Учителката не е само личност која учи само бројки и букви. Учителката е таа која те учи на животот. И не случајно ја нарекуваат втора мајка. Сигурно ти мисли најдобро. Таа е тука:
-да те пофали кога си направил нешто добро,
-да те охрабри кога си несигурен,
-да те прегрне кога си тажен,
-да те прекори кога нешто грешиш,
-да ти се насмевне како знак дека ќе сочува тајна.
Таа е водач кон непознатото. Личност која е вредна за спомен и почит.
За една од многуте такви личности – учителката Жаки, родителите и учениците организираа работилница. Учениците со помош на родителите изработија заедничка честитка и научија стихотворба со која ја изненадија својата учителка на приредбата која ја организираа за мајките по повод празникот 8 Март.
ЗА НАШАТА УЧИТЕЛКА
Учителке наша мила,
убава си ко горска вила.
Имаш насмевка топла блага,
затоа на сите нас си ни драга.
Секој ден не учиш песни, сказни
и животни вештини разни.
Заедно ни поминуваат дните,
како свои деца не сакаш сите.