На 03.02.2017 година со почеток во 12 часот во просториите на ООУ “Дане Крапчев” , беше обележан патрониот празник на училиштето , односно 39 години од постоењето на училиштето. Беше организирана пригодна програма , во која учествуваа ученици од училиштето. Со ритмички точки се претставија учениците од I – V одд. Тие настапија со следната програма :
I – ритмичка точка на песната “Чадот во градот “– под раководство на наставничката Даниела Салтирова
II – ритмичка точка на песната “Во светот на приказните“– под раководство на наставничката Лидија Ѓоргиева
III– ритмичка точка “Зумба “– под раководство на наставничката Лидија Велковска
IV – ритмичкa точка “Танго , Валцер , Ча – ча –ча “– под раководство на наставничката Елизабета Георгиевска
V – ритмичка точка “Пасо добле” – под раководство на наставничките Даниела Торковска и Елизабета Ордева
Училишниот хор под раководство на наставничката Роза Јаневска , настапи со две композиции , изведба на химната на училиштето и композицијата “Пеперуга “– од Ј.С.Бах. Нашата колешка по музичко образование , во живо се претстави со песната “Ој, Јано Јано “ , со која изведба предивика овации кај публиката. Матрицата за песната ја изготви Ванчо Јовчев ( наставник по музичко во нашето училиште).
Пријатната атмосферата беше надополнета и од страна на училишниот оркестар под раководтсво на наставникот Ванчо Јовчев , а тие изведоа исто така две композиции : “Песните на Ана “– од Хенри Манцини – за соло обоа , виола и оркестар , и “Море сокол пие “ која во живо ја испеа нашата поранешна ученичка Дина Јашари. А за сето тоа така да звучи помогнаа и Сара Трајановска и Ана Димовска исто така поранешни ученички во нашето училиште.
Овој патронат започна малку понеобично од сите други , кога на сцената беше изведена и монодрамата за “Дане Крапчев “ , напишана од страна на наставничката Јагода Филиповска , а во изведба на Лука Карагунов и Катерина Илиевска.
Изразите на лицата на посетителите , вработените , учениците , градоначалникот на општината и претставниците од различни институции и фирми со кои училиштето соработува , говореа за успешноста на приредбата и времето поминато во добра атмосфера. А за сето тоа да изгледа така се погрижи координаторот на тимот за културно забавен живот , во нашето училиште Даниела Торковска.
Координатор на тимот
за културно забавен живот
Даниела Торковска