученици ќе добијат поквалитетна питка вода .
Училиштето го посети градоначалникот на општината Г-н Борис Георгиевски кој ги поздрави учениците и го претстави проектот.
Исто така за учениците беше одржано едукативно предавање за значењето на питката и квалитетна вода за човечкото тело.
Чешмата со филтерот за прочистување е достапна за употреба на учениците .
Препорачуваме учениците од хигиенски причини водата да ја полнат и конзумираат во шишиња и чаши за лична употреба.